Многу си го сакам овој дел од дворот... Мини ружички, трева што цвета, украсни зелео-жолто ниски растенија со бели цветчиња, заокружени со керамиди стари над 80 години
Здраво на сите. Го имам овој бенџамин веќе две години и ваков е од кога го имам. Ниту расте, ниту венее, хибернира. Зимно време го чувам внатре, сега го извадив пред месец дена на тераса. Сега бидејки е топло го наводнувам секој ден, а зимото еднаш неделно. Незнам, чуден ми е. Нема пораснато воопшто, како вештачки да е. Што може да е проблемот?
На сарделите дали кога цветот се исуши го кинете или чекате самиот да падне. Исто и сувите гранчиња ги кинете или да стојат. Прва година имам толку сардели и јас штом се исушат ги отстранувам. Не знам како е правилно. До пред десетина дена беа полни цветови ама како фати жешкото мируваат. Кај сите ли е така или јас грешам. Редовно ги вадам, им ставам прихрана.. Друго што услови бараат? Или нешто друго што треба да знам за нив?
И јас исто ги кинам цветовите штом прецветат со се дршка, моите беа полни цвет процветаа мируваа неколку дена еве сега пак се полни цвет. Ги вадам најчесто преку ден или вака во жешки денови секоја вечер, брзо им се суши земјата.