горе лево е златен потос, горе десно лазечка монстера, на масичката, монстера а во преден план е стрелиција нека поправат ако грешам но мислам тоа е тоа
Вие што имате јука-палма (слично на бонсаи), го полевате на 2-3 недели со вода? Бришете лист почесто или? Бидејќе има клима во просторијата каде што е, па си викам да не ја суши многу, иако знам дека мн. издржливо растение е.
Првото цветче од двор за 2026та Јагликата обично расцветува кон почетокот на март, но оваа година реши да расцвета на 1ви јануари Spoiler: 2023 Проверив, сепак оваа година најрано расцвета
Дали може да ми препорачате некои цвеќиња што можам да ги одгледувам дома, лесно, и што не им треба многу грижење како за почеток? Многу често ми се случуваше под кирија кога бевме да ми овенат ама тоа мислам дека беше од недостаток на светлина, па сега сакам повеќе цвеќиња да си чувам дома, секоја препорака ми е добредојдена
Пајак можеш да си земеш (spider plant). Прелесно растение за одржување, а и не е токсично за миленици. И драцените се многу лесни за одржување, а и баш ми се убави на изглед мене.
Убаво што спомена да не се токсични за миленици оти ѓаволчево што го чувам дома одма ќе ми ги распне осеќам ама пак не се откажувам од идејата да имам
Каде да најдам цвеќиња за во вазна било какви, по пристапна цена, нешто све занес потрес и цвеќариве па и на зелено пазарче едно гранче 150 ден…
Монстерава ептен пркна од кога ја пресадив. Ама не ја фиксирав на време и сега расте на сите страни . Имам ставено стапови , некако да е фиксирана и да не расте на сите страни ама мислам дека е касно. Купив нова Монстера , млада .. планирам на време да ја средам .
Најново Првпат имам спатифилум, се надевам ќе опстане Доколку некоја има искуство со нив ме интересира во колкава саксија да ја пресадам? Дали бара голем простор или па може и саксија со средна големина? И дали е добро сега да ја пресадам или да почекам да се адаптира на новата околина прво? Читав дека се драма квинс па сакам да и угодам колку што можам повеќе
драма се зошто сама ќе ти покаже вода кога сака Остави нека се приспособи, најди и место во домот, па на есен пресадувај ја. Индиректно светло, никако директ сонце во неа. можеби на метар/два од јужен прозор. Сака тесно да и е во саксијата, знае ептен густо и богато да израсне
Кога ќе почнат да и овенуваат листовите надолу тогаш стави и вода. Штом е исправена тоа значи дека и е добро и да ја оставиш. До прозор со светлина, но не директно, и гледај ако ти се во близина на клима да не дуе дирекно во нив. Белите цветови кога ќе станат кафени, ќе се исушат сечи го гранчето. Ќе пушти бели цветови па ќе стојат некое време па ќе се исушат. Па нови ќе пушти и така во круг цвета. Не се плаши и да остане некое време без цвет ќе си пушти. Цела година ја имам и си пушта цветови на периоди.