Нашите цвеќиња преку слика

Дискусија во 'Дом' започната од vitamina, 24 јули 2016.

  1. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    7.096
    Пол:
    Женски
    А зошто кај мене не цвета само зелени листови пушта?
     
  2. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    Долго време не ти цвета? Повеќе од 3-4 месеци?
    Искрено не знам. Проби на гоогле или ChatGpt што ќе ти каже. И да нема цвет кај мене се гледа дека пушта млади гранки што ќе станат цвет. Не е останела до сега без цвет. Или проби смени и го местото
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Му треба прихрана :) јас на растенијата со цвет им ставам прихрана, вода од киснати (24ч) лушпи од банани. Можеш да и купиш соодветна прихрана или да наросиш хумус.
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  4. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    33.804
    Пол:
    Женски
    Има конкретен сооднос на вода и лушпите? Првпат слушам за таква прихрана
     
  5. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Јас две лушпи во тегла со вода ставам да отстои, па после разредувам во повеќе вода и ставам по цвекињата. Ризикот е секако тука, можност за габа и бубачиња да привлече ако е надвор. Последно читав дека можело и да се преврие лушпата пред да искисне, ама мислам така се гори потасиумот. Пребарај banana peel fertilizer. Мене ми се докажа како одлично особено за спатифилиумот и африканските љубичици.
     
    На eliesaab, f.girl и La-loca им се допаѓа ова.
  6. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет поврзан со цвеќиња. Имено, во дворот, поточно на ѕидот што нѐ дели од комшиите има едни вакви заѕидани саксии полни со земја која не е сменета со години. Денес ги исчистив беа полни со мов и тук-таму некоја тревка. Сакам да засадам цвеќиња, ама ми треба цвеќиња на коишто им годи влажна земја и да се во сенка постојано. Ѕидот е во сенка скоро цел ден, изложен на дожд и земјата во овие заѕидани саксии е постојано влажна и ладна. На кои цвеќиња би им одговарале такви услови за да не ми зјаат дупките така празни?

    IMG_20260313_113048.jpg
     
  7. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Папрат, кала, потос, скиндапсис. Можеш и убава жардинерија комбинација да направиш.

    Калата се купува како луковица па на есен се вади, и на пролет се посадува пак. Папратот не трпи минус, ќе мораш да го внесеш преку зима. Исто и потосот и скиндапсисот.
     
    Последна измена: 13 март 2026
    На Девојка999 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    6.402
    Пол:
    Женски
    Сакам да купам аглонема цвеќе, гледав една страна на инстаграм, меѓутоа малце скапичко ми изгледа па сакав да прашам дали некој одгледува и ако да колку ја има купено?
     
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    5.224
    Колку беше? Да видиш во Ангел Тренд има во Н Лисиче, Центар, имаа интересни сорти сега пред 8ми март, мислам дека видов ама беше мн малечка и одеше со керамичка саксија, а може да беше и нешто што ми личело на тоа:D. Зборот ми беше имаат попуст 30% на саксиско цвеќе, веројатно уште им трае, само што веќе се е раскупено и тоа што е останато е со последни сили.

    Не знам за условите ама кога ги видов жардињериве си замислив tradescantia zebrina и pallida во нив. Ги имам гледано во жардињери каде што движам често и се преубави, само што тие се на сонце, ама буквално личат како вештачки од што имаат интензивни бои, а забаталени се скроз, на улица фрлени што се вика. Е сега за да има интензивна боја обично ваквите цвеќиња сакаат сонце, ама не значи дека не би живееле на сенка, само што може да бидат по зелени наместо виолетови. И минус температури не верувам дека ќе издржат, ама многу лесно се зафаќаат, така што неколку коренчиња може да си внесеш и на пролет пак да ги ставиш. Има и една детелина со виолетови листови и со светло розеви цветчиња и таа ми оди во ова, не знам зошто се запнав за виолетово ама така ми оди со жардињерава, е местоположбава со цело време сенка е убитачна:D, на крајот на краиштата не е важно директно сонце ама да има убава светлина е доволно. А за дренажа може едно мало дупче со бормашина да дупнете доле или да ставиш камчиња на долниот дел на се задржува вода во земјата премногу.
     
    На bookslover и Девојка999 им се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    6.402
    Пол:
    Женски
    Ќе проверам и таму фала ти за препораката. Инаку јас прашував на инстаграм една девојка, и ми кажа 1500 денари ама мислам дека оваа е доста поголема.

    IMG_5993.png
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    5.224
    Поголема е, оваа јас што ја гледав беше една педа :D и беше со црвен тинт, ама и искрена да бидам Ливче и некои сл што ги имам затекнато имаат превисоки цени. Да видиш во Стошиќ во Битола или во тој во Драчево и они знаат да имаат понормални цени. Пример Монстера Таи во Стошиќ преубава 1400 беше. Ако поминам деновиве во Ангел ќе проверам дали беше тоа аглаонема што го видов, пошто од глава не ми излегува ама дека со саксија одеше не го купив.
     
    На eliesaab и bookslover им се допаѓа ова.
  12. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    6.402
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на зелено пазарче и беше 100 ден поевтина. Си ја нарачав од кај девојкава сепак оти розева ме фати мерак :D
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    5.224
    Долго да ти живее:f:
     
    На bookslover и merriel0 им се допаѓа ова.
  14. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Многу задоволни коментари од девојкава иам сретнато, мислам не си згрешила :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    6.402
    Пол:
    Женски
    Благодарам :hug: Чим ја земам ќе ја сликнам.

    Се надевам и јас:inlove: