Што и да посадам ново дома одма се појавуваат мали ситни мушички кои освен околу новото растение ги има насекааде дома. Одма ставам цимет околу цвеќето па за ден два одма приметувам околу цвеќето милион изумрени мислиш Аушвиц сум предизвикала, ама останатите милион летаат по куќа. Како да се спасам? И зошто само на ново засадени вака ми се случува? Сакав да испрскам со пипс утре додека не сум дома, дали би било штетно за сите билки?
Прекрасен е. Дали го садеше од компирчиња или готов го купи? Цело време го чуваш на собно светло? Мислев дека криновите се дворски цвеќиња, не знаев дека може да успеат и во внатрешни услови.
@f.girl Ти благодарам. Наследив љубов кон цвеќињата од мајка ми. Не можам гола тераса да замислам, а ни запуштен двор.