Кои ви се најантипатични ликови од познатите тв-серии? Оние кои не можете да ги поднесете и превртувате со очите кога ќе ги дадат.Поради која причина ви се антипатични? Да се разбереме,не мора негативни ликови.Туку оние кои на вас не ви се допаѓаат и не ги можете. На мене. Линет Скаво од Очајни Домаќинки. Единствената од домаќинките која не ја поднесувам.Ни гласот и го можам,ниту пак карактерот.Ми личи на една од оние жени кои сака да контролира се во бракот и го влече мажот за носот.Вечно е незадоволна колку и да и погодуваат.Не ја сакам воопшто. Кристина Јанг од Вовед во анатомија Премногу амбициозна,не дека е лоша работа ама она претерува во тоа.Одвратна ми е и на фаца а и мислам дека со сила ја прават интересна и смешна. Чак Бас од Озборувачка Овој не го можам ич.Не разбирам што толку се палат на него,тоа го имам многу пати кажано.Мене ми е како шатче во телото а и мислам дека со сила е претставен како некој опасен заводник и бед бој.Не му личи таква улога.Во прва сезона ми беше одвратен поради нарцисоидноста и тоа што е женскар.Од трета наваму ми е многу наивен,да не кажам глупав.Во петта ми се изгуби секоја смисла на неговиот лик. Кери Бредшо од Сексот и градот Во почетокот ми беше симпатична и слатка ама потоа ми идеше на живци.Дури и Саманта ми се допаѓаше повеќе од неа.Воопшто не ми се свиѓаше нејзиното однесување кога беше во врска со Ејдан,мислам тоа нервирање затоа што се било совршено во врската.А и толку да се плаши од брак,па дури повраќаше.Боже сачувај .И лигава ми е на многу моменти.
Топ 3 засекогаш Линг Во или Луси Лу во Али МекБеал ЈАс луси лу баш ја сакам, но овде неможеш да не ја мразиш протсо ми го крена притисокот, идитока, идиоткосана Улогата и беше крш// Serena Vanderwoodsen многу добро позната на сите вас. Не мразам ништо повеќе кога некој се прави невинашче, глуми секогаш напатена, сака сте да трчаат по неа. Џабе колку и да е убавака и гром и да се облекува топ, улогата и фаците кои ги прави, ФАЦИТЕ, НЕ ја можам Amy Farrah Fowler само она може да ми ја одмили некогаш епизодата, неможам да ја гледам, ниту пак да ја слушам.... дебилка невидена Ме вади од кожа секој пат, нема една епизода да не ма изнервирала...
Чак Бас и Серена. Ма да, се имам изјаснето за овие такозвани подвижни безмозочници, што и да кажам сувишно е. Овој првиов, краљ дискотека, и антологиското: Демек као е највечи шмекер у граду, покретот со уста ми е ала Питбул! Бљак! Мрзам вакви појави, и во Скопјево ми се поим за ремет. Препотентни, нападни, и превише зборувани поточно исфорсирани. А оваа дотичнава, што попрво да кажам за неа. Глупа, проста, ограничена, зелена, цел живот она е заљубена во некој и и треба увек еден голем Спојлер патлак за да се смири. Моментот со устата, кога пробува она да ја спаси ситуацијата од каша е н-е-в-о-з-м-о-ж-е-н! И мене ме нервираше Луси Лиу во Али Мекбил, ужасно напорен лик. И Фиби ме иритираше понекогаш со нејзините глупи коментари и вечито глупи покрети. Фиби Буфееее! И на крај, нешто најтазе, ми стана антипатичен пошто мрзам такви воркохолици а и Нико коа се сплетка со овој, едноставно - : Во глобала, првите двајца цврсто ги држат првите две места на пиадесталот.
Не можам да ги смислам... Сега на овие ми текна...неподносливи ми се дури се нервирам кога ги гледам.
Kate Austen, Lost Не ја можам. Ниту како појава, а во улогава пак најмалку. Одвратно суштество. Па и двајцата најзгодни мажи ќе се потепаа за неа... прецената убавица. Просечно суштество кое тера накај грдосија на моменти... од тоа малку што го имам погледнато од Изгубени, посакував цело време само едно - да цркне! Vanessa Abrams, Gossip Girl There are no words... Harry Solomon, Third Rock From the Sun На сите им беше омилен. Мене ми се идеше да го задавам. Лигуш. Одвратен лигуш.
Charlie Rodes- Lola од Gossip Girl Има толку одбивна фаца и подпросечна убавина, што прашање е како поминала на катингот?! Бледа, незабележлива, со груб глас, поантипатична не може да биде. T-bag од Prison Break Страшен, грозоморен лик. Ми одеше на нерви, а во исто време ми се гадеше од него. Marissa Cooper од the O.C Мислам дека било која улога да и се даде на Миша Бартон ќе биде fail. Лигава, размазена и неодлучна. Си го залужи крајот. И Ибрахим паша од Величествениот Не толку затради карактерот што го глуми, туку заради таа негова мањо, педо, психо фаца.
Не ми идат често на живци ликовите од серииве,но во последно време синхронизацијава знаеше да ми напраи одредени ликови да ми идат на живци,само заради глупите гласови на синхронизаторите.
Исто! Кристина не ја можев , баш поради таа нејзина преголема амбициозност. Кери исто. Јас сум Саманта фан. Кери ми идеше на нерви, посебно во филмот, кога чевлите ги стави пред децата. Страшно иритирачко и препотентно створение ми е. Но ја почитувам како модна икона. Во тој сегмент, за мене, ќе остане една и единствена.
Фелиша Тилман од Очајни Домаќинки. Ау колку одвратна насмевка имаше просто сакав една жешка да и свирнам кога ќе се опечи. Џејн од Очајни Домаќинки Ми има многу одвратна сноб фаца. А и оди ко крставица во гз да и поткршиле. Бајрон Монтгомери од Слатки Мали Лажливки Откако почна да изиграва детектив во на Ариа врската почна многу да ми го чепка повратниот рефлекс.
Покрај таткото на Ариа, Бајрон, од Pretty Little Liars и Мередит Греј, како тие што пишаа претходно, ја додавам и Charlie Rhodes- овај Ivy Dickens де , не можам да ја смислам уште од почетокот кога се појави на Госип Грл хмм... сега засега тие. Кога ќе ми текне на другите ќе допишам
1. Jenny Humphrey- не ја поднесувам типкава 2. Не ја следев баш серијава ама според тоа што можев да го видам оваа ми делува многу лигаво 3. Али и Каролин од Бурни Времиња Има и други ама не ми текнува во моментов
Поодвратен и поморбиден лик што некогаш се појавил во некоја серија, ми е дечково: Еди Орлофски - Очајни домаќинки Не знам за вас, ама мене морници ме лазеа кога го гледав како лудачки се понашаше. Само едвај чекав да го снајде нешто лошо. Толку комплекси набиено од детството, се врати како невиден фрик, кој доколку го одбиеш како во минатото што му праеле - безмилосно ќе те убие. Леле, леле, тежок психо. и Треј - Сексот и градот или Орсон - Очајни домаќинки Јас оваа сцена доживотно ќе ја памтам! Нити некаков шарм, нити никаква убавина. Остар лик, со толку глупи карактеристики и во двете серии. Значи, сцените со него ми се - . Остај тоа, па во DH беше и остана очаен фрик. Моментот со неговата бивша жена и вадењето на заби на Моник, оф леле.