Еве листа на бизарни причини кои биле користени од припаднички на нашиот си поубав пол за отсуство од работа- -Ми падна кучето и ги скрши сите четири нозе , -Заборавив каде работам , -Ми влета гулаб в стан , -Не можев да платам превоз, зашто не сум доволно платена , -Не можев да ги најдам чевлите . Дали имате нешто да додадете на листава некому може ќе му се најдеме во животот ?
Еднаш една колешка се јави за да побара отсуство затоа што и избегал папагалот, застанал на некое дрво и морала да го чува цел ноќ за да не побегне некаде, викнала и пожарна и се, ама ништо...(да напоменам дека не дојде на работа 3 дена по ред ) Друга пак, не можела да дојди на работа затоа што не можела да си ги најде панталоните Трета, не можам да си ги најдам клучевите од колата, ко мислиш бара игла во сено
Како прво не ми замеравајте ама мислам дека темава е многу глупа и нема баш што да се дискутира. И како второ, ако сакате да добиете отказ слободно кажете нешто од гореспоменативе причини.
Бизарнииии Еден од најчестите изговори е дека сум болна,имам температура или ме болел желудникот и сум повраќала цела ноќ...некогаш велам -особено петок-дека во родниот град сум на веридба,кршевка,свадба... па морам порано да си одам и да барам превоз
Темава е баш интересна и смешна Мислам дека можеме и да додаме и некои смешни изговори за доцнење на работа. Баш пред некој ден прочитав на еден сајт дел од најинтересните изјави - Шефе жалам, ме нападна мачката Вработениот упорно тврдел дека не задоцнил, туку часовникот во фирмата одел напред Вработениот тврдел дека не можел да го користи својот автомобил, бидејќи пчелите направиле кошница во автомобилот Вработениот се повредил вадејќи ја вилушката од машината за миење садови
Замислата на темава е да се посмееме, не ја сфаќај толку сериозно не се наведуваат причини за некој да добие отказ . Инаку има каде-каде поглупави теми ако веќе тоа сакаш да биде темата.
Леле темава Не да се фалам јас сум многу одговорна, да не речам до толку будала, што дури и вистински да ми е лошо одам на работа. Ама мојот колега , да го поживее господ мува не го лази. Фино лепо ако е втора смена од 16,00, се јавува во 14.00 и почнува. Леле сега пред малку станав од спиење и не знам што ми е ама се истурив од повраќање, не доаѓам денес , смени ме или најди ми смена Или пак , окото ми се затвори не можам да гледам, мора на бајачка да одам Жена ми во последен момент мора да оди на испит, јас ќе ја чувам ќерка ми. Или пак милион изговори околу ќерка му : Плаче не го пушта да излезе од дома, болна е жена му не може сама да и го избрише носето,или па едноставно тој ден има сонце и мора во парк да ја носи. Го мењавме, што ќе му правиме за доброто на бракот негов
Она што е со италик е интересно за некои расеани xD (meeeee) А болдираното е НАЈСУПЕР xDDDDDDD сепак знаеме после овие изговори што следува. .. мислам .. отказ ...
Пред 7-8 год кога америте - КБР беа на Петровец нели се работеше турбо по 12 часа и пола и повеќе од Ку-во беа таму вработени. Работеше секој ама буквално секој. И еден ден еден работник се јавува кај претпоставениот да му каже на шефот, а шефот е американец дека утре нема да дојде на работа затоа што на третото дете, кој е син (еурека конечно има син) ќе му правел ,,стрик,, (нели порано кога бебето прв пат се шиша го шиша кумот....селски адети некои таму појма немам). Претпоставениот целиот . Како бре на американец да му кажам дека правиш ,,стрик ,, на дете и нема да дојдеш на работа. Абе кажи му, вели работникот а после го чекам кај мене на прасе печено. Оди претпоставениот и му кажува и овој амер ,,е ако де нека го шиша, па сите се шишаме,, ,,ама чекај да ти објаснам, по селска и традиционална филозофија тоа е адет кај нас,,.....едвај некако успеа да му објасни и помина без дневница тој ден работникот. И ден денес се смеам на тоа и ја паметам фацата на американецот :geek:
едно утро мајка ми отидоа на работа и се јавува чистачката и вели Ми ја нема четката за заби не доагам цел ден сум се смееела и после кажувам кога си дојдоа и мама вели сега ке и јавам и ке и кажам да не си бара четката затоа што вејке не ми треба И и се јавува и и вели не си барај четката вејке нема да ти треба и овааа молим и мама и спушти и после се јавува и вели молим што ми рековте и јас се јавув на телефонот и и кажав во црква се моли.....