Шефе, не беше вчера државен празник? :geek: (Следниот ден кога се појавив на работа и кога разбрав дека само јас сум била отсутна од на работа. )
Снема струја па не можев да си ја испеглам косата а таква бушава немаше шанси да одам...нормално кажав дека сум болна
Една наставничка не можела да го најде лап топот и не дошла на работаи црвениот лак и го немало хахахха
Го изгубив клучот од колата дома пред 2-3 дена,морав да лажам дека не ми е добро .Паниката беше каде го изгубив,побитен ми беше клучот од се друго тој ден
Јас имав колешка која толку често отсуствуваше од работа што, после одреден период почнав да се сомневам дали изговорите ѝ се легитимни. Ги искористи максимално сите начини да отсуствува од работа. Врв беше кога, фати корона и месец дена не дојде на работа, и таман да дојде, се јави во понеделникот сабајлето дека земала одмор и сакала да оди некаде на планина да ѝ се разбистрело пошто месец дена била затворена дома и никаде не излегувала.