Најглупиот филм до сега.. Не ме прашувајте зошто го гледав (у очајни моменти и телевизија гледам) незнам ни дали да ви напишам за што се работи, не вреди да се опишува глуп филм, глупа тема, глупи актери, глупо се.
Најглупиот филм до сега.. Голема кокуренција има во оваа категорија. Во последно време, повеќе има глупи него добри и интересни филмови Немаат кокуренција овие а и неможам да ги прогласам победнник,сите ми се на пиедесталот Hot tub time machine Спојлер Филм на деценијата, не златна малина, златна шлаканица треба да добие решисеров и посебно John Cusack, ме разочара начисто, барем он е прекрасен глумец со одлични улоги. Не вреди ни да образложувам зошто, самото име си кажува дека е глуп Norbit Спојлер Eди марфи ја претера со овие улоги, ај следен пат нека ги глуми сите ликови од филмот Нека се вика only Eddie Murphy и нека биде се, од режисер до статист во филмов Miss March Спојлер Фаците ми се глупи на самиов постер, кој ме натера да го симнам и да го гледам ГЛУП, ДОСАДЕН, ГАДЕН, НЕВИДЕНО СТУПИДОЗЕН И СМЕШЕН ФИЛМ. Без поента и без ЛОГИКА! Јас и питите тука би ги сместила, па и оние Valentine's Day, New Year's Eve и Love Actually триста добри глумци кои само се изрезилија со вакви комерицијални филмови, без поента. Милион приказни, никоја од нив интересна да ти привлече внимание. Јас овие ги викам манџа филмови, од се по нешто во нив Листава може да оди до бесконечност....
The Hunger Games пред некое време го глеав филмов и само 2 реченици разбрав....го глеав само заради глумецон Лиам Хемсворт
Ах, да беше само еден... Norbit Mене Еди Mарфи и онака не ми е нешто интересен и смешен... ама ајде да речеме има подносливи филмчиња како Coming to America. Ама Норбит... не сфаќам како некому му е смешен. Очаен е, трагичен. Просто глупав филм. Мислам дека е направен специјално за ретардирани и им го пуштаат кога треба да се гледа филмче во заедничката просторија. Orgazmo Името кажува се! Shoot Em Up Ем глупав, ем лош. Mоментот кога му заби морков во око... прајслес. Titanic II Дека првиот беше тоооолку добар, заслужува и продолжение. Rејтингот на IMDB од 1.8 кажува доволно. Red State - почнува ентузијастички, а продолжува и завршува патетично. Lеле колку глупав филм луѓенца, никакво гледање. Snakes on a Plane Змии во авион... на крај еден од патниците, глупчо глупчовски, ќе успее да го спушти авионот, само затоа што играл игрица на плејстејшн со управување на летала. Мислам боже. Mirror Mirror Еден од посвежите глупави филмови кои сум ги погледнала во последно време. Срам ми е што е направен. Срам ми е што Џулија Rобертс прифатила да глуми во филмов. Срам ми е што се фрлени пари за ваков тип на ѓубре. Филмови од типот на - Знам што направи минатото лето, Урбани легенди, Врисок итн... не ми се верува дека порано сум ги гледала. Глупост до глупост.
Dude where's my car. Ова сериозно требаше филм да биде? Па и за комедија е никаков. Twilight: New Moon Овој секаде го ставам како лош, глупав, преценет...ужасно туп филм. Мислам, додуша само овој дел го имам гледано и ќе заспиев на средината. И тука ги ставам и сите пародии како Scary Movie, Disaster Movie итн. Барем интресни да беа иако се пародии. Глупости во боја. Воглавно сум гледала уште некои глупи филмови ама не можам да се сетам на сите...
Norbit Глупост, воопшто не ми е смешно ништо во него, особено дебељуцката, т.е. дебелата на која сите мои другарки се кљаштеле. Scary movie Многумина ми рекле дека е страшно смешен филмот, а мене ми е страшно глуп. Jackass Незнам како некому е интересно да гледа вакво нешто. Па ми се гади во текот на филмот, органски неподнослив е. Глупости во боја! Dumb and Dumber Јас најглупа што воопшто се залажав да го пуштам, мислејќи дека е интересен и смешен. Jack and Jill Заслужено добиена е малината...
Twilight Сите делови се катастрофа, никаква глума, за содржината кажано е се, така да секој коментар плус, би бил излишен.
Сега најтазе гледан беше Wanderlust, со Џенифер Анистон во главната улога, ни до пола не можев да издржам од што беше глуп. Исто така и Jack and Jill со Адам Сендлер, Young Adult со Шарлиз Терон и One day со Ен Хатавеј. Ептен глупи филмови... залудно потрошено време!
Засега, само на овие ми текнува, во моментов. Definitely, Maybe (200 Friends with Benefits (2011) The Break-Up (2006) College (200
Being Jonh Malchovich!!! Bez konkurencija! Ne Mi e jasno kako moze da ima tolku visok rating http://m.imdb.com/title/tt0120601/