На времето кога бевме мали секоја вечер го даваа на тв. По глупаво филмиште мислам дека нема. Час и половина не се случува апсолутно ништо освен што камионот ја брка колата. Кадрите наизменично се менуваат, де го даваат шоферот на колата како се препотува и вози ко луд де камионот како чури и јури по него. Битно стекна светска слава и мислам дека нема човек кој не слушнал за овој филм.
За оваа година, Candyman дефинитивно! Три пати на лаптоп го пуштав да го гледам, само пола саат ми држеше внимание филмот и го исклучував. А као многу популарен филм. Демек хорор... живи глупости. Повеќе на мистерија мава.
365 Days Не знам како станал олку популарен овој филм, па и продолженија имало Навреда за уметноста. Се прашувам дали тие креатори што го снимиле воопшто гледаaт филмови, дали прочитале добра книга во животот...
Филмот е генијален. Со само две возила и еден актер, без дијалог, да создадеш толкава тензија е умешност. Башка, филмот е од 1971 година. Дефинитивно не може да се оценува според денешни стандарди
Мене не ми се допаѓа, различни луѓе различни гледишта. Нема врска што е постар, има многу стари филмови кои се одлични.
Или јас не го разбрав или стварно беше глуп. Исто во категорија на најглупави филмови би ги ставила хорор филмови што се базираат главно на gore и немаат никаква друга поента освен графички приказ на крв и насилство.
Знам дека се работи за вкусови ама никако не би се сложила дека филмов е глупав, има далеку поглупави филомви со бледи и неубедливи глуми и предвидлив крај
Еден од поглупавите. Hellraiser https://www.imdb.com/title/tt0887261/ Гледам голем hype се крена за филмот. Ништо специјално.
Duel e дааалеку од глупав филм, има се што е потребно за да се нарече одличен. Акција, неизвесност, психолошки елементи, визуелно и технички премногу солиден како за 1971 и најважното, делото содржи порака. The Killing of а Sacred Deer - потребно е познавање на грчката митологија за да допре до гледачот, режисерот како Грк се инспирира од тие теми.
The Weekend Away (2022) Не најглупав, ама морав негде да напишам дека поглупаво спроведена полициска истрага немам видено на филм и целиот е некако cheap thrills. Го гледав дека актерката е позната и плус снимен во Сплит. Единствено точно беше доловен односот на вработени во државни институции низ екс-Ју, инаку писателката и режисерката не ќе да се за професиите. Џабе воук, ако не можеш да составиш паметна содржина.