Hа Cпилберг филмов со колата и камионот што ќе се бркаат 2 саата по автопат, оној со камионот ќе го удира тој со колата, и тоа е цел филм
Birth со Никол Кидман,па дури и на кино бев да го видам, на пола филм луѓето почнаја да си заминуаат и да викаат УУА
Од толку филмови незнам за кој да се одлучам Twilight сите делови вклучувајќи го и овој што сега треба да излезе, знам што shit e ги имам читано книгите и тоа е последен пат да читам книги бидејки Американската тинејџ популација ги смета за генијални...сама сум си крива што очекував од земја која има реални шоуа од типот на toddlers and tiaras и jersey shore Norbit- додека го гледаф филмов се прашував Wtf, исто важи и за Борат, не знам дали е до мене ама мене воопшто не ми е смешен хуморот на актеров.
Не знам дали се важи за гледање, зошто само 15 минути изгледав, ама толку луѓе со различни вкусови ми го кажуваа дека е глуп, што едноставно морав сама да се уверам. Ladies and gentleman - Rubber! Не сте виделе глупоќа, ако не сте го виделе ова! За Оскар се тие што сте ги набројале во споредба со ова. Ако американскиот хумор ви е дебилен, ова е врв на врвот на дебилизмот. Демек обид за нешто ново и невообичаено што требало да претставува комичен хорор, а на крај испаѓа дека си се смееш од мака што е толку глуп и на идиотизмот што си седнал да го гледаш. Автомобилска гума "оживува", оди насекаде и убива на дебилен начин. Тоа е целиот филм. Се тркала по рандом места и убива. У продужетак, уживајте во trailer-от. http://www.youtube.com/watch?v=podVy1zl_LA Не одговарам.
^ доволен ми беше трејлерот за да не ми текне да го симнам Леле филмов е психо. Ем глуп, ем напиња. Те нервира, те тревожи, те удира од земја. Мислам ова, го имам глеано како помала на тв, ама толку лош впечаток (ти дава чувство дека тебе те малтретираат у моментот) што мене ми е страв пак да го глеам
Не го ни догледав од што ми беше без врска, а три-четири дена по ред го гледав, секој ден по делче. Многу мразам кога нема да догледам до крај некој филм, ама откако заспав неколку пати по ред на овој, се откажав.
Ги имам гледно сите филмови со Џони Деп, бидејќи е мој идол, и баш ми е жал што ќе рангирам филм, во главна улога со него, меѓутоа филмов е истрипан до даске, очигледно режисериот си изреднал малку повеќе печурки во марата. „Fear and Loathing in Las Vegas“