Не се сеќавам на некој екстремно глупав филм (иако сигурно сум гледала таков). Веројатно некоја американска невкусна романтична комедија или некој американски тинејџерски филм.
За жал се повеќе вакви се прават. Има премногу, ама овој можам слободно да кажам дека е ВРВОТ (читај дното). JACKASS: По одвратно нешто не можеле да направат. Исто така сум КРАЈНО РАЗОЧАРАНА од повеќето македонски филмови. Значи, најлошото нешто што сум го гледала е филмот - ПРЕВРТЕНО. Бев принудена да го гледам во школо (ТОА НЕ Е ФИЛМ ЗА ВО ШКОЛО!!! ) затоа што професорката беше крајно фасцинирана и требаше да правиме писмена за чудово. Да почнам да коментирам, до утре нема да завршам. Немојте да сте помислиле да го гледате!
а заборавиф да го кажам ,,старо купувам'' македонски филм беше пред неколку години не носеа од школо и што да ви кажам бог да чува никогаш да не ви текнало на го гледата 200 ден за тоа срање лупнав
Да ми простиш, но ''ПРЕВРТЕНО'' не може никако да се смести во категоријата на ''глупави филмови''. Можеби има чудна тематика и е несекојдневевен, па и тежок за тумачење, но дефинитивно не е глупав. Туку прости се луѓето кои мислат дека ако нешто не е поврзано со љубовна сторија, крв, или мистерија под дифолт спаѓа во горенаведеното. Немој да се навредиш, сфаќам дека секој од нас има различно гледиште на темава, вкус (за кој секако се дискутира), и критериум, ама сепак сакам да посочам (не се работи конкретно за тебе), на тоа дека треба повеќе да се цени маедонската филматографија која патем не е толку апсурдна колку што некои пробуваат да направат да излгеда..
The three stooges (од 2012)..како што би рекол Борат, мислам Аладин..what the fock? (немав сили ни до половина да го изгледам)
Новата Земја се викаше, на англиски беше цело време се зборува за некој конкурс за одење во вселената (така нешто) и една девојка добива да оди со нив и на крајов во таа земја има иста таква двојничка која е идентична на неа и се гледаат и крај