Man of steel - Никаква тематика, плиток филм Дури сум кај плитки филмови овде спаѓаат и 80% од хорорите. Секој филм со Џим Кери и Адам Сендлер (ги хејтам овие 2ца ако не е очигледно )
Најглуп филм или филм од кој најмногу сум се разочарала е 50 shades of grey. Многу го рекламираа а кога ќе го изгледаш ништо.
Сериозно?! Филмов мислам дека е меѓу последните што треба да се најде тука.. Можеби јас го дожиевав на тотално друг начин зошто ги имав прочитано книгите, ама реално филмов не е ни малку глупав за вкусови не се дискутира ама морав овој пат Не сум љубител на sci-fi филмчиња, и во hunger games си има фантастика ама па супер ми е вклопено
Ова е листа на најглупавите филмови кои сум ги видела до сега, почнувам од најлошиот. колку што првиот беше гениален толку Маска 2 беше катастрофа. 2) Би го ставила овој: 3) Во кино го гледав и едвај чекав да заврши. 4) Инаку постои и оваков филм за кој немам коментар.
Секогаш на ова прашање давам ист одговор: The Other Guys (2010) А сум гледала многу нискобуџетни, не дека не сум. Но ова е филм што ветува со својата актерска постава, рецензии, критики, оцени и сл. Арно ама, поголема глупост спакувана во 100тина минути јас уште немам видено. Ми се превртува стомак на секое спомнување за снимање втор дел. http://www.imdb.com/title/tt1386588/?ref_=nv_sr_1
Најглупавиот филм што го гледав и тоа во кино е 50 shades of grey ... ужас не ми се верува дека платив карта за ова ... книгата е сто пати подобра да се прочита отколку тој филм од 80 мин. и незнам дали и толку трае хахахха
Најубавиот и најглупавиот филм ми се со истиот глумец најглуп American beauty - едноставно одвратен ми беше. а најдобар ми е K Pax
Најлош филм што го имам гледано т.е. недогледано од очигледни причини е The human centipede. Ужас над ужасите, па уште и три дела има филмот. И одат до таму да го(ги) наречат хорор филмови. Го погазуваат целиот жанр. Ужасни актери, ужасно сценарио... едноставно лошо. Не би го препорачала никому. Поздрав.
@Elissa American beauty e греота да се најде во темава.Дефинитивно не е глуп филм, можеби е одвртен, ама тоа му е поентата, да ја прикаже одвратноста на американскиот сон и колку уствари е гнило опшеството во една толку моќна земја. Ствар на вкус е стварно, ама да се стави ваков култен филм во тема со филмови како овие што се наоѓаат тука греота е, немој така
Zoolender 2 Немој да се излажете да го гледате филмот во кино, јас фатив бесплатно и си ги сакам назат 90те минути што ми пропаднаа.
birdman , од што ми беше досден и глуп на два пати го гледав првиот дел до кај саат отприлика гледам гледам и ништо нема, ај си велам да паузирам подоцна сигурно нешто ќе се случи и утредента го догледав и пак ништо уште ми криво што потрошив толку мин. џабе