Најдобра кола за девојка Чекам да си дојдам дома, па ако бидне се да почнам со часови. За низ Скопје кола не ми треба, имам нозе и точак, ама за на одмори, прошетки и чуда треба и тоа како. Одамна си планирам една тура низ Македонија ама за низ селца автобуси немет. Вечно сум заљубена во Мини Морис, црвен. Бубите отсекогаш ми биле интересни и со карактер. Големи коли ми се одвратни, па уште кога ќе видам некое девојче како излегува од џип умирам од смеење. Карактер пред големина, тоа важи за кола.
Најдобра кола за девојка Какви џипови какви бакрачи, новото фичо е закон! Баш женско количе, па и кабриолет... мераци!
Најдобра кола за девојка Јас немам положено сеуште за кола и не знам дали некогаш ќе положам бидејќи немам голема желба,а и имам мака односно ми се преврќаат церевата кога се возам со кола така да претпочитам да си седам и да ме возат А кога би бирала каква кола сакам да возам тоа би било некое малечко количе кои што би ме задоволувало мене и би ми било доволно за да дојдам до постигнатите дестинации.Ете нешто вакво пример А можи и нешто вакво
Најдобра кола за девојка Мене ме натераа и ништо не се случи. Полагав, ги истрауматизирав луѓето и паднав. Не сакам да возам. Сакам да бидам возена Инаку за жена исто, помаленко количе. Голфче, југенце, фичо. ( Само постари набројувам, оти ако се нови, штета за колата... ) Шо не кажа, дедо има едно старо фичо, ќе го модернизиравме малце , живо џабе ќе ти го дадевме
Најдобра кола за девојка Смарт, цитроен ц1, пежо 107, матиз, ауди ТТ, форд КА, некоја мала, колку за мене и ташната.
моето мислење е дека за жена поубаво одговара некоја помала кола, а и јас отсекогаш повеќе сум ги сакала помалите и компактни автомобили, па баш затоа и кога купував си земав ајго и супер е
Леле, колку само ја сакам.... Еден ден, ко ќе се иселам од Македонија, ќе штедам да си ја купам. И нема да ми биде гајле ако не е у мода ор стаф. Битно мене најуба ми е.