Bas bi sakala edna ford puma mnogu mi se dopagat a i ne e zenska ama e uhhhhhhhhhh navistina ja sakammm inace zensko sum ama koga vozam ford puma se osekam beter od masko
Јас не правам разлика меѓу женска и машка кола, значит немат врска тоа, или знаеш да возиш или не знаеш!
Не постои машки/женски автомобил. Секој вози според можностите, потребите и задоволствата. Жените се плашат најмногу кога враќаат назад, паркираат и си мислат дека ако возат кола од А/Б сегмент или Хечбек дека полесно ќе се снајдат. Има жени професионалци ехее, махери... Јас возам лимозина-хеч (mazda 626 GE), а задоволство ми прават хечбековите (Ц сегмент или компакт). Така да кажав погоре.
Според мене , исто поделбите за машка/женска кола се глупави . Сум видела маж во Смарт , жена во VW Шаран , и обратно . Секако најдобро е да си одбереш спрема длабочината на џебот и своите способности за возење . Јас кога ќе бидам почетник би купила нешто половно , макар и '90 година да е . И да ја удрам , да не жалам . Додуша имам едно југо дома , ама на мм е аманет тоа од дедо му , па би ми било жал да го удрам . Ама еве корса на пример од '99 би купила уште сега иако абер немам за полагање . После неколку години активно возење , нормално ќе ја сменам за нешто подобро и поново . Желба ми е Мини Купер или Џип Вранглер . Ама моите желби на страна . Ако некогаш имам шанси , би возела џип вранглер , иако според некои луѓе , важи за " машки " автомобил .
Јас сакам помала кола заради гужвата низ Скопје, и мојава искрено ем 5 луѓе таман седат, ем гепекот собира доволно за викенд негде, ем ја собира на паркинг и низ сообраќај без проблем. Плус слатка е, на бонбонче ме потсеќа. *Citroen C3
Секој со желбите ама пред се зависи од џебот. Јас си возам маздиче од 93 а желбичка мие да имам маздиче 3 & 6, Голфче, Мече Ц или некоја корола хеч и ауди
Глупава поделба, нема машки или женски коли... Пред да почнам да земам часови за возачка имав мерак за некоја голема кола у иднина да си купам. Сега сменив мислење. Нешто помала сакам... Ама квалитетна да е, најбитно ми е тоа. Секако, дур си купам кола 100г ќе пројдат, може до тогаш и ќе научам убаво да возам, па нема да ми е проблем каква и да е. Конкретно, моментално немам некој омилен модел...