1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најдобар другар, или пак нешто повеќе?

Дискусија во 'Канта' започната од Betty.n, 13 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Betty.n

    Betty.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Епа вака девојки. Јас сум нова на сајтов. Ајде да не должам многу за тоа. Имам 16 години. Во последно време еден проблем ме мачи кој што мислам вие како поискусни ќе ми дадете некој предлог или совет. :)
    Пред околу една и пол година се запознав со дете кое што е колку мене. Многу се зближивме,и до ден денеска ние сме онака најдобри другари да се каже. Секогаш бил тука за мене,и јас за него. Сите негови тајни ги знам,бивши или слично.. Детето е многу добро. Од почетокот на нашето пријателство,јас чуствував некои чувства спрема него,но несакав да го изгубам како другар,па затоа и почнав да го гледам на другарска база. Од почетокот на јануари па се до денеска ние секоја вечер контактираме на телефон. Или он ке ми се јави,или јас нему.Муабетите се од различни теми,а со тоа и некои мои чувства се вратија за него.Се почна со првиот телефонски разговор со кој што дојде до темата "Дали имаш сакано најдобар/ра другар/ка?!" Сакав да му признаам,но несакав да испаднлам нападна.Се задлабочивме во таа тема,и тој мене ми призна дека ме има сакано долго време и дека несакал да ме изгуби ако ми признае,поради тоа што тогаш јас сум имала некои други момчиња кои ми се мотале. Јас на тоа му кажав дека во тоа време истото и јас го чуствував. Многу се каеше дека меѓу нас немало ништо. Потоа ме прашуваше нешто како : Дали ако сме направеле нешто,до сега ке траело?! и мн др слични ствари. Така секоја вечер ми се јавуваше,зборевме и за оваа,но и за др теми. Сега сум збунета,а и се повеќе мислам на него. Се мразам што го гледам повеќе од најдобар другар. Немам некоја прилика да му кажам се што мислам и чусвствувам поради тоа што можеби неговите чувства се минато спрема мене,бидејки ми има зборувано скоро за некои девојчиња,мувања и слично. Незнам што да правам. Да видам ваше мислење. Ви благодарам однапред. :) :l:
     
  2. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Најдобар другар,или пак нешто повеќе?

    Ако чувствата му биле искрени, верувам дека сеуште му траат(па на почетокот на јануари ти признал, а не пред 10 месеци :) ). И ако стварно ти сакаш да бидеш со него - кажи му, не губиш ништо, од искуство знам дека пак ќе можете да останете другари. позз
     
  3. Betty.n

    Betty.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Најдобар другар,или пак нешто повеќе?

    Во право си. али неговите чувства биле од почетокот па се до незнам кога долго време нанапред. Работата е што можно е да чувствува уште,можно е да не. И проблемот е како да постапам правилно во оваа ситуација,не е така лесна како што навидум изгледа. =/
     
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Најдобар другар,или пак нешто повеќе?

    Почни пак на таа тема разговор и самиот разговор ќе заклучиш дали тој чувствува нешто за тебе, бидејќи тоа се познава.
    Само на таков начин можеш да откриеш како стојат работите.
     
  5. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Сваќам дека не можеш и не сакаш да го изгубиш како другар, но, зарем ќе ти биде полесно да остане на тоа дека сте само другари, и повеќе да не се навраќате на таа тема, воопшто незнаејќи какви чувства има тој спрема тебе или ти спрема него ?
    Верувам дека не, според мене, треба да разговараш со него, затоа што пред се, мора да бидеш опуштена, а не да има некоја тензија меѓу вас, ако веќе чувствувате некои појаки чувства од кои може да има некоја врска ( не пријателска, туку љубовна ) тогаш треба сериозно да разговарате на таа тема, а не да се правите '' глуви '' и да го одбегнувате разговорот.

    Се надевам дека се ќе се реши, со среќа :)
     
  6. Betty.n

    Betty.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ќе пробам се,темата постојано се врти во муабетите. Но толку е збунувачко шо он се кае пошо ние нишо не сме напраиле.. и дрн дрн, а од друга страна типот свиѓал некоја(ми ја покажа) и сеа незнам дали е тоа вистина или само да види моја реакција. Во секој случај фала девојки.. ке се потрудам да решам нешто од нешто :)
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Очигледно веќе никогаш нема да бидете само другари..Поминал тој воз. Значи искрено седнување без филозфирање за смислата на другарството и дрн дрн дрн..Ако тој те сака и ти го сакаш не гледам зошто би останале само другари..Напаѓај ајде таму, му се допаѓала друга, ами сега нормално, има очи.. ;) тоа не мора да значи дека му избледиле чувствата за тебе. Седнување и или џа или бу..направи го ти првиот чекор, машките некогаш се баш страшливци иако глумат лудило :*
     
  8. InA24

    InA24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Од лично искуство,кога пријателство ќе започне со знаци на потајна симаптија никогаш не било и нема да биде чисто пријателство :) дечкото чим ја почнал темава и чим ти кажал,собрал храброст направил прв чекор.сега е на тебе ред,имаш среќа што е возвратено,колку што сватив и ти имаш некои посилни чувства за него :) затоа искористи ја шансава,и кога ќе се видите не преку телефон него во живо направете муабет што како,без разлика,затоа што неможе да остане темава така оставена :) истерајте до крај,а јас верувам дека ќе биде позитивно.типувам за почеток на убава врска :) со среќа
     
  9. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Бев во ваква слична ситуација.Ме сакаше најдобриот другар,а ми призна кога се оддалечивме.Јас бев во врска со сегашниов дечко и бев спремна да ја ризикувам врската поради другар ми и сакав да бидам во врска со него,но некако срцево не ми даваше.Знаев како размислува,се знаев за него и тој за мене,бевме најдобри другари.Верувај многу пати се каев зошто го одбив и не се фатив со него.Бидејќи тој добро ме познаваше и ме прифаќаше таква каква што сум.Сега е тој во врска со пријателка моја(добро им оди) и баш ми е мило.На различни страни сме.Повеќе ни едно здраво не правиме.
    Но еднаш тој ми рече:Jас тебе те познавам добро,знам како дишиш и кога и да ти е најтешко иако сум те сакал јас ќе ти помогнам како другар.Од една страна можеби ние сега ни здраво не правиме но доволни ни се погледите на училиште и знам дека ме штити.

    Мој совет да му искажиш што чувствуваш ако сакаш да си со него,а другар нема шанса да ти остани бидејќи според мојава ситуација сметам дека не пости машко-женско другарство.
     
  10. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Јас ќе ти одговарам кратко и јасно. Разговарај со него и признај му дека и сега чувствуваш нешто за него. Мислам дека штом сте толку блиски, дека во секој случај барем ќе те ислуша и нема ништо лошо да се случи. Напротив, може и ти на него сe уште да му се допаѓаш. Ако не пробаш, може утре да се каеш. Во најлош случај мислам дека може само да се оддалечите на некое време.
     
  11. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    јас мислам дека штом го скршил мразот и започнал да зборва на таа тема,во него уште се будат симпатии за тебе поголеми од колку шо мислиш,можам да речам и дека сум сигурна во то...се гледа уште од далеку :D ..единствен совет од мене е да му кажиш шо чувствуваш..немаш потреба да се плашиш дека ке го изгубиш...полошо е ако по неколку години се чувствуваш виновна дека не си му признала вервај ;) ...позз и пиши како се одвиваат работите :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.