Тоше беше и ќе остане секогаш најдобар.А други во моментов Владо Јаневски,Александар Тарабунов и овие од идол (Иван,Виктор,Мики,Нико,Ивица)
Влатко Лозановски- неговиот глас многу наликува на гласот на Тоше и навистина има талент дечково и има предобри песни
Владо Јаневски и Влатко Лозановски дефинитивно. После смртта на Тоше, само овие двајца мислам дека вредат и дека се квалитетни изведувачи. Другото се` ветер и магла. Се трудат, ги има, па ги нема дупло повеќе од кога ги имало, па пак иста песна..
Ѓоко Таневски, Влатко Лозановски и Даниел Данн. Ѓоко има неверојатен и многу моќен глас, долго искуство од настапи и свирки, многу широк распон... дали се чувствувал како риба или не, воопшто не ме интересира, човекот пее фантастично. Влатко Лозановски е многу солиден, можеби се' уште нема толку многу кондиција и брзо се преморува, но искуството се трупа и времето е на негова страна. А за гласот немам зборови. Можеби најмногу потсетува на Тоше, ненамерно секако. А последниов дечко значи има се' за да стане ѕвезда, само ако му се даде шанса, прекрасен глас, супер изглед, ненаметлива харизма, целосен пакет на сцена. Гледам повеќемина го споменале Владо Јаневски. За мене Владо има ограничен глас, сега зборувам лаички, ама е некаде помеѓу бас и баритон. Значи не може да фаќа високи тонови, песните си ги прави сам, по сопствен терк и нормално дека ќе звучат убаво, кога човекот си ги прави за душа. Не оспорувам дека има квалитетни хитови, ама за мене човек кој пее на плејбек не е пејач! Претходните тројца верувам дека можат да испеат скоро се', исто како што беше случајот со Тоше. А Владо Јаневски освен неговите песни, не може да отпее други, тоа сум сигурна. И како може да е најдобар машки вокал?