Покрај Тоше за мене Владо Јаневски е еден од најдобрите вокали во Македонија..неговите песни се евергрини.
Никој не му е рамен на Тоше,како него немаше ни ке има.Но после него Владо Јанески кој е веќе докажан пејач И Лозано кој допрва ќе се докажи....
Игор Џамбазов. Жива легенда е, еден и единствен, незаменлив, и никогаш доста од неговите песни. Тој ми е и идол од машките вокали. Јесте да, ги слушам и Влатко Илиевски и Владо Јаневски и Тоше проески и сите ама како Игор не е никој Инаку Влатко Илиевски ногу го сакам
Влатко Лозаноски, Ѓоко Таневски, Ламбе е ок, Владо Јаневски и Миле Кузмановски (малце го избацив сеа али ептен го поштувам човекот)
За во земјава сепак мислам Игор Џамбазов.. иако не е некој си професионален пејач, некои негови песни стварно се феноменални
Не знам како некој може да го смета Игор Џамбазов за најдобар ВОКАЛ во Македонија,или пак Владо? разбирам секој си има свој вкус и право да си каже ама Игор е шоумен пред се,секоја чест за него..ама најдобар вокал?! Владо исто..секоја чест за неговите песни и емотивни текстови и емоциите кои ги внесува во секоја песна,ама некако многу луѓе ми го мешаат поимот на некој кој има убави песни или е легенда у Македонија па со тоа е и најдобар вокал!не знам,јас така не мислам..но почитувам мислења!
Gioia ..ако мислеше на мене , јас напишав дека Игор не е пејач..сепак ми се допаѓаат неговите песни.. со оглед на тоа што не слушам многу Македоснка музика и според жанрот на музика што ми се допаѓа , го издвоив Игор како најдобар вокал за мене.. Сепак се бараше вокал а не, човек по занимање што е пејач.. Aко го сватам ова и како критика затоа што не го наведов Тоше како најдобар вокал, можам слободно без срам да кажам дека не го слушав. Го ценев како човек,да.Но неговите песни не ги слушав , не дека се лоши, воопшто.. Сепак слушав/м поекстремна музика, којa повеќе ми се допаѓа од поп музиката. Нема шанси да цмиздрам, ниту пак да ширам муабети како отсекогаш сум го слушала Тоше.Како што направи пола Македонија откако тој почина. Поздрав!
Не,не мислав конкретно на никого ниту пак посочив...па токму тоа и го зборев јас,се бара у темава најдобар вокал а мислам дека многу имаат одговорено според тоа кој има убави песни или убаво изгледа,го сакаат па затоа и е наведен како најдобар вокал(нормално не сите зборам за некои)..А за Тоше јас ништо не споменав не знам од кај ти текна,не можам јас да натерам никого да го пише Тоше ако не го смета за најдобар вокал се разбира! секој си има свој фаворит што е нормално,ама да ти кажам нешто ,не мора ти еден пејач да го слушаш,или да си фан на неговите песни за да дадеш коментар дали е добар вокал! Поздрав и до тебе се надевам не ме сфативте погрешно!
За Тоше , незнам дали си од тие личности , но многу досега ме критикувале за тоа... Сепак слушам квалитетна музика,а за да сум фан на нечии песни , секако дека песната треба да биде на место.Текст,глас,музика. Сите тие работи треба да бидат добро ускладени Секако дека не те сватив погрешно, сепак ценам критики. Фала ти
Даниел Данн...типот има се, и глас, и физички изглед, однесување на сцена, харизма, комплетен е! Спојлер
Кога се спомна сега плејбекот...Летово на Кадмо плажата, имаше хуманитарен концерт за едно девојче и беа повикани скоро сите пејачи.....Од сите, само Лозано ПЕЕШЕ ПЛЕЈБЕК и на крај уште и побарал пари....Па сеа судете дали вреди да се спомнува или не... Владо Јаневски дефинитивно најдобар машки вокал !!!! А човекот има распон од скоро 3 октави, што скоро никој го нема на нашава естрада освен каролина....без разлика што пее ниско, тоа е само боја, а некој што пее октава повисоко и е тенор, неможе да ги извади неговите песни заради тоа што нема распон како што има Владо....
Вокалот на Тоше беше еден и незаменлив дефинитивно. А во моментов навистина незнам ете Лозано има добар вокал,Стефан(Некст Тајм),Владо Јаневски,Ламбе Алабаковски.
Во моментов и после моментов, и за некои понатамошни моменти Тоше Проески. Тука имаш празно место. Влатко Лозаноски. Одличен глас. Перфектен е во живо. И тој треба малку на однесувањето да поработи. Супер е да си природен и сето тоа, али не да комуницираш со водителка пред камера, како да си во кафич седнат со другарите, па да се кљафташ на секоја втора реченица. Ѓоко Таневски. Џолета иам глас да се најежиш. Али за жал нема однесување никакво. Владо Јаневски. Има хитови, додирујучи текстови, но не и глас некој wow. Бар не сум го чула да развали на сцена некоја песна, а и неговите не се такви во кои може да достигне моќ со изведбата. Така да просечно.
Гледам сте го спомнале Владо, да цар е човеков, има многу убави песни со исто така убави текстови ама искрено го снемува и така од време на време се појавува, не е постојано на сцената. А и некако ниско пее, кога пее како да зборува ми се чини ,не е да развали на сцена како што некој спомна пред мене, на пример ко Чолич, мислиш оперски пејач е кога ќе запее нешто. Инаку ми се допаѓа гласот на Влатко Лозаноски, дури малку ме потсетува на Тоше. Дарко Илиевски ми има интересен глас и мислам дека се толку.
Во моментов само Владо Јаневски.Навистина нема можеби некој висок глас,но кога го слушам стварно се ежам. Текстовите на песните се преубави мислам дека кај сите допираат во срце. А останатите наши надежни таленти,имам надеж дека еден ден ќе запеат нешто што нема да биде копија на нивната прва песна. Толку им се песните слични една на друга што престанав да ги разликувам
Тоше ја имаше честа да го поседува најубавиот глас на овие простори ,не мислам само на Македонија туку и на балканот воопшто. Инаку ,за сега ,Владо Јаневски ме вади од кожа.