Toшка ни беше врвот на македонс...т.е. каква македонска, на балканската музичка сцена и факт е дека никој неможе да ни го замени како вокално, така и како појава и како човек и кажано е се, нема што повеќе да се збори. А за моменталната состојба на македонскава сцена, најдобар македонски машки вокал ми е Влатко Лозаноски.Ем пее убаво, ем песните му се unique и со убави содржини, a не ,,твојот гз мала спушти го доооле''
Joрдан Манов можеби не е најдобар, но е еден од најдобрите. Не го знаев дечково додека не дојде во диското кај нас да пее. Од тогаш се заљубив во неговиот глас. Не знаев како се вика, но некако го најдов на јутуб и навистина има прекрасен глас! Воодушевувачки. Браво Јордан. http://www.youtube.com/watch?v=-jdx2KXh5zE
Сите знаеме дека Тоше е и ќе биде најдобар вокал.Инаку мене ми се допаѓат Влатко Лозановски,Ламбе Алабаковски,Ѓорѓи Крстевски,Владо Јаневски,некои од Идоливе шо останаа,и други не ми текнува.
Размислувам 5 минути и неможам да издвојам ниеден. Јасно е дека Тоше беше број еден, па 10 празни места па сите останати. И така ќе си остане за мене, број 1, се додека не се појави рамен на него, а таквите се 1 во 1000 години, што значи нема да го дочекам сигурно. Да не бидам офф, ете Лозано има солиден глас, иако ми ги нема другите карактеристики за да го прогласам за мој фаворит во моментов, а исто ми се допаѓа и дечкото од Аренси Бенд, знам во МОБ работи, школован глас, баш си грми, а и мил е.
Тоше Проески и никој друг! Моментално можам да го издвојам Влатко Лозановски, меѓутоа Тоше е незаменлив.
Mногу точно тоа што сте кажале за Tоше, после него има 10 празни места, се сложувам во целост. Eпа после тие 10 празни места според мене најдобриот машки вокал го има владо јанески.
Според мене дефинитивно тоа е Владо Јаневски, може затоа што не сакам дечки кои сеуште мутираат во гласот и се “дерат“ на микрофон. Да речеме и дека не се разбирам многу во музика но сметам дека ние и немаме баш преголем потенцијал на вокали. Има добри дечки но не се нешто што се издвојува како што беше гласот на Тоше (иако никогаш не сум била негов фан, гласот му беше нешто што се издвојува, а имаше и добри песни, кои поретко ги слушам).
Тоше - еден и единствен е, но сепак мора да се спомнат и Ламбе Алабаковски,Ѓорѓи Крстевски,Владо Јаневски.
Нека звучи клише и сувопарно, али Тоше дали во моментов, дали пред 2007ма или за 7 години отсега броено, пак ќе биде за мене најдобар. Неговото место ќе биде секогаш прво, имам милион причини за да го мислам тоа, што како човек, што како вокал, многумина пробале, или мислеле дека пробале, ни приближно нема да бидат како него. Други машки вокали, кои вредат после него се: Ѓоко Таневски (колку сака човеков нека се резили со неговото основно непознавање на англискиот, неговиот глас е извонреден, моќен, точен, и човеков има одлични песни, со одлични текстови), Влатко Лозаноски (талент, мало надоградување, и ќе си го бара патот и во иднина, мислам дека новиов албум ќе биде уште подобар од претходниот, добар тим се со Лазе), Владо Јаневски (стара гарда, многу плагијати или преработки благо речено, но ако ги тргнеме нив на страна, текстовите се совршенство), Димитар Андоновски (такоџе преубави песни, не му гледам на човеков утка со песниве, има гласиште, поише не му треба) и последен во листава е Ламбе (доста со тралалајкиве, нека праи Дарко поубави песни, ко за Елвир да пишува текстови). И поради луѓево, сеуште имам надеж во македонскава поп-сцена. За жал, Гиш беше и остана цар, скромно момче сега веќе маж, гласиште да може на пола естрада часови по пеење да им држи, штета што не му се сака да праи музика ко порано, или си свирка и пее за своја душа, ама неговата појава те ежи во текот на цела негова изведба, и те остава да се ежиш и после минути откако го испеал последниот стих. Немам коментар.
Борис Трајанов. Сериозно се е поп срање кое во студио е измиксирано речиси до совршенство. Јас со најужасен глас ако посакам може да ме направат пејачка и супер да ми е гласот, се додека пејам на плејбек нормално, а 80% од македончињава пејат плејбек. Денес нашиве "ѕвезди" немаат кондиција ни 10 песни асално да испејат во низа во живо и никој не заслужува посебно од машките да се рече најдобар. Мене најомилен ми е Владо, но заради песните пред се, а дека има некој си фасцинирачки глас дефинитивно не.