Моја колешка работеше во Авганистан, купи стан, и шлепер кој го рента на фирми за да возат по странство, а таа зема пари од тоа. Размисли добро. Недвижен имот никако не губи, тоа е сигурно. Друг колега исто парите од Авганистан ги стави во банка, и од каматата живее, а паралелно си работи. Каматите се мали, но на голема сума, и не е за потценување каматата.
Сумата не е многу голема, но не е и за потценување... Помалку ризична инвестиција, нормално дека ќе носи и помал принос (орочени штедни влогови, купување на државни записи и обврзници). Купување на недвижност можеби е ок опција доколку би имал поголема сума на пари и би инвестирал и во ова меѓудругото. Во твојата ситуација не би ги 'заробила' сите пари во инвестиција која има голем период на враќање. Добронамерен совет е да поразговараш со стручно лице од оваа област. Најважно од сѐ е да се направи диверзификација на ризикот, или по нашки кажано да се одберат помалку и повеќе ризични опции истовремено... Да сум на твое место, одреден дел од парите би ги инвестирала во лично образование и надоградба.
Сега засега вака имам во план. Имам голем имот исто наследен кој планирам да го продадам, и со тие пари би купил или изградил нова куќа. Ми остануваат уште пари од продажбата и со заштедата имам повеќе избор. Сепак мислам дека за некретнини би се одлучил. Два стана да издавам и моја плата ќе ми биде доволно за сите потреби. Секако не би ги вложил сите пари со дел од нив сакам да патувам но тоа ќе почекам дур си створам свое семејство Со криптовалути или акции искрено не,ем ништо не се разбирам во тоа а и не ми е битно да ги дуплирам парите туку да ми бидат на сигурно овие што ги имам. Ви благодарам многу на советите
Добро, бидејќи ги добив сите потребни совети би сакал да се заклучи или избрише темава. Многу се распишав дека споделив мои планови тука бидејки реално немам со кој ниту да се испосоветувам а другари не би сакал да мешам во ова. Имам чувство дека испаѓа како некоја фалба што реално не е, башка на анонимен форум на кој може секој сешто да пишува. Имајте на ум дека сум само млад човек на кој му се исподешава се и сешто за многу кратко време и незнае што понатаму. Фала ви и поздрав дами
Ма подобро да побараш совет на форум, тука луѓето се поискрени, отколку да прашаш пријател. Што има пријател да знае колку пари имаш или ќе ги имаш скоро во раце?
Sekako ne spodeluvaj so nikogo takva informacija. I da se znae deka imas spored nacinot na zivot ne znaat kolku imas,ne kazuvaj ni na toj na koj sto mislis deka imas doverba! So sreka sto i da odlucis,iskreni odgovori dobi od poveke gledista,se navedam ke uspees vo zamislata!!!
Темите на форумот не се ствараат за да се затворат кога ете на авторот нема да му треба повеќе. Ќе се најде на некој друг што ќе му треба.. Со среќа во бизнисот и дојди за некоја година да споделиш инфо како е со ќарот..
јас не би патувал да сум на твое место, плус какво е сега стањево, плус секоја пара до последен денар би ја искористил само за еден ден да ми извади профит, а кога веќе ке ти извади профит повторно ќе можеш да патуваш кај што си планирал, позз
Форумџииве што велат дека СЕДУМДЕСЕТ илјади евра не е "богзнае" каква сума, би сакала да знам колку имаат уштедено, колку заработуваат и колку тргаат на страна. Во државава изгледа луѓе немаат проблем со пари. Ако немаш идеја конкретна и ако не можеш да си дозволиш да ризикуваш (и во најлош случај и да изгубиш дел од сумата или цела сума), најпаметно е да се орочат парите. Колку и да се ниски каматите, во подобар случај и на подолг рок (Стопанска нудеше едно време повеќе од 2% годишна камата за период од 4 години мислам, чисто како пример, а и веројатно има промени, убаво ќе прашаш во секој банка), тоа ти се околку 100-120 евра, може и нешто повеќе од тоа месечно. Во ова време на криза, на туризам на нула, на минимална куповна моќ и на несигурност за почнување бизнис, ако некому се сто евра месечно малце, еве не знам. Тоа е скоро како една кирија, освен ако не купиш луксузен стан, за кој немаш гаранција дека ќе ги добиваш секој месец, константно. Тој што не се заебавал со кираџии, поим нема колку е стресно. Подобро е пониска камата отколку голема неизвесност.
Тој што знае да заработи 70 000 евра, ќе заработи и 270 000 евра. Многу е едноставно. Најдобар начин за тие што не знаат за бизнис е да си вложат во некој дуќан. Толку. На се друго ќе изгубат пари и конкуренцијата ќе ги изеде.
Ма и дуќан не сигурно. Во еден од најизвиканите градови во европа, пријатели што купија дуќан, гадни проблеми имаа со кораџии. . Тука судовите и ги штитат кираџиите . Во мк е можда поинаку. Ама , каде дуќан? Не се ниту сите дуќани изнајмени и факт е за 70к тешко дуќан на прометно место. Јас издавам стан испод цена во ск, дека не живеам таму , само и само да се среќни парот со дете таму и да не ги мислам. За право, многу се коректни. Ама да заработиш јака пара, њама. Освен на странци , тие бараат луксуз.
Јасно. И, во Скопје веќе пресушува доселувањето од страна. Многу станови ќе останат празни, непродадени, нерентани, а становите губат цена. После 10 години нема за иста цена да го продадеш. Еден куп има што не можат со години да ги продадат становите. За 70К тешко дуќан на прометно место, но пак дуќаните не губат на цена. Носат пари. Становите не. Според мене подобра инвестиција е од купување стан.
Можеби плац на убаво место, па со ортаци во иднина зградичка некоја да се направи на плацот. Сепак треба да си вичен за тоа.. Планирам да почнам да читам, у ствари веќе читам за инвестирање. Колега на маж ми му падна секира во мед. Стан кој го купи 350к, за 3 години порасна на 550к . Зборувам за град во кој има експлозија од побарувачка. И тоа стан за живеење. Нормално го шитна и ваљда купил станови во мк со разликата од 200к То е ....секој со умот свој. Моите викендица си купија скоро во која вложија колку стан Јас викендица ни милиони да имам , не купувам. Мразам да се врзам за место. Не бара леб да јаде, ама бара у ствари