Епа ако се водам според тоа што го кажуваш би требало да има ефект, ама кај секоја кожа различно бидејќи сум тука некаде Спојлер за малку пред 18, ама се издадов сега ______ Нејм лосионот ваѓа црнки ? Јас користам од галафарм некој дермогал лосион ама не сум задоволна, дур не ги истегаш не излегуваат. Фала девојки на одговорите бај д уеј
сликиче ја да си залепам па незнам за црнките..ваљда вади по малку..види тоа неможе да влезе у црнката и да ја извади комплетно..али сепак мислам дека чисти онака убаво..моментално немам, ми се потроши..но според мене лосионот е закон..и другарка исто ми го има фалено..покрај вечерното чистење, нормално, се чистам и пред бањање и ПОСЛЕ бањање пак поминувам и пак вади прљаво..тоа од што се отворени порите после бањање и мислам дека тогаш највеке вадам прљаштини црнки се.. за тој дермогал од галафарм не знам... али сепак можеш да го пробаш..ништо не губиш, башка доста ефтин е. 17 години имаш бтв? е де, големо чудо ако кажеш години.. јас сум тазе 17ка
ЛЕПТЕН = ИЗМАМА! Се извинувам, но морам вака со големи букви да го напишам. Лептен се „произведува“ во стан во Софија и претставува евтин грозен крем. Всушност не го прават сами, туку го купуваат најевтиниот крем кој може да се најде некаде и го обојуваат зелено. Чини 20-30 денари да се „произведе“ колекцијата, а ја продаваат прескапо. Сите „доктори“ кои се појавуваат во нивните реклами не се никакви доктори, туку обични актери и се претставени со лажни имиња. Девојката со мозолки во рекламите е Бугарка која немала проблеми со лицето никогаш во животот, туку ја нашминкале со црвени точки. Еве како се снима една од нивните реклами во „ординација“ на „дерматолог“: И се разбира, колекцијата нема ниту „А“ од австриска. Со сето ова кршат еден куп закони и заработуваат уште поголем куп пари. Забележав дека се рекламираат на Фејсбук... Сигурно многу луѓе што имаат проблеми се лажат да го купат ѓубрето. Не ми е јасно само како одговорните институции не си ја вршат работата. Инаку, колку што ми е познато, г*мново се продава само во Македонија и Бугарија. Меѓу другото, толку многу сум револтирана затоа што моја блиска личност пред доста години одлучи да оддели пари за Лептен, и лицето не само што не и се подобри, туку за два дена и се нафрли со огромни грозни мозолки какви што немала никогаш во животот. Еве и линк со повеќе информации за бугарската измама наречена Лептен: http://www.razkritia.com/32193/разкрихме-измамата-на-„лептен”/
јас искрено немав ни чуено за колекцијава... али зарем до толку да е измама?? до толку катастрофа?? ако одиш на гугл слики и пишеш лептен кирилично ти дава убави слики од зелени продукти, лица ова она...мислам не е да речеш ништо не дава..па до толку да е катастрофа? а за тоа со снимањето, е добро де, па како другачје да снимаат, на платно нормално а тоа дека докторите не се ни дерматолози ни ништо..тоа незнам.. не ми се верува... а колку ги продаваат производите?? и каде се наогаат? па добро бе како така продаваат а да не се тестирани?? не се осмелувам да купам, само ме интересира.. фала многу за податоков
Ех, кога станува за Македонија, а богами и Бугарија, ништо чудно. Впрочем само нај нас можат да успеат такви производи. Нека пробаат да продаваат во некоја друга земја и толку од кариерата нивна. Прост пример со апчињата за слабеење слим лајн. Пола нација е со нарушено здравје, ама никој со прст не мрда да провери што и како со апчињата. Јас има нешто слушнато муабети за ова, ама незнаев дека волку е опасна работата
страшна работа е ова стварно..алиса, блу роуз, знаете колку ги продаваат производиве? баш ме интересира
Околу 1000 ден.е Лептенот. Порано на телевизија го рекламираа, можеби не ви текнува. За ништо не чини, па не ме чуди и ова што го прочитав.
1000??? бо бо бо, да не додаде една нула несакајки? па тоа е скапо бе ц ц, каква измама леле..ај што не делува..али ко што викаат дека и го воспалувало лицето и дека ја влошувала состојбата? како можат бе... не...јас од бугарски производи сум одамна опростена...ништо бугарско несакам искрено единствено нешто што го имам е здраве кремчето и го бендисвам..али САМО и САМО него бидејки неколку другарки го користат и беа задоволни и ми го препорачаа..не е којзнае што, али добро си е..помага колку толку
Прочитав повеќе постови дека сте користеле производи на Avene, па ме интересира кај можат да се најдат производите по аптеки или козметики?
Во поснабдени аптеки ги има нивните производи. Во Зегин мислам дека ги имаше, а имам налетано и на неколку помали аптеки кои се нивни застапници. Да не должам, во аптеки барај
Young derm Лосионче, после тоа крема Yung derm и лесна пудра по желба.. Заштита за цел ден.. И има резултати. ПРОВЕРЕНО
Порано користев Avene гел за миење лице и крема Двете работи ми излегуваа по 1500ден,иако од гелот имав неколку месеца ама кремата одма се трошеше па затоа сега се префрлив на нивеа-пилинг и тоник,ама некако многу ми ја исуши кожата а имав мрсна т зона а суви образи,па гледам сега пилингот да го користам еднаш на десетина дена,2недели...инаку во почеток го користев 2пати неделно,може зато ми се исуши кожата и дури и лишички ми се појавија ако имате чисто лице а само на одредени места акни,мој совет е само хлорамфеникол лосион и крема
можеби е така , да се призведуваат во подруми и слично, затоа што навистина евтино делуваат онака на изглед, и пакувањата се ко од пазар ......али!!!!! сестра ми пред 3години користеше само еднаш и личето и стана ко на бебе а бесе полна бубуљици...........може не е од тоа..ама ете и делуваше. не нарача друго заради цената а и немаше потреба п.с. за масна кожа е а масно е ..мноогу (ама делуваше барем кај нејзе)
и јас се заљубив во ова дури и мм примети колку ми е почисто лицето и како имам некој убав сјај го користам неколку дена ама одма има ефект
Откога ке ја извадам шминката со една ракавица од Божен козметик ( феноменална е ), се мачкам со лосион од Јанг Дерм, и имам и крема таква, па после мирно си спијам
дефинитивно е и моја љубов ти ја крадам и не само ова туку сите производи од оваа линија конечно нешто што одговара на оваа моја проблематична кожа
Дали за нормална кон посува кожа,а и осетлива на пилинзи може да се употребува Garnier Pure Active гелот 3 in 1 ,и тоа што е со четкичка што имате ставено слика во претходните постови,да не ја суши премногу кожата? Благодарам однапред на тој што ке ми каже мислење.
јас не би ти препорачала бидејќи сепак имаш сува кожа а баш сега загледав во тема производи од кои сте и не сте задоволни indie girl напишала дека има мрсна кожа со акни а тоа со четкичката и го исушило лицето, сепак кај секој посебно но ако имаш сува кожа подобро земи си производ наменет за сува кожа вака само ќе си направиш поголем проблем
simoncelicius благодарам за одговорот Ај некој нека предложи пилинг за лице за посува кожа (не премногу сува), а пред се осетлива на пилинзи или нешто слично на пилинг што би ја чистело ''мртвата кожа''.