за сува и чувствителна кожа добра линија на производи е новата на авене со термална вода- содржи минерали бикарбонати олигоелементи а има приближно неутрална пх вредност распрашај се по аптеките
Значи додека не пробате нешто немојте да зборите. Мене Лептен ми го исчисти лицето додека бев баш во најпубертетските денови 7мо-8мо одд и тоа ни ми го исуши како другите креми ни ништо!! Да не се урочам од кога го користев не сум се исипала пак така, е сега нормално ми заврши и пубертетот ок, ама Лептен кај мене имаше екстра резултати, го купив 4-5 пати сигурно. Кај моја другарка па немаше никакви резултати. Така да дека помага помага и тоа многу, дека не помага на секој и тоа е точно.
А колку е пари и го има ли во зегин?[/quot Да го има во зегин 260 денари е а обицниот пилинг без четка 3 in1 270 денари
Колку пари се овие двете заедно и дали имаат ефект, сакам баш да порачам и дали се за мрсна кожа? Поздрав.
Која ли не сум ја пробала Еден период користев од Орифлејм, па порачував од Авон, па во повеќе наврати користев Нивеа надевајќи се дека ќе ми се погоди и ќе одогвара на моето лице, имав лош период кога ми се расипа лицето па почнав со Еуцирин ама и тие не ми беа нешто погодени! Ги пробав и производите на Докторс ама и тие ме разочараа! Се си е тоа индивидуално, некому му одговара Нивеа, некому Јанг Дерм, мене пак последната две-три години Афродита производите ми се одлични! Ја користам пената за чистење, млекото за лице и тоникот за мрсна кожа! Задоволна сум и не планирам да ја менувам зАсега!
Јас ја користам Clean&Clear колeкцијата што e достапна кај нас момeнтално, односно гeл за навeчeр(особeно намeнeт за црнкитe на лицeто), тоник за навeчeр(исто така за црнкитe),а за сабајлe користам друг гeл и друг тоник, и крeма на крајот. До сeга сум eптeн задоволна, пишува дeка дури и послe 1вото миeње има резултати, и навистина! Мене ми ги смирува бубуличките и црнките и го чисти целосно лицето. Многу ми се допаѓа и тоа што воедно кремата е и против пеги,флеки што мене баш и ми треба. А и хидратантна е кремата многу па супер ми доаѓа на мојата малку сува кожа. Дефинитивно ги препорачувам. Порано имав користено најпрво на Cliniquе, а потоа на Nivеa. Првите беа доста скапи, ама еден ден се натерав и ги купив. Задоволна бев многу од тие, јас имав купено сет(мислам декабеше број 2 од тие сетовите) и стварно се исплатеше, ама тие ги препорачувам на некои што имаат поголеми проблеми со лицето од само неколку бубулички и малку црнки. Јас немам толку проблеми и затоа мене ми се доволни и поевтини колекции. Но сепак би го препорачала на некои со многу акни и кои имаат мака во чистее на лицето. Нивеата беа океј, претпоставувам повеќето ги имаме пробано, го чистат лицето но не до тој степен како некои други колекции, како Clеan&Clеar пример. Кај мене Нивеата делуваше супер но не сум нешто особено импресионирана.
јас ја користев колекцијата на solution од авон за обновување на кожата и garnier тоник и млеко за чистење шминка ама последно време почнаа да ми се појавуваат подкожни мозолчиња. незнам кои производи да ги земам за да се ослободам од нив. ве молам за мислење
Кремава ја набави моја другарка, преку мене, стварно е прекрасна. И зедов неколку грама и јас колку да пробам, кожата целосно ја измазнува и смирува, а се користи и за вагинални надворешни а и внатрешно лечење на инфекции, многу помогнала и во лечење на цин 1, премачкан тамон со кремава, кај некоја пациентка од докторкава која ја промовираше. Ова го кажуваше стручно лице, на промоција во Скопје, пред неколку денови. Чини 1200 денари има 113грама, мислам дека се исплаќа за таа грамажа, и за намената која што ја има
За мене лично една од најдобрите колекции за лице (која ја има кај нас), комплетно како колекција е Dr. Hauschka. Се ми се допаѓа од оваа колекција особено детергентот за лице со микрогранули и маските за лице. Фантастични се, имам пробано скоро се. Инаку ми се допаѓаати други производи (ама ги нема во Мк) како на пример Biofficina Toscana, целата нивна колекција за лице, одредени производи на Weleda, и се од La Saponaria.