имаш прекрасни мачкини очи се надевам дека еден ден ако ми бидеш жена и нашиот син ќе имам вакви очи од дечко ми
"Од тебе ќе биде навистина одличен адвокат." И тоа од другар од средно,т.е соученик со кој не се мирисавме и стално си контриравме. И можеби и заради тоа и ми значи пошто беше убиствено искрен и не штедеше да ти го плесне во фаца тоа што најмалку сакаш да го чуеш.
Комплиментите за делови од телото не ги ни регистрирам веќе...Повеќе ги сакам комплиментите за мојот карактер и моите постапки. Од комплиментите што се однесуваат на физичкиот изглед, сум запомнила два. Едниот беше од наша Лилит, кога ме виде на слики и ми пиша само онака уз муабет во порака „Убо носе имаш“. Ете го запомнив бидејќи никој до сега не ми го искоментирал носот, онака посебно и само носот. Другиот од еден бивш кој секогаш ми кажуваше дека му сум многу убава или дека убаво изгледам, но никогаш ништо конкретно и еднаш ми рече од добро седење „Ти ја имаш најмеката и најубавата кожа што сум ја видел и допрел“, а верувајте тој видел и допрел многу. Затоа можеби и го запомнив баш тој комплимент... А да не заборавам да кажам дека многу ми значат комплименти што се однесуваат на физички изглед, а доаѓаат од женско. Најдраги комплименти ми се оние упатени кон моето воспитување. Кога ќе одеше мајка ми на училиште и кажуваа „Нејтири учи, ама нејзините петки не се којзнае колку јаки како на ХХХХХХ, но во цела генерација нема повоспитана од неа.“ И сега после неколку години кога ќе се сретниме на улица сеуште добивам комплименти за тоа колку сум била воспитана. Лани на едно случување се сретнавме со неколку професори што ми предаваа во средно, а околу нив беа и нивните партнери и нивните деца итн. Една од професорките ме гушна и и се обрати на мајка ми и и рече „Таа беше највоспитана во цела генерација“, а останатие се согласија...Јас пропаднав од срам, но ми беше многу мило и сеуште најмногу се радувам на такви комплименти. Јас давам комплименти на сите што сметам дека заслужиле. Ако мислам дека на колешката денес и е убава косата тоа ќе и го кажам веднаш.
Со денешниов фејсбук комплиментите веќе немаат вредност знаете на што мислам леелее колку си убава,лепотица,најубава итн..... Сум добивала искрени комплименти и ми годи се разбира но сега последно бев мноогу изненадена од една колешка со која скоро почнавме да работиме па ми пишала порака на тел „здраво колешке,,сакав само да те поздравам и да ти кажам дека одамна не сум сретнала некоја толку културна,скромна а проклето убава девојка поздрав и среќен почеток на работа „ јас останав ваква навистина ми значеше. Сепак највеќе ми годат комплиментите за карактерот
Паметам 2 комплименти кои сум ги добила... Првиот од еден добар другар кој ми рече дека ако си фати девојка би сакал да го има мојот карактер и дека со мене никогаш не би можел да се скара... Вториот од една школска со која бевме доста слични - кога се запознавме во прва година ми рече дека го имам најизградени ставови и најзрели размислувања од класот...
Еден од најубавите комплименти го добив пред некоја година. Бевме цело друштво од цела Европа, шетаме низ едно градче и стоиме на еден мост на кој требало да се кажува само вистина. И мене ми приоѓа еден Шпанец и ми вика Ти ги имаш најубавите очи што сум ги видел. Мислам се стопив, не само од тоа како го кажа него од погледот негов. Имам една другарка која дава комплименти затоа што ги мисли, и од неа ми е мило кога ќе добијам комплимент за било што, изглед, карактер, став. А еден од најмилите комплименти ми е Ти стварно си блесава. Го обожавам, најсериозно. За давање, сакам да давам комплименти. Еднаш прочитам дека секој ден треба да пробаме да дадеме комплимент барем на еден човек. Да го мислиме секако, не ради реда. И мило ми кога на некого само со еден комплимент ќе му го разубавиш денот.
Mногу убав природен мирис на кожата сум имала,ко на бебе, не ми треба никакви креми од мојот па стално ми го мириса грбот A општо од дечко, имаше еден на интернет социјални мрежи, ми пиша, ти си најубавата девојка што сум ја видел во мојот живот Aбе ме стопи, башка и сограѓанин на мојов беше, а дечкото каков беше Oх ох,што видел во мене
Ме потсети Озбилна ... пред неколку дена баш слично од пријател кој еден поголем период гаеше чувства кон мене ... ми кажа дека му е мило што ме видел после толку време, а уште помило дека воопшто не сум се изменила сум останала иста.
Мислам дека комплиментот што ќе го памтам уште долго време го добив од подамнешен мувач, тогаш ми беше другар и еднаш летно време ме имаше викнато во 3 саат сабајле да искочам надвор да ме видел, а јас по пижами, нит исчешлана ни нашминкана ни ништо значи легната веќе бев, и ајде искочив пред врата се испогушкавме, и ми имаше кажано ВАКВА СИ МИ ПРЕУБАВА, НЕ ТИ ТРЕБА ШМИНКА ВАКА ЕПТЕН СИ МИ СЛАТКА и така слатко ме имаше бакнато во образ јас пуста се засрамив до немај каде одамна веќе го нема него во мојот живот ама на таа вечер секогаш ќе се секавам дури ни бившиот со кој бев скоро 2 години што секогаш ми кажуваше демек сум му најубава не ми оставаше толкав впечаток колку што ми остави дечково со комплиментов
Во струмица на натпревар Од едно дете се запознавме на тој начин што јас ен знаев едно прашање а тој ми го кажа...и полсе кога излеговме бевме да јадеме тој и јас што бев со двајца другари и детто ми вика кога одевме по резултати од тебе до поубава,позгодна,понасеана и со толку убава насмевка не сум видел досега... Најубава си ти нема рамен.. ова од машки а од женски Свака ти част на стилот на облекување и однсување срам ми е со тебе да шетам пошто си преубава... на овие ми текна сега ....
* Имаш убави коски! * Имаш тажни мајчински борбени очи! Овие два секогаш ќе ги памтам. Оргинални ми се ........................................................... * Чудна си, посебна некако.. Незнам како да ти кажам а погрешно да не ме разбереш. Секако, позитивно чудна. Готово, ќе прекинам да зборам зошто се заплеткувам и мислам дека нема да ме разбереш!
Како налетав на темава.... Пред некоја недела баш откако се ишишав, бев да ја земам ќерка ми од школо (обично ја зема свекор ми, јас останувам дома со малиот ) и додека разговарав со учителката за ќерка ми, слушнав како две другарчиња-девојчиња на ќерка ми (имаат по 6 годинки) ја прашуваат дали сум и` сестра Срцки мали, ова ми бил најубавиот комплимент што сум го добила во последно време, затоа што децата се најискрени. Како ми го кренале егото не се свесни, му се изнатуфкав на мм А не се сеќавам кому сум му дала најдобар комплимент.... на сите, само ги фалам сите
Најдобар комплимент ми беше даден од страна на машки особи.Дека сум имала многу убави очи,очи на срна.И од тогаш ме завикаа срничка.Со кого и да се запознаев тоа го слушав.Други работи коои ми беа кажани беше дека имам убава конструкција на телото и дека машките можат да водат многу смирен и нормален разговор со мене за разлика од многу други.Едноставно има многу луѓе кои ме ценат како личност,многу ги почитувам таквите. Многу влијаеше на мојата самодоверба и бев горда на себе морам да си кажам.
Кога ќе подразмислам малку поубаво, доаѓам до заклучок дека пречесто им делам комплименти на луѓево. И после, ќе имало нарциси - е ќе има, и гербери ќе има, не само нарциси! Најнајепик комплимент ми е тој, дека сум имала очи како бадеми и поглед на срна - ремек-дело на еден мој школски, кој (мислам дека) беше мааалкунѕа затрескан во мене, едно време, пред едно две години. Кој склоп на компарации, човеку! Лепи пак, нон-стоп ми вели дека сум имала убава кожа, ко на бебенце - мека, нежна и бела како снег. Па дури и ми мирисала така, на бебе. А јас, секогаш кога му се испуштаат вакви комплименти, го меркам така под око и си се прашувам: „Очилата ставени му се? Леле, поарно нека не ги става - ќе се разочара кога ќе ми ја види колекцијата мозаични кратери по грбот “ Е до толку сум значи и самокритична и бутур. Друг комплимент кој ми остави впечаток и кој секогаш ми враќа насмевка на лицето, е тоа дека сум била одличен соговорник и сум ширела позитивна енергија. Кажано од женско. Ако е така - мило ми е.