од дечкото пред многу многу години пред да ми стане дечко. кога јас му реков: можиш да ја имаш најубавата во цело училиште шо си се закачил на мене ( учевме во различни училишта) и тој ми одговори: па да, од сите од нив јас ќе ја имам најубавата женска-ти.
Некако најмногу ме погоди комплиментот-Имаш совршено тело. Не знам ама јас никогаш не сум помислила такво нешто за мене,но кога другарки ми го кажаа тоа се почувствував онака гордо што сум во мое тело,бидејќи не добивам често комплименти,скоро и никогаш.А убави комплименти често давам и знам да му го разубавам на некој денот.
Од оние убавите: многу си убава, имаш преубави очи и тие такви што ласкаат само А од дечкото: те сакам таква каква што си, лошке моја (Bad girl)
од повеке: имаш прекрасна насмевка и коса и еден чуден комплимент од наставничката по англиски во основно: имаш тажни очи.
Имаш убави заби. Убаво си нашминкана. Многу ти е убава косата. Е овој комплимент ми е најдобар. Не ми текнуваат сега некои други што ме израдувале посебно.
Од една многу драга личност го добив, пред две-три години, незнам баш точно како беше, ама знам дека ме остави без зборови. Благодарение на тој комплимент и на многу други после тоа, истата таа личност остана во моето срце
1. Имаш многу културни и добро воспитани деца! Соседите често знаат да му го кажат тоа на татко ми. 2. Имаш многу убав речник! (мислеше убаво се изразувам) Деканот - професор на факултет Комплиментите како: Убава си, имаш убави очи, убава насмевка и бла, бла, бла.. ме расположуваат, но не се најдобрите комплименти кои сум ги добила.
Ќе те биде за менаџер и држење говори (од класната) Навистина е прекрасно да се има другарка као тебе за се имаш одговор. (јас на другарка ми)
Они комплименти од типот многу си убава, убаво она, убаво она... секако дека годат, но веќе се излитена работа. Целиот мој живот внимавам на начинот на кој се изразувам и тоа го практивуам секаде, па така најубаво на душичката ми е кога некој ќе ми рече дека имам богат речник. Следно е кога ќе ми кажат дека имам убаво однесување и кога ќе ми кажат дека сум трпелива, е тогаш цветам
Од мојот бивши дечко. Сега сме на некој „пријателски“ однос, но често правиме муабет и за тоа како ни било додека бевме заедно и што сакал едниот кај другиот. Последниот пат ми кажа: Најмногу што сакав и сеуште сакам кај тебе е тоа што знам дека до мене има интелигентна особа и вистинска дама.
Еднаш во супермаркет бев, на каса. И една продавачка ми рече: Косава, само за на реклама ти е. Да си ја чуваш. Кој да го чува џбунов, живти све? Иди, па справи се со него. Башка, секогаш кога одам на фризер, редовно добивам коментари. Еднаш, откако ме ишишаа, фризерот и вика на една: Е, ова од тебе ќе го извадам, само ако ми дојдеш после 3 години. А јас само 3-4 месеци не сум била шишана. Или: Вие фамилијарно имате квалитетни коси. Коси? Јас би рекла косишта, ама ајде. Бев во школо, во ходникот. Јас секој ден, на другарка ми и раскажувам некоја глупост, или незгодна ситуација која ми се случила. Ама јас така се занесувам во приказната... што не „апсорбирам“ никого околу мене. Дојде некој, ме прекина. И јас изумив скроз, дека сум раскажувала нешто. И едно девојче, искрено не знам од каде никна, ама цело време да нè слушало. И ми рече: Ај продолжи, продолжи. Многу ми е интересно ти кога раскажуваш. И јас цела збунета, не знам за што ми збори... продолжив. Иначе, повеќе пати, сум добила комплимент за очите. Еднаш една тетка ми рече: Дај ми ги твоите плави очи, да ги ставам на моја _. Или јас сама ќе си ги земам. Моите јест да се плави накај плави дреч, ама многу се мали бе, па уште и ќорле. Сум добила комплимет и за лицето, демек многу ми било чисто, без бубуљиц. И не ми текнуваат други. Иначе, јас не знам да примам комплименти, за што било. Ќе ми речат: Многу ти е убав прстенот. И јас ќе речам: Да, ама види тука, 'рѓосан е. Или: Многу убави ти се ноктите. И јас ќе речам: Ама види тука, ушљакани ми се. Не знам да кажам фала, секогаш се фаќам за најситното нешто.
Последен коментар добиен од еден наш познат музичар уметник: Каков лик си ти..ко од некој заборавен и необјавен филм на Киесловски..
Јас скоро цело време, си потпевнувам нешто. Некој ако нешто почне да пее-јас довршувам. Ако слушам радио во автобус, обавезно дискретно нишам со главата горе-доле... Или некогаш ако се шетам со некој, јас сама тивко си пеам. И сама да сум, нема врска, нешто си пеам. Многу можат да си помислат дека сама со себе си зборам. Така беше пред некој ден. Јас тивко си пеев, по патот. И другарка ми ме праша: Што ми рече? - Не, не, ништо, уживај. Јас само си пеам, не ми замеравај. И она ми врати: Епа не за џабе рекле... Кој пее, зло не мисли. Сега уствари јас гледам, дека темава спаѓа во forum.femina.mk ‹ Љубов и секс ‹ Врски. Ај, ваљда.. Ќе ми биде простено.
Комплиментов го добив сабајлечки, од еден стар професор кој многу мнооогу го ценам!-Си се променила, а промените се добредојдени. Стилот на пишување е променет, се надевам ќе ја издадеш книгата скоро! Јас сум тука за тебе,за било каква помош. Има чуда во природата а ти си дел од нив. ААААААААААААААААААААААААААААААААА
После долго малтретирање после раскинување со бившиот, конечно најдов некој што од срце ме смее. Додека бившиот ми викаше: имаш стрии на градите, зошто ти е толку нафрлано лицето?, можеш малце да почниш да вежбаш си накачила околу стомакот, смени ја косата не ми се допаѓаш и сл.... новиот хаби ме гушка ме гледа и тивко ми вика: многу ми си убава, немој да се менуваш никогаш .... првиот пат кога ми го кажа ова ми дојде да се стопам, да не кажам па и солзи ми дојдоа... за него имам совршена коса, совршено тело, совршен задник... со него ЈАС сум совршена .... со него сваќам колку вредам за разлика од бившиот што едноставно карактерот ми го туркаше со години ....