За физичкиот изглед не им придавам некое многу големо значење зошто се чести, не дека јас сум Адриана Лима него дека луѓето во денешно време се навикнати постојано да се улизуваат па тоа им е веќе како начин на живот. Е сега за мене најдобриот комплимент кој јас сум го добила, а не се однесувал на физичкиот изглед беше на работното место каде што работев. Дадов отказ, и неколку дена пред да си одам дојде еден од претставниците на една фирма со кој соработувавме ама важеше за многу тежок човек и буквално сите мораа да се изнервираат со него. Јас незнам што гледаа тешко кај тој човек единствено што правеше е си ја работеше работата така што јас немав проблеми со него. И кога му кажав дека си одам, ми вели - "Морам да ти кажам дека од сите фирми и сите вработени до сега со кои сум соработувал од целото мое искуство ти си најдобрата и најкултурната личност која сум ја запознал и со тебе сум имал најдобра соработка и искрено се надевам дека повторно некогаш ќе соработуваме". И јас ваква не очекував. Ми пријаше комплиментот морам да признаам затоа и го запамтив до збор. Исто од дечко ми секојдневно си добивам комплименти и си ги памтам зошто знае како уникатно да го каже (да не речам спакува) тоа што сака да го каже. А јас давам комплименти кога навистина нешто мислам, не се расфрлам на сите страни. Така што не ми текнува дека нешто wow посебно сум кажала. Можеби и сум кажала ама неможам да го издвојам зошто тоа мора да го каже личноста која го добила тој комплимент од мене, односно какви чувства сум побудила во него/неа. Јас може мислам дека сум кажала којзнае што ама личноста да не го доживее така.
дека изгледам како 19 годишна а интелигенција и разум на 32 годишна,а инаку сум 23 за изгледот дека сум имала убаво тело а јас незнам да примам комплименти и се мрштам
Кога се разделувавме од класниот кој отиде во пензија. Нема да те лажам. Ти си една од најнапорните личности што ги знам, но знај дека и ако ме нервира, јас ја почитувам таа твоја преголема амбиција и за тебе сум сигурен дека ќе успееш. Ти ќе одиш далеку и јас ќе бидам горд да кажам дека ти ми беше ученичка.
Имам добиено многу комплименти од најразлични луѓе. Ден денес го памтам комплиментот од еден Грк на одмор што го запознав и тој ми рече ју ар вери секси И, јас тенк ју, тенк ју Исто така ми имаат кажано многу си убава, многу си секси, многу си фенси и слични комплименти Најдобриот комплиемнт кој јас сум го дала е кога му реков на саканиот пренајубав си хаха
Еден комплимент од мој другар ме остави буквално подзината и секогаш ке го паметам : " Искрено, одвратна беше кога беше заљубена , тебе не ти стои бре да си заљубена , ти си кучка , ти стои да си кучка и да се заебаваш како што знаеш , не да сакаш таму некого да го мислиш и да му се нервираш. " истиот другар "Абре ти си таква личност што нема шанси светот да не чуе за тебе , едноставно мора ! А ако тоа не се случи он губи . " и еден друг другар ''Стварно се облекуваш провокативно , ама ич не изгледа невкусно или кич , ти стои знаеш да го носиш,се гледа дека уживаш не ти е незгодно . Кога те гледам вака во нешто тесно а сепак не открива премногу ми се иде да ти кажам учителке исплескај ме лош бев ! '
Американецот (волонтерот) во нашето училиште: "Aко тебе некој не те сака, во него е проблемот" Пријател: "Иако си мала, вредиш за десет, на карактер"
Ноер не ти е рамен - од другар Обожавам да те слушам како збориш,имаш убав германски акцент -од другарка Имаш убаво тело толку не ми текнуваат други
Па имало многу комплименти како од типот - убава си, слатка си. Но најдобриот комплимент за мене што сум го добила е дека сум многу културна и добро воспитана
ostani takva kakva so si kakva so te znam jas mn si pametna veruvaj mn znaci mn sakam da te vidam uspesna vo zivotot a ke te vidam ako ostanes takva kakva so te znam veruvaj takva kakva so si ke go najdes i vistinskiot so ke go sakas i ke ti ja vozvrati ljubovta
Сум добивала комплименти за надвпрешен изглед,ама секогаш сум ги ценела оние за карактер повеќе... Од надворешен изглед сум препознатлива по очите па за нив добивам и највеќе комплименти,потоа за косата,тенот,забите и телото.... А комплимент за карактер кој највеќе го ценам ми беше даден од другарка која ми кажа дека сум најпожртвуван пријател кој е секогаш спремен се да направи за луѓето кои ги сака,другарка која е секогаш спремна да сослуша внимателно и да даде совет,да ти ја крене самодовербата кога е премногу ниска,да те симна на земја кога си премногу во облаци... Едноставно ми кажа дека денеска ретко се наоѓале другарки како мене и многу била среќна што ме запознала.(ова не е комплимент,цел состав напишав) Ја удри на емоции малку,таков беше моментот
па најчесто ми даваат комплименти за очите - преубај очи имаш и нешто за физичкиот изглед или ќе ме пофалат како сум облечена-преубо си облечена денеска..јас му давам комплименти од ваков тип преубо си облечена денеска или пак преуба си/преубав си Spoiler клише
,,И без шминка си убава,, На убав човек се убаво му стои , не се нервирај не ти треба диета тебеее ,,Mногу си креативна , јас сум изненаден и како фино си искомбинирала ова што го носиш браво,,-другар на дечко ми. ,,Незнаев дека си олку паметна, еве јас истава работа ја работам 10 години и не ми текнало на таа идеја,,-другарка Срце на мама колку си вредна ќе те фалам на селските ергени - majka mi
Не знам. Веројатно некој од мајка ми. Еве ги најомилениот на тато (кога мама ќе зготви нешто и ќе го праша на тато дали му се допаѓа): -„Се јаде“.
Хах... интересни комплименти имам добивано највеќе ќе го издвојам оној во Србија кога бев а бев премногу тажна и излегов да се шеткам сама по улица и еден повозрасен човек (никако педофилски, само родителски настроен) нежно ми пријде и ми рече дека ги имам најубавите зелени очи кои многу наликувале на очите на неговата почината сопруга, млада сум и убава и не смеам да си дозволам да одам со наведната глава, така светот немало да ја види мојата „убавина“ Исти така еден школски малце ме збуни на класен час зборуваме за прашања што би сакале да ги упатиме во моментот некому. И станува тој и вели на професорката: - Професорке сакам да ја прашам Виктори шо и даваат да јаде дома! и сите се смеат и јас цела збунета не знам шо да му одговорам и треснувам: - Па храна. Зошто ти е битно? мислев дека е некоја глупа зафрканција а овој школскиот цел разнежнен ми вели: - Оти си најубава од клас! лелии За изгледот имам добивано многу ама не ги помнам така како што ги помнам оние за мене како личност. Еден дечко што многу ми се свиѓаше ми рече дека сум голема цифра у негови очи затоа што не видел таква девојка досеа.. да се интересира за книги, свирење, пеење, танцување, фотографирање, учење... срцка ееее Комплимент од професорите и целото училиште (основно) ми беше тоа што ме прогласија за ученик на генерацијата. Знам дека беше поради учењето а не поради тоа што некој мој вујко чичко дедо биле у влада (што немам такви фала богу) Давање комплименти давам колку што можам повеќе... На нерасположени девојчиња или луѓе на кои им треба повеќе самодоверба знам малце и да подлажнам да кажам нешто а да не го мислам 100% ама сепак е за нивно добро! Сепак се тоа ситни ствари а инаку давам комплименти на сите и како што кажав, не ги штедам
Два комплименти секогаш ќе ги паметам. Првиот, во седмо одделение кога од 20 девојчиња, еден дечко мене ме стави на трето место по лепота Другиот, една другарка сега скоро ми рече дека имам многу убави заби А комплименти кои јас сум ги дала, не ми текнува.
Za mene cesto slusam deka sum iskrena,dobrodusna licnost,prekrasna,devojka so najubava nasmevka i verna!
Мене ми остануваат во памет од едно не толку дамнешно време, и од личност во која бев па и скоро заљубена дека многу поубаво ми стои црна коса, и дека било кое машко можам да го имам. Штета што не го имав него.
Дека личам на Ферги. Не дека нешто ми е преубава ама ми годи. Дека имам вајано тело. Дека сум мила. А најлошиот е дека личам на Џенифер Лоренс.