Во врската се работи за компромис. Треба да си стигнуваш до целта, да добиеш што сакаш полека и смирено. Тивка вода брег рони. од сестра ми, кога имав проблеми во врската, совет по кој се водам многу време и успева.
Големината на човекот е да каже извини, така си ја покажува културата. Совет од наставничката што ми предаваше во прво одделение, многу ми има помогнато во животот. Совет од мама : Никогаш нема бидеш среќна ако самата не веруваш дека си. Секогаш себе ставај си се прва, па после другите. Само ти имаш право да си ја создадеш и уништиш среќата, никој друг.
ако на некој човек му простиш за некоја работа,немој пак да му ја спомнуваш бидејќи тоа значи дека не си му ја ни опростил. Прво ти,па потоа другите мајка ми !
Луѓето повеќе ќе те ценат ако те перцепираат како лоша и строга, отколку добродушна и наивна. У смисла што луѓето често молчаливоста ја сметаат за наивност, па си земаат за право да те прават будала во здрав мозок. Од мајка ми инаку...
Остави ги работите да течат сами по себе.Кога најмалку се надеваш дека ќе се случи тоа што го посакуваш, баш тоа ќе се случи... Другарка ми
Ги практикувам советите само од постарите и поискусните. Најдобар (во смисла на најреален) е од дечко ми додека бевме другари : Никогаш не откачувај дечко (да не се смуваш или фатиш со него) за другарка! Најмалку 5 пати се докажа дека е така.
И кога го прашав што да правам ако нешто такво се случи ми рече „Нема никој да ти помогне. Сите за себе си гледаат. Ако се случи - нема откажување.“ И јас си бев една голема страшливка додека не ги слушнав овие зборови.
Од баба ми кога се омажив -На маж леб да не му дадеш пи*ка да му дадеш кога престанав да го применувам видов колку бил добар Од мајка ми -Подобро да не му веруваш и да згрешиш, отколку да му веруваш и да погрешиш Ама никако да почнам да го применувам Поубаво ми е кога верувам во моментот, иако се зезнувам некогаш така Ама оптимиста сум си
Да надополнам со еден многу добар совет за во љубовта. Ако почуствувате дека саканиот ви се оддалечува, оддалечете се повеќе. Немајте и вие време за него. Неверојатно е колку делува
Никогаш не се заљубувај додека не бидеш сигурна дека и тој те сака затоа што на крај може да те повреди - од мајка ми!
1- Три пати мери, еднаш сечи. 2- Прво скокни, па викни оп. Знам дека се едноставни, ама многу практични и корисни во секојдневниот живот.
од мајка ми пред да се омажам: 1.Не си го давај газот под кирија! 2.Жена ке бидеш цел живот ама девојче можеш да бидеш само еднаш! да напоменам дека советиве кога ми ги кажуваше ми изгледаа мн.демоде ама сега им ја сваќам поентата!!!