аа аеве уште една паметна мисла што лично сум ја искусила :Во животот запамети две работи: Немој да одлучуваш кога си лут и немој да ветуваш кога си среќен!
Се додека не си го дадеш газот под кирија,ке трча тој по тебе- ова од мајками и мисли на тоа ( откако за прв пат ке имате секс после тоа враце ке те држи)
од сестра ми и од таткоми тие две личности ако немаат некој добар совет ја баталувам работата сестра ми: ајде, стани, облечи се, нашминкај се убаво и за борави на се што кажал, ќе дојде време ќе трча по тебе, женско си снајди се не биди плашливец. а татко ми : Ќерко ти се што правиш правиш за себе не за другите. да не те интересира дали те викнале или не и дали ти сама ќе си идеш дома или не. Ти во животот никогаш нема да бидеш сама бидејки има и брат и сетсра кои ти се приближно годиште тие се твојата потпора. овој момент мислам дека секогаш ќе го памтам зборовите во глава секогаш ми одекнуваат.
Браво за темава..Сум добила многу добри совети но најдобар до сега ми бил од мајка ми жена ќе бидеш цел живот а девојка нема(во превод)живеј си го животот како девојка ..НЕ ИЗБРЗУВАЈ СО ПОСТАПКИТЕ.....
Од баба ми: Никогаш не го давај целото срце некому, остави си мааал дел од него за себе, за да имаш каде да се вратиш кога сите ќе те разочараат. Поговорка е ама често се присетувам (од мама ми е): На сите атер, себеси матер! И од тато, во времето кога се ми беше драма, зошто не ме свиѓа, зошто вака ми кажа, зошто ме погледна... „Машки сме, тоа е!“
За се што ти се случува САМА си виновна,не ја барај вината во другите. Сакај 50 % ти,50 % тој за да направите една идеална целина која ќе функционира. Се од луѓето дочекувај со доза на резервираност,за да не се разочараш.
Совет од мајка ми: Секогаш гледај го тој што те сака а не тој што ти го сакаш и у право е жената бе, тој што ме сака се ќе направи да сум среќна, а тој што го сакам е тиквар, си знае дека го сакам и ќе си игра како што сака
Прави како што мислиш дека е најдобро за тебе и како што ти одговара,како и да е луѓето пак ке зборуваат !
-Сакај се себе си за да те сакаат другите. -Кој високо лета,ниско паѓаа. -Цени ги малите нешта во животот,бидејќи од големите боли глава. -Прави како што мислиш дека е најдобро за тебе и како што ти одговара,како и да е луѓето пак ке зборуваат.
Што ќе ти се пари кога немаш среќа докажано е дека оние богатите немаат воопшто среќа, мир, љубов, спокојство, топол дом кога размислив навистина е така