Послушај! За се што си направила спротивно, знаеш како си завршила. Ние не ти мислиме лошо. -од мајка ми.
Совети од баба - Не верувај на секого, не се сите луге исти. - Никогаш не ја повторувај грешката 2 пати.
Не треба да му се зборува на никого. На глупиот човек колку и да мѕ зборуваш нема да те разбере, а паметниот самиот ќе разбере што треба да направи без твоитре совети Од татко ми
мајка ми - Само јас сум ти најдобра другарка која нема да ти направи ништо лошо. Другите секогаш може да те изневерат - Никогаш не кажувај се што имаш,чувствуваш,знаеш и мислиш.Има луѓе кои ќе ти позавидат и сето тоа ќе го изгубиш.
Од мајка ми. -Никогаш не доаѓај во состојба да зависиш од некој. -Секогаш глеј се прво себеси,па после другите. -Не верувај на никој 100%. -Што ќе ти се пари ако немаш среќа,здравје и љубов?Знаеш колку луѓе се богати ама живеат беден и мизерен живот? Прво здравје,па парите и среќата ќе си дојдат. Душичка моја е
Во животот не мораш да ги направиш вистинските нешта, гледај само да ги правиш работите на вистински начин. Биди она што си, верувај во тебе и покажи дека можеш. Скала по скала, ќе го достигнеш врвот. Од мајка ми.
знаеш дека можеш и без мене и без било кој на планетава ... - најдобра другарка луѓето доаѓаат и си одат, задржи ги оние што ти се навистина битни! - мајка ми легни, преспиј! стани напи се кафе и испуши една цигара , после јави ми се и кажи ми дали го мислиш истото! (ова е најдобриот!!!) најдобра другарка
Имав пишано на темава но сега се сетив на 1 реченица што често ја кажуваше еден професор. Човекот велеше - Запаметете дека не сте ни најубави, ни најпаметни, ни најдобри...
Од мама:Не дозволувај да те газат,имај свое јас,не зависи од друг,потпри се прво на самата себе а потоа на друг,не дозволувај материјалните работи да ги ставаш на прво место затоа што пред нив има многу други работи кои се поважни во животот,цени се самата себе за да те ценат и другите. Фала мамо
Во основно имав наставничка која многу ме сакаше ама многу се каравме од причина што бев тврдоглава, а таа се трудеше да ме одвикне од тоа бидејќи знаеше дека ќе си имам проблеми во средно. Истовремено ја сакаше и мразеше мојата бунтовност. Откако завршив основно ја немав видено, и по година ипол случајно ја сретнав. Ме праша: Змијо, како е сега во новата средина? И` кажав дека ми е тешко малку, но се` издржува. На тоа ми врати: "Само верувај во себе како и досега, ти си силна и знам дека не постои нешто што ти не би можела да го постигнеш."