од татко ми, Шо е пишано на глава, на Бука не оде. од мајка ми, кој еднаш ти згрешил ти нему два пати
Па сум добивала многу добри совети но оној што никогаш нема да го заборавам е оној кој го добив од човек кого го имам видено само два пати до сега и кого случајно го запознав Ми рече: Ти си многу убава, паметна и харизматична девојка искористи го тоа во твоја корист. Остави ги сите да трчаат по тебе, но не дозволувај сите да те имаат. Направи да бидеш горда на себе.. Кога некогаш ќе седам со своите пријатели и ти ке поминеш тогаш, кога сите ке се свртаат по тебе јас ке се насмеам онака гордо и ќе речам оваа девојка ми е пријателка.. И оној од баба ми Никогаш не избрзувај, секогаш имај време да размислиш затоа што најлесно е да направиш грешка
Не е најдобар ама најсвеж е (денес, од татко ми). Тема МАШКО ЖЕНСКИ ОДНОСИ ‘‘А бе само технологијата се менува ние остануваме исти. Немој да мислиш оти сте вие нешто попаметни или поглупи од ние кога бевме млади. И тогаш и сега целта на машкото е иста - ДА ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ’’ Од мајка ми советот на истата тема ‘‘Мажите се како кучињата. Само гледа да си го стопли и после си заминува. ‘‘
Најдобриот совет што сум го добила е тоа: Животот да го живеам онака како јас што сакам, да имам доверба во себе, никогаш да не ги слушам другите, бидејќи тие не водат кон погрешен пат (освен домашните, односно семејството) и тоа дека сите се тука само додека имаат корист од тебе, а кога мене нешто ми треба едноставно ги нема, испаруваат!
Секој што слепо настапува без да си ја знае сопствената сила и слабост, и силата и слабоста на непријателот, тој си ја привикува пропаста. (од сестра ми)
Сум добила повеќе добри совети... Бидејќи сум сега во тинејџ. годините имав неколку совети од родителите: -Никој не се предавај на никој, ти ќе знаеш кој е вистинскиот... -Пази се, повеќето сакаат само да те искористат. -Не верувај на сите, има многу "jуди" во денешно време. -Утре ќе биде подобро. -Секогаш има некој кој те сака, секогаш некој мисли на тебе пред да заспие... ти си сакана, не го заборавај тоа. -Не е единствен, ќе сакаш уште многу други... многу пати ќе поминеш низ тој пекол, само биди со насмевка на лицето... не покажувај дека си скршена (од најдобра пријателка) -Живееш само еднаш YOLO (пред да направиме глупост со другарка ми)
Сум добивала многу совети, од кои ни 1% не сум послушала... Најдобриот совет сум го научила преку сопственото искуство: Што и да е, ќе помине. За најубавите моменти сум сакала да траат што подолго, иако знам дека ќе завршат. А кога ми било најтешко сакав само да спијам, само да дојде утре зошто знам дека со време ќе помине.
Ги има многу, но во моментов само на еден ми текнува. Од татко ми ...ќерко од мотика и политика стој подалеку ))
Најчето сум ги добивала од мајка ми. -Ќе ти симнува ѕвезди додека не те легни.. -Ку*от мек,пола век. -Дури си млада бираш,ако не одбереш на време,тебе ќе те бираат -Ако ти се случи нешто прво мене да ми кажиш,после на другарка..
од татка совет обично за љубов --- черко љубовта е убиец. од мама-- ако е дополг патот посигурен е на нероден петко капа не крои тишината нека е најдобар твој пријател можеби не ги бива како тебе ама за злоба се спремни
Теоријата секогаш е лесна на зборови за да можат луѓето едни на други да мудруваат со своите размислувања и совети. Тоа што тешко се остварува е практичната употреба на истите. Реалноста секој ја доживува од своја перспектива. Секогаш сум подготвена да го слушнам мислењето на другите или да побарам некаков совет од блиските, но не секогаш се случувала да постапам така. По долги размислувања и разгледување планови и опции, преовладува сопствената одлука. Личното искуство е најдобриот совет кој може да се претвори во животен водич. По добар сон, утрата се помудри од вечерта. Се може да се преброди со трпение и верба во себе.
Најдобриот совет го имам добиено од дедо ми. Јас секогаш велев дека сакам да сум подобра од некој и тој ми рече - „немој да се трудиш да бидеш подобра од некого, никогаш нема да успееш. Труди се да бидеш подобра од она што си, само така ќе успееш“.
Од мајка ми: Маж оставај, работа не оставај! - во смисла да не дозволува жената да зависи од мажот, и да моли за пари за да си купи влошки. Без работа жената се затвора дома, губи контакти и паѓа во депресија. На почетокот и е добро додека децата се мали, но кога ќе потпораснат и сами ќе излегуваат тогаш ќе биде најосамена. Кога жената работи, и најтешко да и е, ќе се дотера, ќе се насмее и ќе отиде на работа, сакала не сакала ќе се сконцентрира на работата, ќе размени по некој муабет со колегите и ќе смени мисли, ќе се расположи колку-толку. Јас тоа малку и го почувстував. Сите другарки ми се вработија. Јас ислушав 4 години на факултет, но ми останаа неколку испити па се вратив во родниот град да живеам за да не плаќаат моите трошоци за ќирија и сметки, а во Скопје одев само кога беше испитна сесија или ако имав некоја друга обврска со факултетот. Така не можев да се вработам. Како би работела? Ќе работам 2 месеци, па ќе речам: ај чао, мене ќе ме нема 2 недели додека да заврши сесијата, па пак ќе се вратам, па по 3-4 месеци пак истото ќе им го речам? И така останав дома, а бев во тежок преиод кога раскинав врска која траеше 5 години. Бев сама и дома, другите сите беа или на факултет на предавање или на работа. Се трудеа, навистина, да издвојат време и за мене, ама не беше тоа тоа. Во една прилика, другарка ми го потврди истото што ми го кажала некогаш мајка ми, со тоа што ми рече: И мене ми било многу тешко, од кревет не ми се стаувало. ама сакаш не сакаш ќе собереш сила и ќе станеш, ќе се дотераш, ќе си залепиш една насмевка на лицето и ќе отидеш на работа, ќе работиш и ќе ти олесни малку, а ти вака немаш никаква обврска ни мотив за што би станала од кревет, би ги избришала солзите и би се нафатила нешто да правиш....
Не потценувај ги луѓето чија облека е стара и искината, погледни во нивната душа колку е чиста и невина. Не озборувај ги луѓето кои те седнале на нивната трпеза доколку не е богато поставена, запази со колку љубов е храната подготвена. Не ги вреднувај според нивниот статус и углед туку според достоинството и чесноста. Без оглед на тоа колку имаме пред Бога сите сме исти. Без разлика каде ке те донесе животот никогаш не се срами и не заборавај која си и од каде потекнуваш. Секогаш кажувај ја вистината па нема да мораш ништо да помниш а тие што те сакаат ке те прифатат таква каква што си. Единствената рака која што ке ти помогне во животот е сопствената затоа бори се за тоа што сакаш да го постигнеш во животот и не чекај ништо од никого, на волкот му е дебел вратот зошто сам си ја врши работата. - совети од мајка ми кои секојдневно ги употребувам
Никогаш немој да се смениш и да се изгубиш себеси за да се допаднеш некому. Дури и да го направиш тоа, ако некој решил да не те сака, нема да те сака. Подобро да ги изгубиш пријателите отколку да се изгубиш себеси. Биди тоа што ти сакаш да бидеш, не што некој друг сака ти да бидеш. Ако си посебен немој да се правиш просечен, затоа што никогаш нема да бидеш. А ако си просечен немој да велиш дека си посебен, исто така никогаш нема да бидеш.