Најдобар совет (практичен) што сум го добила во последно време е дека, кога веќе не сум по вежбањето, пожелно е да шетам, затоа што така ќе се ослободам од напнатоста и негативната енергија за кои не сум ни свесна дека ме јадат. It works.
Последниот совет што го добив е дека време е да почнам да си гледам за себе малце и само за себе ! Доста е замарање и решавање на туѓите проблеми и на крај ни фала не ти викаат ...
Да го ценам времето, да не го трошам залудно! Спојлер: Time is precious "Тhe trouble is you think you have time!"
најдобриот совет шо сум го добила е од бабами, " од кол на кол едниот в газ " Демек у смисла од многу пребирање не овој не оној накрај ќе ти се набие најлошото
Најдобриот и најправилниот без хирови го добивам од некој непознат, зошто не ми прави лице за да ме заштити и неповреди и не бира зборови. Колку и да звучи сурово некогаш е подобро да се слушне вистината, него да се ставаат се подебели слоеви лага врз лага која го зголемува товарот.
Биди она што си. Никогаш не се менувај за другите. Не е лошо да бидеш поразлична од нив. Секогаш ама баш секогаш биди своја. -Од наставникот по ликовно од основно училиште. Никогаш нема да го заборавам ни советот ни наставникот.
Што и да било поминало, се што не било твое а си го сакал ќе ти се врати еден ден, тркалото на животот се врти!
Еден од подобрите совети кои што ми ги дале мајка ми и татко ми..во случајов татко ми..е да правам што к** сакам...да,да,да со тие зборови..слободни сме многу..Ова е совет кој што се однесувал на тоа да не гледам да им трчам на сите,поради тоа што многу пати сум забегала и сум исполнувала желби и барања,сум ги усреќувала луѓето на многу начини..Затоа ме советувал да застанам,да се гледам себеси поради тоа што никој не би го направил она кое што јас го правам за нив,никој не би ми возвратил..и во многу ситуации тоа се покажало точно..секој си гледа за себе...А ова се однесува и за најмалите работи...Потребно ми е да ме потчукнува во глава и да ми повторува да правам што сакам поради тоа што само давам и давам и давам...И еве,се освестувам со тек на време.....Го обожавам!!!
Ова го прочитав некаде уште одамна, водич при лутина ми е. Зборовите се како шаjки заковани во ѕид. Откако ќе ги извадиш, остануваат траги засекогаш.
Не пaди гo врaпчетo штo ќе дoлетa нa твoетo рaмo,мoжнo е никoгaш дa не дoлетa или мoжеби ќе дoлетa пoлoшo.- бaбa ми зa тoa декa среќaтa-дечкoтo требa дa си гo чувaме,дa не ни билo кривo пoдoцНa..
Нема погрешни мажи, баш истите се правилни за да не однесат до вистинскиот. Нема погрешни одлуки, секоја одлука е правилна во времето во кое е донесена. Само треба да се ускладиме со времето.Време се носи. Се добро носи. Добро за нас.