Бидејќи ми ја избришаа темата, а не ги префрлија филмовите во оваа.. Сама ќе си ги ставам: The Inventor - Осврт на проневерата и пропаста на една од мултимилјардерските фирми во Силиконската долина. 10/10 The Great Hack - Документарец за инволвираноста на Кембриџ Аналитика во политички кампањи, и прашањето за приватноста на личните податоци и социјалните мрежи. 10/10 И ќе го додадам последниот што го гледав: Black Hole Apocalypse - Детални информации, за се' што до 2018та се знае за Црните Дупки. 10/10
Брилијантен документарец. Ме запозна со еден куп поими и случувања, за кои воопшто не знаев Unnatural Selection Ја разработува темата: био-инжинеринг.
Don't F**k with Cats: Hunting an Internet Killer Три дела се, од по саат време. Можам комотно да речам дека ова е најдобриот документарец за real crime, што сум го гледала, било кога. Станува збор за мала група на луѓе кои се обидуваат да го откријат идентитетот на човекот кој постирал видео како убива мачиња. Едно што криминалот кој ќе се развие е 'надвор од умот', благо речено, друго е што режисерот, толку добро го едитирал филмот, што нема шанса да не ве понесе чувството дека 'учествувате' и вие во потрагата и анализата. 10/10
Roll Red Roll Се зборува за сексуален напад кој се случил во мало градче во Охајо, влијанието на социјалните мрежи и the rape culture, за која повеќето не се ни свесни. 9/10
Killer Inside: The Mind of Aaron Hernandez Документарецот е за животот, судењето и смртта на еден од NFL ѕвездите. Сторијата ја разгледува улогата на неговите приватни проблеми и тоа што беше професионален рагбист. Кои вредности ги цени општеството и која е цената која ја плаќаме. Спојлер Слободно преименувајте ја темава во: Најдобрите документарци, според Вајлд. Пошто само јас си постирам
THE WORLD'S DEADLIEST WEATHER THE STORY OF GOD WITH MORGAN FREEMAN Исто така имаше и една документарна емисија за криминалот на најголемите светски аеродроми. Доколку се сетам на името, ќе ја напишам и овде.
Wild Wild Country Мини серија во 6 епизоди. Осврт на 'инцидентот' со основањето на комуната на Гуруто Bhagwan Shri Rajneesh Како САД се 'справи' со ситуацијата, и поглед врз ситуацијата од перспектива на припадици на движењето, како и локалното население и институциите кои работеа на спроведувањето на 'правдата'. Контроверзен документарец. 10/10
In the womb. За бременост. 10 Прејак документарец со многу интересни и не толку познати факти за бременоста.
Planet of the Humans Преглед 'од внатре' на практиките за 'зачувување' на планетата и редуцирањето на проблемите од глобалното затоплување. Никогаш после овој документарец, нема да гледате со исти очи кон движењата кои се 'борат' за зачувување на околината. 10/10
Документарен филм за животот и успехот на еден од најпознатите фудбалери-Кристијано Роналдо Youtube link
Citizenfour - the mother of all conspiracies, that turn out to be true. Документарецот е за Едвард Сноуден и класифицираните документи од NSA кои ги објави. На кое ниво е следењето на глобалната популација, е 'надвор од умот'. Не требаше да одлагам толку долго за да го изгледам. 10/10
The true cost Ко лектира би го ставила. Документарец за реалноста на како се произведуваат алиштата на fast fashion брендовите и кои сè се последиците од тоа. The century of the self Го има на јутуб, во 4 дела е. Одличен, одличен документарец за моќта и развојот на маркетинг стратегиите и како се манипулираат широките народни маси. Навистина генијален. Fed up и That sugar film Двата се фокусирани на како храната се манипулира за да станеме зависни од неа и влијанието на шеќерите. Иако се фокисирани на Америка мене ми беа многу поучни и мотивациски за да бидам мнооогу мноооогу попребирлива што конзумирам. Feminists, what were they thinking Иако можеби има и подобри документарци за феминизам, овој е баш за сите. Убав развој на приказната и плус Џејн Фонда и Лили Томлин мене ми се прекрасни. On that note, документарецот за животот на Џејн Фонда. Ова што ми паднаа на памет неколку од мнооогуте што ми се изгледани и на сите ги препорачувам. Ќе додадам уште, не знаев дека вака убаво темиче сме имале.
Овој ми е на листа, чека погоден момент за гледање. Башка темата е нешто кое ми беше уште од средно пасија. Изгледани со огромно задоволство: The Milky Way - документарец за доењето како тематика. Толку емотивен, толку прекрасно и реално прикажан, за сите борби после породувањето, борби со себе, борби со системот, реалноста vs. недостатокот од едукација и стручна поддршка. Со солзи во очите го изгледав. Babies - страшно интересна документарна серија во 6 епизоди, која го следи развојот на бебињата од самото раѓање. Се зборува за многу испитувања кои се во тек денес и што сѐ ново е откриено, особено во поглед на "свесноста" на бебињата која сметаме дека подоцна се развива, што ве тера да се подзамислите за одредени методи на реакција како родители кои сте ги сметале за "ок"... The Universe - серија во 13 епизоди, секоја посветена за одредена тема - Сонцето, Марс, Земјата и нејзиниот потенцијален крај, Јупитер, Сатурн, Месечината и т.н. Одлична за љубителите на астрономија.
Го заборавив и овој: Christiane Amanpour: Sex&Love around the world За мене беше шокантно да го гледам. Се работи за документарец кој истражува како живеат жените во светот, паровите, која слобода ја уживаат во поглед на љубов и секс, какви врски се градат и колку тоа значи на ниво на индивидуалец од аспект на потреба за љубов, допир, и како сето тоа влијае на нас како поединци и како општество. Од некои работи останав забезекната. Не за тоа "што сѐ има по светот" туку буквално со огромна тага во душата заради одредени рестрикции со кои некои луѓе живеат. Да не спојлам, гледајте го, уште првата епизода е веќе контроверзна.