Не само за сениори, и за intermediate level се тепаат последниве години. Ако стварно те бива и ако знаеш тоа да го покажеш на интервју, се вадат прилично јаки плати.
Не сум многу сигурна. Од една страна да, од 2015та навака се раздвижија работите со странците што влегоа на пазарот и тргнавме во добра насока. Ама како што почна да се штанца кадар во последно време, се гледа дека се игра на квантитет, а не на квалитет. Од 2017та до сега се приметува драстична разлика кај децата што доаѓаат на интервјуа за џуниори, од година на година полошо станува. „Академиите“ што никнуваат на секој чекор уште повеќе ја влошуваат состојбата, но и факултетите се' послаб кадар испорачуваат. Ама тоа може и се совпаѓа со твоето „Ако не се самоуништиме“.
Шо знам. Пазарот се шири, постојано се отвораат нови можности за примена на ИТ услуги во светот. Плус, експоненционално се развива технологијата. Колку повеќе се развива, толку повеќе нови примени ќе се наоѓаат. Мислам дека ќе расти уште долго.
Примени ќе се наоѓаат Вајлд, ама ако нема кој да ги имплементира пиши пропало. За да продолжи да се развива секторот во Македонија со исто темпо ко досега, мора да се обрати повеќе внимание на образованието во ИТ сферата. А не секој што ќе му текне да може да запише и заврши факултет и кога ќе дојде на интервју да ти мафта со дипломата, а нема поим од основни работи, и да очекува дека само поради таа диплома си должен да го примиш на работа. Не фала, пре би да работам со некој со средно, што дома сам учел од курсеви по интернет, ама го сфатил тоа што го учел и е заинтересиран да продолжи да се надоградува. Ама многу малку се и таквите. Инаку, луѓе што знаат и можат да куцаат код ги има во Македонија за извоз. Ама за да бидеш добар програмер треба малку повеќе од тоа. Е тука затајува образовниот систем последниве години.
Како да не, им е гајле што си учел на финки и си препишувал на пола испити. Кај нас диплома нема вредност ни значење. Колешка моја заврши факултет, па курс и сама си најде работа онлајн за курсот, ни посредник ни фирма. Директ за странци работи. Покажи се и спремни се да платат. Со диплома ни третина плата не може да зема. Јас на апворк работам, се што е поврзано со пишување и никој не побара ни диплома ни ништо. Пишуваш тест текст и ако те бива одма договор ке ти пратат. Мене за пишување ме бива ама куп други работи можеш да најдеш. Тек ако знаеш графички дизајн, било што за ај ти, па и сметководство за УСА, некој програм за видеа правење, уредување слики итн. Сигурна си дека се само последните години? Ни јас ни другарки немаме пракса реална и допирна со она што учевме на факултет. На различни факултети сме. Те тераат да бубаш а пракса нула. И одиш да бараш по струла работа ти велат мора од нула почнеш немаш поим што треба. Пример за тоа колку не се интересираат кај нас за било што е фактот дека во студија за уредување работат архитекти, а не што завршиле факултет за внатрешно уредување или како и да е конкретно.
Последниве години имав можност од прва рака да увидам како постепено опаѓа квалитетот на едукација во ИТ, затоа за нив и зборам. Инаку дека образованието одамна ни е во слободен пад не е никаква тајна. За работа, и јас кога почнав (а не беше и толку одамна) почнав од нула, многу малку од тоа што учев на факултет директно се совпаѓаше со она што требаше да го работам. Ама никој и не очекува од факултет да излезеш со којзнае колку практично знаење. Од друга страна, концептите, основите на програмирање, начинот на размислување треба да се стекнуваат и да се развиваат во текот на образованието. Тоа што кај нас е во голем дел „бубање“, пак е фалинка на образовниот систем.
Моја грешка тогаш. Можеш ли тука или во лп да ми пишеш твои препораки за курсеви за ИТ. Значи нешто што е исплатливо ама реално може да се научи за време додека си на курс. Имам јас сенс за ИТ и сакам да се фокусирам на тоа кога ке порасне синко. Благодарам.
Аии не споредувај пишување текстови и програмирање, баби и жаби Курсистите се само фалинка на образовниот систем и на нив свашта се наоѓа, од фризерки кои као демек ќе станат програмерки
Ако ти е за да научиш, за почеток препорачувам Pluralsight. Првиот месец е бесплатен, после тоа се плаќа месечна членарина. Таму можеш да најдеш видео курсеви за скоро секоја можна област од ИТ и за секое ниво, од почетник, до експерт. Курсевите се добро формулирани и најчесто предаваат преку примери, па паралелно со видеото можеш и ти да го правиш примерот. Конкретни курсеви не би можела да ти препорачам, затоа што зависи кој дел најмногу те влече и што конкретно би сакала да учиш. Ама откако таму ќе си избереш интереси, самата платформа ти препорачува курсеви, твое е да учиш. Дури откако на ваков начин ќе ги совладаш основите и ќе сфатиш дали би сакала вистински да се посветиш на тоа, можеш да размислиш за некој поскап курс со признат сертификат во областа во која сакаш да се насочиш, нормално доколку целта ти е да имаш сертификат. ЕДИТ: За „академиите“ за програмирање што ветуваат дека за 6 месеци ќе те направат програмер немам добро мислење, па доколку за такви курсеви те интересираше не можам да помогнам.
А како ти можеш да си толкава конкуренција со 2 месеци курс наспроти некој што вложувал години во образование? Ти ќе бидеш стручна само во областа (пример тестер рецимо), со диплома земаш ОСНОВИ за повеќето области од ИТ(тестер, фронт, бек, систем админ итн итн). Кој колку ќе напредува зависи само од самиот себе.
Еве јас немам ни Финки ни електро, со средно сум, самоук, сам сум учел дома од курсеви онлајн. И моментално сум на сениор позиција во една од подобро рангираните ИТ компании...И искрено не знам за друг што сам учел на сличен начин, меѓутоа знам доста што имаат заглавено на Финки а веќе длабоко се во овие води и баталиле факултет, и се посветиле само на работата. Инаку се согласувам дека не е само куцањето код за да бидеш добар програмер.
Фала, вакво нешто ми треба. Сакам нешто што е исплатливо, нешто што реално можам да го научам а имам основа и сенс за таквимити работи. Потоа сакам да го уновчам на апворк, секако и тука ако понудат добри пари. Пошто на апворк бараат за се и сешто, плаќаат без проблем (сигурна сум дека знаеш како оди да не должам), а за такви некои работи поприлични суми гледам. Под $20 час нема и тоа почетници. Јас секако сакам и мислам дека можам. Додека не пробам нема да знам дали сум се преценила или сум требала порано да почнам. Работава ми отвори очи дека сакам нешто флексибилно и добро платено. Ова со пишувањето ми одговара ама сакам да напредувам малку. Јас како што знам курсевите се 6 или 12 месеци. Мене не ми се брза, сакам да знам што опции имам. Сакам да научам нешто кое ке ми донесе добра плата. Сакам и да се надоградувам. Не ми прави смешки со нашето образование. Се се само нашето образование не ми е пиказател за успех. Кај мене на факултет препишуваа ко луди, стипендии земаа, во рок завршија. Неписмени. Во ИТ нема лажење. Знаеш или не знаеш. Повеќе верувам на некого што завршил курс па ноќи и ноќи се посветил да се дообразува и да си бара работа за тоа што знае. Јас уште неколку испити имам до крај и да ме однесат на работно место каде што ја бараат мојата диплома ке се чудам што да правам.
Стварно мислиш дека после 6 месеци ќе си толку едуцирана? Плукни залепи оп 1000 евра плата. Најголемата заблуда. Најголемата причина поради која примаат на работа со курс е дека нема доволно дипломци а не дека којзнае колку можеш да научиш од нашиве академии. Ако размислуваш за курс подобро вложи ги парите во некои странски академии. И сите тие ќе ти даат некоја основа за да се надоградуваш понатаму (како и факултетот само шо факулѕетот во повеќе области). А за факултет да, нема доволно пракси, повеќе е теорија ама тој што сака да напредува ќе чачка и вон факултет и нема да препишува ако сака реално знаење да има. И токму ради тие преписите сега вработувањето оди преку 200 интервјуа..и тие скамовите од академии. Е тука се гледа кој знае.
Не е баш така, ќе завршриш Pluralsight и те чека клиент на Upwork со раширени раце. Многу е трнлив патот додека стигнеш до некое ниво да имаш редовни клиенти таму, искуство, знаење и години труд се во прашање. Ако некој ти кажал дека ќе завршиш курс и те чека сигурна работа многу се лажеш. Ни на сон нема 20$ да најдеш одма после само звршен курс на Pluralsight. На Upwork истото важи како и за вработување во МК ИТ компанија, па и повеќе од тоа. Треба знаење, искуство и најглавнотомногу време додека створиш рејтинг...а се ова додека стекнеш неколку години се во прашање.
Џабе се фрлените пари на странски академии. Желбата и упорноста се најбитни, многу мислат дека ќе си завршат курс некој и ги чекаат клиенти и фирми со раширени раце. Ако има желба и упорност не е битно дали учи на Харвард или у Бреинстер...и дома туторијали сам да учи од јутјуб ако има желба и упорност и зацртана цел, сигурно за одредено време ќе стигне до неа
Ама еве има такви што мислат дека после 6 месеци курсче, милионери ќе станат. Полека малце другари, сака многу многу пот и работа. Најбитна е желбата дефинитивно нема збор тука ама самите реклами што ги праат од академииве наши : "стани програмер и вработи се само за 2 месеци" кажува доволно за нив и поради тоа секогаш би преферирала странска академија со реални очекувања него продавање магла.