1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најдобри книги од современи македонски автори

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Val-Dim, 28 август 2014.

  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Феминки колку често читате книги од македонски автори???

    Тука немислам на задолжителните лектири што голем дел од Феминките ги имаат за на училиште!!! Јас лично многу ретко земам во рака книга од македонски автор. Не затоа што ги избегнувам, туку едноставно ретко ми доагаат во видокруг, па така и ретко ги читам. Но, мислам дека книгите напишани од наши современи автори можат слободно да се стават во категотијата со големите светски бестселери!!!
    Феминки ајде да ги споделиме мислењата за современите македонски книги и да си дадеме идеја една на друга што следно да читаме - МАКЕДОНСКА КНИГА!!! :) :) :)

    За почеток - Нај... книга од современ македонски автор што сум ја прочитала и Ви препорачувам да ја прочитате во најскоро време е ЛИКОС - ЃОРЃЕ ЈОВАН ДУЧКОВ.

    ЛИКОС е книга напишана на лесен и едноставен начин, толку примамлив за читателот што страниците се топат пред Вашите очи со брзина на светлината. Секое оставање на книгата ќе го одложувате за покасно, па верувајте ми ќе поминете неколку непреспиени денови!!!
    Мајсторски напишана книга од авторот ЃОРЃЕ ДУЧКОВ оваа неверојатна животна приказна за ЛИКОС многу години по читањето ке ја паметите!!!

    Доколку темава е дупла - канта!!! :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ги сакам книгите на Винка Саздова и Коста Петров. :)
     
    На lana666 и toogood им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Насловот ти е... :|

    Инаку од македонските Горјан Петревски ми е омилен, ама како што рече, лектири да не се спомнуваат... Други не знам, не сум читала мнгоу од македонски, повеќе сум по странските.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Последниот чај од Винка Саздова. Прекрасна книга, ја препорачувам, ме мотивира и ми всади во мене желба за далечен пат, за искусување нешто ново.
     
  5. Aerial

    Aerial Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга, дали можеби знаеш од каде можам да ја купам, веќе подолго време ја барам
     
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    За жал неможам да ти кажам каде може да се купи книгава... Јас ја „позајмив“ од една пријателка, чиј татко е пријател со авторот... На корицата имаше посвета со автограм на писателот...
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    А што е темата на таа книга Ликос? Прв пат слушам и за авторот и за книгата. :$
    Ако може некоја информација повеќе, дали се работи за роман? Ако да - каков роман, дали е трилер, историски, биографски...? Ако може и некој извадок, уште подобро. :)

    Пробав да најдам информација, не е дека чекам на готово. Ама и на Сакам Книги е истото - општи пофалби без ништо конкретно.
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Гоце Смилевски ми е еден од омилените. Му ги имам прочитани сите негови книги освен првата. Не можам никаде да ја најдам ама ќе му ја побарам пошто смртно ме интересира.

    Разговор со Спиноза ми е негово омилено дело, веќе мислам дека имам пишувано некаде по темиве за него.

    Оние што го читате Костра Петров и Винка, нема да ви се допадне Смилевски.
     
    На Bibliophile, Lazy Sunday, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  9. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Горјан Петревски да :):)
     
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Многу ретко ми доагаат книги од македонски автори во рака!!! Но, последните две книги што ги прочитав беа баш тоа - наши, домашни!!! И двете беа напишани со убав стил и го „држат“ вниманието од прва до последна страница!!! Но...

    Понекогаш доага среќа - Винка Саздова :clap:
    Прекрасно напишана книга со интересна содржина и изненадувачки, неочекуван крај!!!
    Низ приказната за животите на Гора и Давид полека, но сигурно доаѓаме до среќниот крај...
    Гора е млада девојка, сликар, и е подвоена личност... Некаде длабоко во неа живее нејзината замислена сестра Ведра... Гора и е „љубоморна“ на сестрата за која што свака дека не постои преку исповедта кај психијатарот... Во исто време „тече“ и нејзината врска со Давид. Тој е постар десетина години од неа, разведен е и има синче кое му е се на светот!!! Животот на Давид се „врти“ околу синчето и желбата да го има само за себе 24 часа во денот!!! По една несреќна случка на неговата поранешна сопруга, тој добива надеж дека ќе му се оствари желбата!!! Судската парница за старателство е тешка... Давид на крај свака дека мајката му е неопходна на детето, а тој засекогаш ке си има свое место во срцето на синот!!!
    Врската на Гора и Давид е мирна, без возбудувања, но вистинска!!! Љубовта мегу нив на крај ги обвиткува со среќа!!! Понекогаш навистина доаѓа среќа!!!

    Две и пол сестри - Милијана Павловска
    Книгава многу ме потсети на љубовните викенд романчиња, што како тинејџетка понекогаш ги читав пред 35 години!!! Само што е далеку пообемна!!! Настаните се нижат премногу испреплетено и очекувано!!!
    На крај секако има среќен крај за сите „позитивни“ ликови, а лошиот лик умира...
    Олга и Елена се сестри. Имаат успешни кариери, но љубовта ги напуштила... Сопругот на Елена има љубовна врска со Дијана за која подоцна во книгата се открива дека е полусестра на Олга и Елена... Нивниот починат татко пред триесетина години имал љубовна афера со мајката на Дијана... И секако Дијана и мајка и секоја во свое време, незнаеле дека нивните партнери се женети луѓе...
    Олга и Елена ја прифаќаат „новата“ сестра. Сите три си наоѓаат нови партнери и среќно си живеат...
    И... Така, презаплеткано, со многу испреплетени настани и ликови...
     
    На Eli23 и crazylady им се допаѓа ова.
  11. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    48.895
    Пол:
    Женски
    Од Винка Саздова сите три книги ми се допаднаа и ме изненадија пријатно:
    Понекогаш доаѓа среќа
    Последниот чај
    Полиња со диви нарциси
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за книги напишани од современи македонски автори, мене лично ми се допаѓаат
    Последната приказна од Ели Г. Радеска и Алма Малер од Сашо Димоски.
     
  13. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Машки
    Ццццц не ми се верува никој не ги спомна Вишновата хроника на Пармаковска, Мојот маж на Румена Бужаровска или пак „Првиот унивезитетски ден на мојата ќерка на Игор Станојо(в)ски. Топло ги препорачувам.
    Истотака, убаво е да се прочитаат книгите на Давор Стојановски, Петар Андоновски и Лидија Димковска.
     
    На Bibliophile, blonde_supergirl, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Каде може да се купи Две и пол сестри.
    Интересно звучи.
    Зирнав малку и во спојлер, Упси :tmi:.
    Барам побрз одговор, можат да ми ја донесат.
    Благодарам :bow:
     
    Последна измена од модератор: 15 април 2017
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952

    Се надевам не доцнам...
    „Две и пол сестри“ ја купив од книжарница на Култура :f:
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Збирките раскази Осмица и Мојот маж од Румена Бужаровска, посебно втората. Имам чест да ми предава писателкава, и ептен ја почитувам и како човек, и како интелектуалка, а и како автор откако ги прочитав делава. Во расказиве толку реално, во современ стил и без влакна на јазик, а притоа и со хумор и сатира ги пренесува своите ставови и го критикува општеството... за секоја пофалба. :bow:

    Збирката поезија Напишана тишина од Јосип Коцев. Авторот го кажувам и фалам пред сите љубители на поезија што ги знам. Огромна реткост е денес преку пишување на фејсбук да се прослави некој со вистински талент. Поезијата му е богата со прекрасен речник, извонредни стилски фигури преку кои искажува најдлабоки чувства. Ја препорачувам на сите љубители на поезијата :bow:
     
    На Bibliophile, Val-Dim, Novecento и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Моментално, Или - Или ги имаат најдобрите (домашни) автори, потпишувам со две раце.
    Но - Уи на Димковска; ајме, ме мрдна! Ме стопли и ме замрзна. Одамна не сум се соживеала и не сум сочувствувала толку многу со (книжевен) лик. А, кога сме веќе кај поезијата, според мене, врвно остварување е Преместен камен на Маџиров. Чиста емоција, изострен сензибилитет.
     
    На Tanjamm, Bibliophile, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Vo koja knizara ja ima ovaa kniga?
    Blagodaram :bow:
     
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Мила, погоре напишав...
    Следното одење во шопинг на книги ке се распрашам :)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Изгубени души - Соња Смилеска
    Сте читале крими драма од домашен автор?
    Мене оваа ми беше прва и ми се допадна.
    Убава напишана, тешка приказна за една мајка што ке го загуби своето единче, за осудата од околината, за испливувањето од вртлогот наречен живот...
    На корицата од книгата пишува... „Ако некогаш во минатото ви се испуштил животот од рацете, сега не дозволувајте да ја испуштите и иднината што е пред вас“... Со малку зборови кажано е многу!