Најдобри книги од современи македонски автори

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Val-Dim, 28 август 2014.

  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Што мислите за Светлана Симоновска и нејзините книги за македонскиот јазик и потеклото на јазикот?
     
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    44.696
    @Annath, ако сакаш да препорачаш добри книги од македонски автори, прочитав дека си редовен читач.

    Јас имам некоја предрасуда оти нашите автори само за античка Македонија пишуваат, најверојатно оти никој не се замара со нивно експонирање и маркетинг...:bandit:
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.330
    Пол:
    Женски
    Не пишуваат само за античка Македонија, таман работа. Имаме модерни автори, и како што реков, си ги почитувам и не жалам пари за нивни книги.
    Лидија Димковска, Фросина Пармаковска, Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Анде Јанков, Игор Станојоски, Јордан Коцевски, Катерина Шошко се само дел од авторите кои ги читам. Што и да земеш од нив, нема да згрешиш.
     
    На Val-Dim, *Ench@nted*, Novecento и 2 други им се допаѓа ова.