Mesto za iskacanje. Ako moze nekoj da mi dade predlok kade da iskacam,kade sto idat deca 14-16 god.(vo skopje).Celo vreme samo vo malo i centar idam i preku glava mi e se edno isto...Fala odnapred
Па летниов период за жал во Скопје и нема некоја којзнае каква забава. Празно е и пусто најчесто. Кафичите покрај кеј се добра опција секогаш, парк ако имаш добро друштво. Едно прашање до поискусните форумџики...дозволено ли е да се напише(препорача) име на кафич, ресторан, дискотека? Не е ли тоа еден вид на реклама?
Па во парк има најмногу тинејџери, ама сега преку лето е пусто, каде и да одиш. Инаку во Скопјево, најубаво во некој од кафулињата, за во лето најдобар избор се кафулињата покрај кеј.
летово најдобро место за излегување ми е хард рок во сабота диско селекшн - вреди да се посети, нема уште долго да биде отворено летното
Лето - чаршија, кафулињата на Ленинова, дефинитивно Излет или Кино Карпош и Хавана во парк. Зима - Излет ќе го спомнам повторно, Алка, Бастион, Кино Карпош, Колосеум, Миднајт...и секако кубанскиот Ла Бодегита Дел Медио. Ама во глобала, во најголемата дупка да се пикнете, ако сте со добро друштво, ќе си поминете незаборавно
Додавка.. биртија Крчма за опивање и Сектор за после 12. Исто така порано и Мамас правеше добри журки ама сега незнам како е, не сум отишла
Оу да Сектор го заборавив и Мамас! Иако последен пат сум била пред година дена, ама си поминавме незаборавно. Веројатно до луѓето е, така ни се погоди спонтана вечер. Почнуваш со кафе - завршуваш во Балет. И да - да не заборавам, Балет ми е на листата многу често кога не ми се оди дома веќе во 3 Додавам нови местенца кои ми станаа пријатни во последно време, Чао - за денско кафенце и коктел барот на ул. Македонија, не знам точно како се вика Apple martini
Од кафичи би ги издвојила како најомилени Интермецо,Кино Карпош,Коктел бар,Кубанскиот бодегита дел медио,Тренд( може нешто и да се касне),Фиренца,Bастион,Aлка сакам поопуштени места без многу галама и гужви,а од дискотеки омилени ми се Mиднајт,Хавана понекогаш и Динамик
За Скопје ќе се согласам со претходните постови, но би ги додала и Арапскиот,горе во трговски, и Енрико. Прекрасна храна имаат.Сакам и во кинескиот да одам да видам каква е храната ама никако да соберам храброст
Преку ден периодов најчесто одам во Њујорк на кеј или во Дежа ву , а за навечер најмногу ми се допаѓа Коктел Бар спроти Бристол и Лонг Ајлендите што ги прават неверојатно , за после неверојатно да не можам да стојам на нозе и Мамас,Маракана и прекрасниот Пингвин Паб кај што освен најдобрата музика и најдобриот коњак уживам во атмосферата, а некогаш ми е убаво и во Кастро на Новата манџа на старата школа. Летно време секогаш пијам во парк некаде на трева или на сепариња , а Хавана во последниве неколку години ми е секогаш непогрешлив избор.
Дали сте биле во скоро време во некое убаво и не многу скапичко ресторанче? и дали сте биле во рагуза, ми кажаа дека било многу убаво и евтино, па ако сакате да препорачате некое
Јас последно бев во ресторанот ИнВино, се наоѓа во склоп на салата МЗТ со тоа што има навистина голема бавча. Атмосверата е малку свадбарска кога има жива музика ама се на се не е лошо. Ние бевме 4ца а плативме некаде 3000 за богата трпеза, на фб имаат профил и ценовник па можеш да си видиш подетално. Убав помин
Амигос, Ла Бодегита дел медио и останатите ресторанчиња од тој тип. Сакам различни кујни. Ремецо, Излет, Маракана, Ленинова преку лето е прекрасна... Потоа Торос, Амика ја сакам многу кога излегувам навечер со мама , Soul pub и Тренд во последно време многу повеќе ми се допаѓа.
Покрај наведените, би ги додала и двете местенца на паркингот кај Холидеј Ин, не ги знам точно имињата, мислам дека беа Куќа и Кула. Добра атмосфера, прекрасна храна, пристојни цени. Посебно ги сакам летно време, во тоа летните бавчи Исто би го додала и Ли, кај Млечен. Имаат милион видови прекрасни кафиња, де со млеко од соја, де со рум, со ова она, мммммм.
можеби прашањево не ми е за темава, но не знаев каде да прашам.. предложете ми некое местенце со пријатна атмосфера и добар чај? (поопуштено за едно есенско попладне)
ме интересира да не бил некој во ова станица 26 (Скопје), многу ме интересира каков е амбиентот да знам дали да се заберам до таму ...го замислувам џубокс стил И дали знае некој да каже што има и кога отвара? (наводно) од 20 до 5 е работно време, ама да не е уствари од 12-1? Благодарам унапред
Викендот бев, Станица 26 е многу добро место ептен убаво направено и голем простор, со Џубокс нема блага веза, џубокс е дупка ова е цела дискотека. Убаво средено убав народ и ме изненади што ептен имаше расположение и атмосфера внатре. Само ако одите ви препорачувам да си резервирате пти инаку тупат на врата.
аа го проверив јас одма истиот ден, ме интересираше најмногу за одењето кое време се оди ама добро го истемпирав И мене топ ми беше. Ќе го форсирам сеа периодов, ќе им станам домашна таму