Најдобри/најлоши улоги

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 21 септември 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.746
    Допаѓања:
    27.777
    дали имате некој/а актер/ка што ви оставил/а посебен впечаток со совршено изиграна улога во некој филм ?? и обрано?

    мене лично многу му се допадна johnny deep во pirates of the caribbean и gerard butler во law abiding citizen
    а за најлоши улоги морам да ги набројам NEW MOON kristen stewart и robert pattinson :puke: ужасно лошо одиграно
     
  2. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    62
    Омилени улоги имам многу... Почнувајќи од Николас Кејџ и Џон Траволта во Face Off, понатаму Леонардо Дикаприо во Shutter Island, а исто така и Бред Пит во The Curious Case of Benjamin Button...

    На лоши потешко ми текнува, најверојатно зашто се незначајни и брзо ги заборавам... Ама еве и јас ќе ја спомнам Kristen Stewart најверојатно во Adventureland (мислам дека така се викаше филмот).
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.376
    Меѓу најдобро одиграните улоги по мој вкус е Кевин Спејси во K-PAX и The Usual Suspects.
    Вил Смит не ми е некој премногу добар глумец, ама во The Pursuit Of Happyness и 7 Pounds си заврши одлична работа.
    Одри Хепберн во Breakfast at Tiffany's, Џулија Робертс во Erin Brockovich.
    -------------------------------------------------------------------------------------
    Меѓу најлошите за мене се сите можни улоги на Кристен Стјуарт, почнувајќи од Jumper, In the land od Women, завршувајќи со сагата наречена Twilight. Нема абер од глума, нема харизма, грда е, ужасна глумица. |(
    Бен Афлек. Што да кажам за ова човече. Да е грд, не е. Ама поим нема од глума, не ми е јасно како му даваат така добри улоги во блокбастери. Има one facial expression, исто како и дотичната мадам погоре.
    Сите улоги му се бедно одиграни. Тиквар :devil:
     
    На Lov3 и Angelche им се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    15.103
    Пол:
    Женски
    Најлоши улоги: Хали Бери во Cat women и Хилари Свонк во PS I love you.
    Не ми работи сега мозокот, ќе се сетам и ќе допишам за уште :)
     
  5. Lisaa

    Lisaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    Улогата на Мадона во Евита :puke: , потоа на Џенифер Лопез во Свекрвиште :puke: , на Вил Смит во Men in black :x Бен Афлек не ми се допаѓа воопшто како глуми... Има многу, ама не ми текнува во моментов |-) (еве зошто) :yawn: И не ми се допаѓаат трите глумици во Чарлиевите ангели(Дру Баримур, Камерон Диаз и Луси Лиу)-не ми се допаѓа како глумат и филмот го мрзам.

    BTW Знае ли некој како се вика оној црнец што глумеше во Сексот и градот(тој што се спанџа со Миранда, што и беше комшија) :lol: ? Е, позгоден и посекси црнец немам видено :$ И не ми се допаѓа улогата на Џулија Робертс во Свадбата на мојот најдобар пријател... Пенелопе Круз исто ми е лоша глумица(посебно во Небо од Ванила)...
    И Анџелина Џоли и Бред Пит што глумат брачен пар, во еден филм(не знам како се викаше филмот, али не можам да го смислам)............................................................................................
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.733
    Значи мојот Оскар за најдобри машки улоги го добиваат :) : Kevin Spacey во 7; потоа Brad Pitt исто во 7 и Meet Joe Black, Leonardo diCaprio во повеќе филмови ми е у глобала многу добар и имам чуство дека заради Титаник е доста потценет како глумец, ама најголем впечаток ми има оставено за тоа како го глумеше наркоманот во The Basketball Diaries; потоа Anthony Hopkins во The Silence of the Lambs и да го издвојам Romain Duris кој ми е одличен во сите филмови посебно во Dans Paris.
    За женски улоги, Penélope Cruz во Volver и Vicky Cristina Barcelona; Marion Cotillard за улогата на Edith Piaf; Julia Roberts во Erin Brokovich; Jennifer Connelly за Requiem for a Dream...итн итн многу ги има :)

    А најлоши? Хм. Дефинитивно најлоша глумица ми е Scarlett Johansson, значи никакво движење кај нејзе не забележувам, еднолична е и иста е во сите филмови. Сто улоги да и дадеш пак исто ќе изглуми, целата нејзина глума е во една линија и заради тоа страшно ми иде на живци. Не знам што видел во нејзе Вуди Ален па ја прогласил за своја нова филмска муза. Исто и Ben Affleck, само што овој ми е барем симпатичен, ама да глуми не знае, едноличен ми е исто. Веројатно би нашла уште еден куп лоши глумци, ама ај да прекинам овде, зошто нема да завршам ни до утре :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.454
    Scarlett Johanson & Kristen Stewart ми го уништуваат секој филм со самата нивна појава. Се прават толку мрзеливо, безживотно да ти се одмили и од филм и од се.

    Angelina Jolie - Alexander, неверојатно лошо.

    Одлична глума на Leonardo di Caprio во Inception. Не сум негов фан, но браво за тоа што го покажа во филмот.
    Никаде без Johnny Depp во Pirates of the Caribbean особено.
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.871
    Hајлоши улоги спред мене се: Jessica Alba во Little Fockers,Machete Aston Catcher во Killers исто така и Catherine Heigl |( Cандра булок во All about Steve, Megan Fox во Jenifers body Hајдобри: Natalie Portman -Black Swan,Love and Other impossible pursuits,Leonardo di Caprio-Shutter Island,тоа е се засега,ке надополнам :)
     
  9. PrincessSuperI

    PrincessSuperI Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Најлошa улогa според мене е Kristen Stewart во сите делови на Twilight !
    Најдобрa Chaterine zeta jones во Chicago ! :)
     
  10. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Леле како јас да сум го пишувала ова. Апсолутно се сложувам, еден од најлошите глумци во Холивуд , според мене, значи кога ќе го видам во некој филм одма ми се одгледува филмот, едноставно ми е синоним за промашен филм.
    Истото го мислам за Џенифер Лопез. Жената е прекрасна, преубава, харизматична, згодна, се по ред, ама..... нема појма од глума, значи толку лошо глуми што се нервирам кога ќе ја гледам во некој филм. Треба едноставно да си се држи до музиката и да си тера работа.Да не ме нервира :D
    Можам смао даљ замисламшто би ми се десило да земам да го гледам Гигли, кај што глумат и двајцата, има да биде тероризирање :devil: