И јас ставав памучни, за месец дена кожата и беше супер. Без влажни марамици, одмивање и бришење со намокрени памучни крпчиња. Мачкав тенок слој на цинк оксидна крема. За пелени се снајдов, домашно направени од фланелски тетри, искроени како старите памучни и поминати рабови на домашна машина за шиење. Маката е вриењето на "пеленчињата" ама ќе стиснеш заби некој период. Инаку директ на пелена ставав. Гњаважа е ама кожата и се опорави скроз, после тоа почнав полека да ја тргам памучната, по една недела само ноќе и ставав и кога скроз ги тргнав немаше никаков проблем
Jas preku den I stavam a navecer klasicna pelena,za da ne ja rasonuvam mnogu so presoblekuvanje garderoba.
Мислам дека не објаснив убаво, и јас ставав постојано класична пелена, никогаш не и ставав тетра како широк повој. Само спречував синтетиката од пелената да биде во директен контакт со кожата. Мојата homemade памучна "пелена" изгледа како откроени гакички (како старите шведски) и затоа лесно влегуваше во обичната пелена со тоа што таа си впиваше се што треба да си впие и си ја фрлаш а памучново го измиваш и го вриеш. Пак ќе речам, се исплатеше гњаважата затоа што кожата и се обнови целосно
Додека беше помал користев памперс, еве сега ги користам пуфис 4ката за преку ден, а навечер му ставам виолета некако повеќе ми држат за преку ноќ виолетата. Генерално пуфисот ми се супер за преку ден.
Кан бебе. Виолета ми се многу поголеми, бекутан се многу крути. Памперс новиот не ме воодушевува. Тие ги имам пробано до сега.
Користевме памперс премиум, искрено очај се и кога се полни многу лошо мирисаат, ми инаат и пропуштено неколку пати. Од пред скоро почнавме со памперс актив драј и од нив сум презадоволна.
Ние ги користиме и презадоволна сум. Ниту еднаш бебе насабајле ми нема станато прокиснат,а штосни ми се и мене пошо шаренки
Бевме долго време со бекутан задоволна сум многу од него, но во последно време почнаа многу да пропуштаат и се префеливме на пуфис.
Мајки, кажете ми дали знаете што е со Слипи пелените од Жито? Долго време ги зимам за малото ама во последно време се потешко ги наоѓам, 5 ки скоро и да нема нигде. Ги прашував и вработените, незнаат што да ми кажат. И ако недај Боже ги снема кажете нешто приближно на нив. Досега најдобри се покажаа тие, друго се пропушта. Ми остана уште Дајперс да пробам ама пусти страв.
За големата ги користев порано, најдобри беа, па ги снема од продажба, па ги вратија и после тоа беа за никаде, многу пропуштаа. И сега за малото од пусти страв да не се исти не сум ги пробала. Ајде баш ќе земам, да видам дали ќе му бидат ок. Фала ти за одговорот
Мајки кажете добри пелени, а да не се скапи . За двете еден пакет за 3 дена, користиме Памперс актив драјв . Секој предлог е добредојден, освен кан бебе, не сум задоволна од нив
Дајперс користам од 4 месец наваму. Сега сме 11 месеци. Презадоволна сум. И јес бејби од зегин имам земено. Не се лоши, а најефтини се мислам. 4ката се 50 пелени за 359 денари.Само во зегин ги има.