^Немаат! Ама се добри Јас купив од ДМ маркет на попуст од пелените и се фини само малку ја утнав гоелмината, земав 4+ ама требало 5ка. Малку се помали од Бекутан 5ката. Така да ги користам за преку ден а навечер и ставам 5ка.
И мене ми беа супер Слип&плеј, ги користевме едно време. Број 2 имаа растегливи лепенки но број 3 немаат. Сепак, добро не служеа, тенки се и добро впиваат.
Леле јас дури сега откако спомнавте ,забележав дека немаат еластични лепенки Изгледа толку многу ми легнаа ,што не им барам мани
од почетокот ги користевме скоро сите Памперс, Canbebe, DIpers но на сите покажуваше алергиска реакција...дали дека сеуште мало и нежно....почнавме потоа со Бекутан и еве уште ги користиме, доста впиваат само се малку крути
Јас земав 3ка ,зошто се до 9 кила ,ама ова ќе биде последна ,следните ќе бидат 4ка. Мислам дека беа 585 за 54 парчиња
ве молам за совет...бебушот веќе има 6 кг и незнам дали да почнам да користам пелени 3 некако ми се многу големи позз
Знаете ли каде во моментов има некаква акција на Памперс пелени? Да се под 1000 денари? Би сакала да ги тестирам. Снемав пелени дома и за проба земав Слип&Плеј малецко пакување број 4. Навистина се многу тенки, некаде како бејбилов, може и малку потенки. Но немаат еластични лепенки како кај помалите бројчиња. И на мојата ќеркичка убаво и прилегаат ептен впиваат. На мисла сум, дали бејбилов или да пробам зелен памперс.
Јас купувам од Космо и на крај на месец си зимам ваучер Ако ги пресметаш пелените ,марамиците,кремот,шампонче сигурно излегуваат над 1500 ,а тоа е 100 денари ваучер
За сите оние кои користат Памперс пелени ,во Тинекс има некоја промоција за купени 2 џамбо пакувања следува ваучер од 120 денари за Космо .Мислам дека вака беше акцијава , проверете !
Дали некој ги има користено или користи од оние колоритните Pufies пелени, дали се подобри и поскапи од Pampers или само на изглед се добри?
Pufies нас ни беа катастрофа..значи ако Pampers пропуштаат навечер еднаш на неколку дена, Pufies ни пропуштаја 2 пати денот.....
На внука ми само Пафис и одговараат, зависи и од пакетот, можеби тие имале некоја грешка, внукава е речиси 2ипол години и досега не сме смениле, освен на почетокот Памперс премиум кеар и еден период Кан бебе, демек поефтини биле, како да не, катастрофа и го направија газето. Инаку се малку поефтинки од останативе, ама многу бе им варира цената, веројатно се работи за непостојана цена од добавувачот, еднаш се 700, друг пат 880, па 920...
Ние почнавме со Виолета мини од 2-5кг. , со оглед на тоа дека и се и големки малку, можам да кажам дека сум презадоволна, досега не ни пропуштиле ниту еднаш.
Првите 3-4 недели користевме Canbebe но почнаа да пропуштаат па ги сменивме па еве веќе 3 месеци ги користиме Huggies
Од почетокот до сега користиме памперс премиум кеар, и сум препрезадоволна, е сега купив од ќејф нели, пафис, и морам да кажам дека се за класа подоле од памперсот, значи класа, секое какање е пресоблакање со нив, а со памперсот ниту еднаш ми се нема десено, башка и самата пелена, од облик, од материјал, колку и да е измочкана, одозгора е сува...значи нема споредба, скапи се, ама вредат за секој денар.
на почеток користевме pampers new baby добри беа, ги пробавме и becutan но многу мислам дека се крути, а сега земавме pampers active baby, но ми пропуштаат и не сум воопшто задоволна. Планирам да си ги купам new baby пак и да не испробувам многу
Еве за мајките кои се скептични кон BabyLove dm пелените, ги сликав во споредба со Daipers Sensitive. Број 4 се и двете пелени.