Јас за синко кога беше мал , користев can bebe , и бев задоволна на почетокот , но подоцна , почнаа да му пропуштаат , па морав да ги сменам . Ги пробав од Памперс и .. ужас . На 2 часа му менував памперс и пак имаше пропуштено . После земав од Бекутан , ок беа ама не ми се исплаќаше да ги купувам ( јас без работа , сопругот исто без работа , по нешто со такси , колку за млеко и останати трошкови околу синко ) , па морав да барам поевтина варијанта . Ги најдов овие , во жито маркетите , на рефус пакување ( 20 парчиња за 125 денари ) и бев презадоволна од пелените . Синко имаше проблем со црвенило и ситно исфрлање на газето од дебелите пелени . Овие беа тенки а и не пропуштаа . Ги користев можеби година ипол , потоа ги прекинаа и не можев да ги најдам веќе ( не знам сега дали ги носат пак ) , па се префрливме на Пуфис , од кои исто не бев нешто задоволна , пропуштаа многу брзо . Ја прашав касиерката во маркет , ми препорача едни Тани да ги пробам , ги донеле како замена на Toujours , исто беа 20 парчиња на рефус , малку поскапи од Toujours-от . До ден денес ги земам Тани . Презадоволна сум од нив . Дебелки се да , ама немаат гајле , не пропуштаат цела ноќ . За 180 денари за 20 парчиња , искрено се исплаќа .
Јас од болница си го зедов бебушот со пеленски осип од Кан Бебе, и од старт почнав да користам Pampers Premium Care. Одма се исчисти газето и си продолжив со нив, еве до 3че сме стигнати. Како добри и Тенера ги фалат, дека не пропуштале а и поприлично ефтини се.
Од старт користам Памперс, до 2ката користев и актив и премиум, мм купува па што ќе му дадат тоа ми немаа некоја разлика па сеедно ми беше. Но кога почнавме со 3ката имав актив и од еднаш мочан смрдеше на мочовина штом се доближиш до бебе, а пак навечер кога спиевме дека подолго време стои пелената и затворена врата, тоа беше ужас плус и како влажно да му беше бодито секојпат Од сега исклучиво премиум се купува и напоменувам секојпат, каде и да е и 4че ќе треба
Ние користевме премиум 1 и 2 ,па 3 се префрливме на актив драј ,И јас во последно време имам приметено дека мириса на мочки штом ќе се доближам до бебе ,и тоа јасноќно време еднаш менувам пелена ,ај си реков мали му се веќе 3че па сменив 4ка земав ама пак мириса ,изгледа најпаметно ќе ми биде и мене да се вратам на премиум .
Jас памперс актив драј од почеток користам, само еднаш имав премиум кер на поклон добиено и не видов никаква разлика, користам секогаш поголемки пелени, сега 4ка, иако има 7 и нешто кила (тоа е моја претпоставка, не е мерен еден месец), ниту ми пропуштиле, ниту мирисаат, на бебе пудра ми мирисаат пелените, гледаме да се Полски, еднаш имавме мало пакување Турски памперс, и не е ист, пропушташе навечер, секое сабајле мокро бебе, проверувајте каде е произведен памперсот.
Јас на мирис и издржливост не осерив разлика меѓу двата памперса. Единствено, акрив драј ми беше покрута како пелена и не ме бендиса.
И ние само памперс актив драј ги користиме и проблем не сме имале се до ова паковање сеа што го користам. И еве сеа проверив и Турска пишува . Да не те прочитав немаше никогаш да приметам, а искрено и не сум гледала производство. Фала ти. Само сеа имам 3 паковања џамбо и мора да ги дотрошам, па обавезно наредни ќе ги проверувам. Навечер му пропуштаа неколку пати, ама не секоја вечер. Па мислев дека е од што се врти како рингишпил во спиење ни на крај памет дека е до производството.
Па зар носат од две земји?? Еурофарм речиси секогаш се купува, 2-3пати Зегин, појма немам која е земја на производство. Баш ќе видам после на кесава од премиум Бројките колку што знам се орентациони, зависи и од конструкција на бебе, 7кг има сигурно бебе, не би да зимам уште сега 4ка да му шклапаат, 3ка му се супер, не го стегаат, ниту му пропуштаат, уште 2недели сигурно ќе може да носи 3че без проблем.
Грешкаааа којзнае шо сум видела, еве сеа ги прегледав убаво и си пишува Hungary. Се извинувам моја грешка во брзање којзнае шо сум прочитала. Еве на самото паковање си стои дата и производство со црн жиг. Другите паковања не ги чувам зашто одма отварам и ги ставам во кутија за пелени за да не стојат така отворени. Па тие незнам што производство се, мада се ист ден купени што значи се истиве. Од Веро ги купив сега кога беа на акција намалени, инаку од Зегин ги купувам.
убави се да. Само има голема разлика меѓу 4 и 5 во величина. 4 ни се мали 5 ни се големи. вајда 4+ ќе се ок. А Дајперс 5ка ни се пасент.
Зашто одамна прекинав да купувам Памперс заради цената (да бидам искрена) најзадоволна сум од Toujours погоре спомнати дека се продаваат како рефус 20 парчиња. Кај нас во Кавадарци се 160 денари едно пакување и на квалитет и за осип, одлични се. Малата ми е со мнооогу осетлива кожа и скоро од сите други се фрлаше ама само од Памперсот на почетокот и од овие не покажа никаква реакција.
@sofi2107 @emkaemka @didisi Јас читав некаде, а после и другарка која работи во Еурофарм ми го кажа ова, и стварно турските да ти биле послаб квалитет, бар кај мене така се испостави, a може и унгарските да се, не знам тоа, не сум користела до сега. Инаку, колку јас знам во Македонија има полски, турски, унгарски и руски Памперс, за жал нема германски, а за германскиот Памперс прочитав од искуство на некоја мајка дека биле неспоредливо поквалитетни од тие што ги купувала во МК. Не ми е јасно како може да си дозволат да имаат таков лош квалитет од некои фабрики, сепак се произведуваат по лиценца, Памперс е бренд, не би смеело да е така, но е. Мајка ми најчесто ни ги купува пелените, и вика дека во Рамстор барем се ептен фер, си пишува фино ‘‘Турски Памперс‘‘, и пониска цена е, ситно ама поефтини се турските, па барем знаеш што купуваш. Инаку најчесто од Еурофарм ни се пелените.
Сега се врати сопругот од Зегин го пратив по Корин де фарме шампонот. Во Зегин на промиција се Памперс актив драј со гратис шампонот на Корине де фарме за 990ден. 5ката со 72пелени. Воопшто да не те чуди квалитетот на наш пазар и оној во Германија и другите земји. Точно дека не се ни приближно ист квалитет, зашто еве другарка ми исто Памперс актив драј ги користи во Германија и кога беше ги споредувавме воопшто не се исти. Па ни шампони, фарби ни козметиката не е ист квалитет ко кај нас.
За првото синче почнав со памперс премиум од прва пеленка одма се исфрли па се префрливме на актив и од тие не престана црвенило , па по ред така сите фирми ги испробавме и на крај од Пуфис не се исфрлуваше па ги користевме некое време додека не земав на заем од јатрвата Тојжорс (или Тужурс како и да е) немав понесени со мене па го ставив на синко тој памперс и видов дека супер го поднесе дека обично одма реакција покажуваше ако нешто не му одговара , па ги почнавме тие од Жито Маркет за цел месец купував на залиха да имам и каде каде поевтино ми искачаше за 139 денари 20 парчиња имав памперс , ама одкако ги прекинаа тие памперси се изнабарав која им е замената и на крај од Жито ме информираа дека имаат добиено замена на тие памперси само што овој пат идат преку фирмата 5-ка и сега со жито картичка ми искачаат со попуст поевтини за 30 денари памперсите т.е 20 парчиња за 120 денари , а башка до сега не имаат ни еднаш пропуштено навечер кај синчето мало од старт ги користиме се овие памперси дека тенки и до сега никакво исфрлување нема покажано од нив , ама денес не најдов т.е немаше на залиха во маркет 5-ка од памперсите и морав од Тенера да земам 48 парчиња 390 денари се е убаво и тенки и ластичиња така кај лепенките во ред , ама одма ми се исфрли , сега додека да добијат на залиха од 5-ка ќе тераме со голо газе почесто и кремички од невен додека го носи Тенера пампесот.