Да не останам покуса и јас купив од пелениве и тоа и премиум и натур Сега ќе тестирам. Ако сака некој да проба праќам 3че
Се мислев да ги земам денес и еко ама ме предомисли тоа што немаа ознака за 12ч. Ај испробај ги и ако не изумиш пиши дали и еко преку ноќ издржуваат. И кој се подобри т.е. кој се помекани, нежни на допир и да не се прават како цигла тврди кога се полни. Премиумов се супер ептен сум задоволна, ама сакам да знам и еко какви се. Ама сеа читајќи ги погоре постовите ми е на мисла што не пропуштале воздух т.е. не дише кожата како кај Памперсот. Ај ќе споделиш за еко какви се.
Прво какање во еко! Хаварија. Низ ногавици течеше. Може не била убаво наместена пеленката. Ќе следам како иде
Аха. Се сум перела. До чорапи беше лом низ ногавицата што протекло. Не се откажувам. Може не била добро наместена. Со секоја пелена може да се случи. Смешно ми падна дека второ ставање и цела под туш заврши
Јас користам Памперс Премиум. Пред некој ден исто како @mariz, бебе лом. А некогаш по 12 саати издржува без проблем. Ми беше чудно. И сфатив дека некогаш не ја местам пелената како што треба. Кога ја отворам скроз цела т. Е ја ширам, ми прокиснува а кога му ја ставам превиткана, како што е и пелената кога ќе се отвори не прокиснува. Ама објаснив хаха којзнае дали има врска. Знае некоја колку пари се baby love 3ка?
Не ја знам скроз точно цената.. но 800 и нешто беа, 100 парчиња. Ние сега тие ги користиме, па додека се супер не ги менувам... Јас па мислам зависи и до конструкцијата на телото на бебињата.. ете кај некои пропушта, кај некои не пропушта... не се сите пелени кроени за сите бебиња, на некое ке се погоди, на некое не... па затоа сите цело време сме во потрага по најубави пелени
Да Ако продолжат да пропуштаат ќе ги сменам Мојов има меше а кај ноџињата е послаб може затоа прокиснува.
Мајки кога имаат вашите бебиња дијареа ви пропуштаат ли пелените ние сега имаме и кан бебе ми пропуштаат низ цел грб при секое какање комплет пресоблекување
Ми пропуштало дека ептен било обилно и многу течно... и нема капацитет пелената се да упие.. друго е мочки, а друго е кака.. а приметиш дека кака, земи ја во раце (да не лежи).. и одма по какањето пресоблакај.. помалку ке се прљате така
Ај да прашам тие што коритите Babylove обичните дали се дишечки (односно дали пропуштаат воздух). Едно време такви користев ама ги сменив зашто не беа со таков дишечки слој и за потопло време баш заради тоа не ми чинеа. Не ми беа како ги нарековте летни. Екото се дишечки тоа си знам ама чуден им беше моделот пред едно две години.
Еве на паковањето нема ознака дека се дишечки како кај Памперсот. Ова за BabyLove премиумот кажувам. Тоа само ми е негативно кај нив и само заради тоа се двоумам дали да ги продолжам со користење. Иначе се покомотни, помекани и кога се полни од Памперсот и еве 3та вечер немаат пропуштено. Едит: еве од флаерот сликички. И еко се недишечки.
Да дадам статус - еко не ги бива. На прво око се мекани, ама ко ќе го фатам бебе во рака, камче е доле кај што ми е раката. Да ги дотрошам и не би купила пак. Овие другиве не се лоши, не се мекани како пампер премиум, ама бркаат работа. Бебе какаше доста во нив и не пропуштија. Не ми ни мириса на мочки/каки.
^^ значи ич да не се лажам со Бејбилов, повеќето гледам се жалите од нив. Фала на споделеното и фала што ми заштедивте некој динар