Јас пак од БејбиЛов сум најзадоволна. Памперс и без пари да ми ги даваат - не, фала, ни во сон. Никогаш повеќе. Втор избор ми се Puffies, трет Дајперс.
Нејќам чим не ги бива, ионака се мислев и дали да менувам, од кога е роден е со Памперс па ни црвенило, ни брунче не му се има појавено. Мислев за поевтино за мочки да давам ама па да не излезе поскапо
Koe poevtino, zavcera bas gledav za sin mi, 5ka so 72 peleni 830 mislam. A pampers 5ka so 78 peleni nekoi si 50 denari plus.
Виолета моментално се намалени и со поени во Рамстор и сите броеви доаѓаат за 430 денари. Пелениве ми се едни од најдобрите.
Jas pampers zimam od vero celo vreme se na nekoja akcija ne znam kako se so ceni po aptekive dali se poeftini?
И мене не ми се фрлаат пари за мочки и од таа причина никогаш не купив памперс. Еднаш ги имавме пробано бидејќи ги добивме на подарок. Ништо посебно за тие пари само името што им е звучно. На почетокот со малово користев бејби лав но почнаа да пропуштаат па ги пробав бекутанот кои ни ги имаа дадено во систина и ми беа добри па нив ги користев долг период, во меѓувреме пробавме и Виолета, Пафис, Дајперс, Лалин, Јес бејби, Т пелени, едни од стокомак им заборавив име а беа фалени на темава, Еви бејби, Кан бебе...од сите најмногу ми се допаѓаат на Виолета и Пафис. Долг период користевме и Миниес од Рамстор кои се едни од најевтините. Јас обично кога има некоја акција на пелени како што сега има на Виолета во Рамстор правам залихи за долг период, па така да сега овие ги користиме. Пробај ги ако ги немате пробано, мекани, без гел, многу се убави. 430 се сите броеви, ние користиме 4ка и има 60 пелени, помалите пакувања имаат повеќе пелени плус има влажни марамици во самото пакување
Земиги премиумот BabyLove малото паковање 469ден 36 парчиња ( јас така земав ) за проба. Искрено ми се боље од Памперс актив драј што ги користам од старт. Покомотни се, ластиците на бутките се подлабоки и не оставаат црвени линии, кај што се лепат делот околу половината им е помекан и по пријатен за кожата не е најлон, имаат ластик кај грбот, кога ќе се полни мочкани не се тврди камен и не стојат како цигла. Разликата е пто само не се дишачки. Памперсот често навечер ми пропуштаа, овие 3вечери е сув. Разликата со цена во Памперс актив драј е многу мала. Пробај ги.
@sofi2107 пишав некаде погоре од Актив не бев задоволна од 3ката, мирисаше многу на мочки и имаше влажно боди. Користам Премиум, ама да дека има бутчиња црвенки му се ноџињата и мешето, а не го стегаат.. Ќе видам за Бејбилов некако многу мани им најдовте, а и ете мислев дека поевтини доаѓаат од Памперсот.. @alisijad тоа е баш евтино и прифатливо за мочки е за тие може да се излажам да пробам, рече во Рамстор Јас марамици користам некогаш Виолета супер ми се. ^^вие машала сите сте ги изредиле А и ми текна @wannaBeMomma еднаш ми искоментира дека влажните на Памперс особено сензитив мирисаат лошо, што знам супер ми се видоа
@emkaemka белите сензитив памперс од прв ден ги користам на секое мењање пелена. Никогаш не ми мирисале лошо. Никогаш малиов немал нит црвенило нит било што. Нив не ги мењам. Синко е буцко и има бајаги бутки дебелки и меше, памперсот иако беше малку поголем секогаш имаше црвени линии на бутки и малку на половината. Со Бејбилав нема ништо а исто 5ка користам. Мене па со премиумит ми беше мака ( баш овде имав пишувано летото кога ги сменив за проба ) може и зашто лето па и премиум немаат гел и страшно на мочки мирисаше и се вратив на актив. Не мирисаше како со премиумот.
Јас користам памперс актив од раѓање и сум задоволна. Се случува да пропушти ретко и тоа ако е мочкана претходно и се искака многу плус.
За Памперс имам лошо мислење, многу ми препуштаат на вечер. ПамперсСензитив ми се подобри, ама од што ги замразив како бренд не ги сакам ни нив ни Сензитив. Ми настина малото секоја вечер помочано Пробавме КанБебе, беа ок. И Пафис беа добри. Ама последно земавме Мини од Рамстор, 60 пелени 315 денари, квалитет ок. По три големи истрошени пакети Мини, уште ми се No. 1 избор. 5.25 денари пелени. Со кејф да ги менам и по 10 пати дневно.
Мене на ништо не ми мирискаат, а маж цело време труби дека му смрдат. Следно обични ќе земам. Инаку во контекст на пелените ги пробав и Премиум и обичниот Памперс. И ми немат некоја драстична разлика, бар засега.