Мојата ќерка ги користи само Huggies, а додека сестра ми ги имаше искористено повеќето марки воопшто не беше задоволна од Canbebe а и јас воопшто не сум задоволна од нив, многу пропуштаат и исто воопшто не е задовола од Pufies. Сепак таа вели дека најдобри се Pampers а Becutan се малку крути, но Pampers се малку поскапи и затоа таа ги користи Huggies, Daipers и Violeta. Тие се едни од најдобрите
Ние преминавме на Бекутан и сега за сега се супер воопшто не се крути и нема веќе црвено газе и брунчиња.. Пробавме со Памперс, КанБебе .Виолета и ниедни не ни одговараа само Бекутан
dali nekoj nasol ili kupil od pampers br4 99komada sto se gi reklamiraat na tv neka kaze kolku pari i kade
Јас да дадам рапорт оти прашував за Хагис, ги купив вчера бр 3 и можам да кажам оти сум презадоволна сега за сега. Воопшто не му пропуштија на малиов, еластични се и во струкчето супер му стојат и воопшто не протекува. Памперсите ок беа, ама па ретко да не пропуштеа. Сега за сега се држиме на овие. Која среќа ги најдов 64 парчиња за 420 ден, на промоција, па се мислам да трнам дури трае уште една да земам м? Инаку од 4 до 9 кг се а ние сме скоро 6 кг,големки се родивме.
Сега ги користиме Пуфис дизајнираните сепак се вративме на старите, многу се меки у убаво дизајнирани. Инаку големото пакување од Памперс се 1125 ден. 99 памперси и ги има во Зегин (мислам дека се само бр.4)
Пелените се меки и добро впиваат, за мене е проблем што немаа поголеми пакувања, само мали (не знам сега дали има поголеми). И цената веројатно затоа доаѓа повисока, мислам дека излегува 16-17 ден. пелена, ова за големина 5.
Сеуште нема големи пакувања, барем последно не видов. Ние преминавме на број 2 ,повторно Виолета, не ни се експериментира некако, а и газето уште не ни е целосно поминато
Памперс веќе 2,5 години, со многу кратки излети со други марки (пр. кога сум кај моите нема Памперс во продавницата па пробавме Бекутан и Канбебе ) еве и за синко сега исто, да, скапи се ама немам проблеми и нема протекувања (со ќерка ми не се случило), т.е. само на синко 1-2 пати, ама мислем дека ќе е до патчето
Памперс од почеток, со тоа што се случува навечер да пропуштат. Додуша и преку ден ама тоа ќе да е до патчето како што рече горда други не сме пробале
Sega zasega Pampers i glavno sum zadovolna.... Se slucuva da propustat ne mnogu cesto, 3-4 pati vo nedelata. Sega kupivme 3, spored kg, ama nekako golemki mi izgledaat. Ako gi zamenam toa ke bide so Dajpers...
Почнавме со Pampers new baby а второво пакување е pampers premium active care јас сум ептен задоволна од вториве првите ми беа по крути
Нема врска патчето пелените не чинат штом пропуштаат. Полско производство, кој знае од што ги прават, па за тој гелот да не правам муабет. Оние Pampers што ги носеа пред години, беа ептен поинаков квалитет од оној што е сега. Далеку подобри и поквалитетни, ниту пропуштаа, ниту алергии правеа. А сега секоја втора мајка се жали дека пропуштаат или децата се нафрлуваат. Јас ова го знам затоа што имам две внуки, поголемата (7 години ќе има наскоро) е порасната со Pampers. Огромна е разликата од тие што ги купуваа за неа, со овие денес што ги продаваат. Јас не ни сакав Pampers, ама мајка ми од ќеф ми купи едно пакување. Јас не ги користев, така ми стои, оти страв ми е од гелот, јас имам ужасна алергија на таков гел, па ми беше страв да не има и малиот. Не дека другите пелени немаат гел, ама не е ваков како во Pampers. Број еден според мене се Pufies, а после нив Daipers Sensitive, трети Бекутан. Инаку, ние сме на Дајперс Сензитив и најдолго останавме со нив, најточни му се. Кај да е, на почетокот на идната година, да сме здрави и живи, ќе почнеме со одвикнување од пелени.
Некогаш ако пропуштаат може да е да треба поголемо бројче, ма без разлика што пишува од колку до колку килограми. Кај мене на пр бр 1 само пет дена ок му беа,па бр 2 скоро 2 недели нецели, па сега сме на бр 3 ама Хагис до 9 кг што се и сум пре пре задоволна. Ниту еднаш не ми пропуштиле. Не знам дали можат да се најдат низ Мк, ама топло ги препорачувам во секој случај.
Според повеќето мисленја што ги прочитав гледам има многу задоволни од Виолета а полаки не сретнав. За друѓите речиси за сите има поделени мисленја така да мислам дека ќе почнам со Виолета кога ке се роди малата гледам има многу задоволни од нив и на квалитет и на цена,инаку многу ми се допаѓат и Пуфис дизајнираните па ќе мора и нив да ги пробаме
Пред некој ден пак се најдов на форум со ваква слична тема и гледам како мајки се жалат одпелените, им пропуштале едно друго. Она што си го помислив беше “па како може да се очекува од пелена да не пропушти “ . Е не им го поставив прашањето зошто се малку чудесни и со сите се расправаат, па си размисував во себе. Искрено до сега сме постојано на Виолета, би лажела ако кажам дека нема пропуштено, да има, се случило сигурно едно 6-7пати. Но за тоа се сметам јас виновна. Секогаш кога пропуштала пелената или не била сменета подолго време, или ептен многу многу била полна, ете и вчера ни се случи да ја наполни толку многу што каква пелена и да беше ќе пропуштеше. Мене тоа воопшто не ме вознемирува, до сега ниту еднаш се немам изнервирано дека пропуштила. Кога е само мочкана не пропушта, но каки така како што кака на моменти не може да додржи(зборам за обилно какање по мин 3 пати, а не била сменета поради тоа што не сме биле дома или сл). Јас сепак останувам на Виолета, можеби во иднина, но не во скоро време би ги пробала Кан бебе или Дајперс, но засега не ми се ризикува, страв ми е да не се нафрли пак.
Нормално Меу дека пелена како пелена ќе пропушти. Кај малиов обично кога спиеше странично.Сега спие исклучиво на грб и со главчето на страна т.е кај тој сам ќе си го сврти и немаат ама воопшто пропуштено. Додуша и бројче сменавме. Пелена како пелена. Важно ми е ластиците да се убаво растегливи, лепенките добри и најважното секако да се пријатели со газето
Дали некоја од вас ги забележала Памперс актив бејби во економично пакување во кутии со повеќе парчиња од стандардно? Мислам дека имаат и интересни цени. Изгледа најефтини се во Карфур, но не знам дали тоа беше цена каталошка за одреден период или за стално. Ги има и во Веро ама се поскапи од Карфур може и за до 100денари. Јас она што ме интересираше беше број 4 и мислам дека за 99 парчиња беше околу 1200денари. Па, ако направам математика доаѓа за мала нијанса поскапо од Бејбилов, а тука некаде со дајперс бидејќи дајперс ги поскапеа (не знам дали секаде, ама во Зегин да).
Низ други форуми читав дека мајките се многу разочарани, конкретно од ова пакување што го земале во Карфур. Едни се жалеа дека гелот не бил ист и пропуштале, а други дека имале пеленски осип дечињата.