Мене Пуфис ми се гледаат како прилично подебели. Скоро колку Бекутан ми се дебели (а овие се најдебели од сите). Ич не ми се слични со Памперс по дебелина. Подебели ми се чинат, ама меки и интересни по дизајн. Јас ги користев неколку месеци се додека не почнаа да му пропуштаат заради тоа што се долги,а тенки и му пропуштаа од страна сега кога е многу активен.
Мене ми е чудно како ви пропуштаат пелениве, озбилно многу имам пробано и со ниедни сме немале проблем, дали два три пати ако куренцето му било на страна па да било мокро бодито, ама кака да пропушти, или утоп да е никогаш. Еве веке 21 месец сме скоро, сега сме на слипи само менува мама пелени, морам сите да ги испробам
На гугл сега онака што ги ѕирнав и мене ми личат за малку подебели од Памперсот, ама заради дезените имам мерак да земам едно пакување , инаку мене ми се супер Памперс и не ни пробувам други. @eli.karameli Бекутан имав во пактечето од болница гратис две пелени, а бе ептен се дебели, мене воопшто не ми се бендисаа.
Од раѓање Памперс премиум користиме и не менувам. Пробав Бекутан еднаш, имав од болница што ми дадоа, абе бебе до врат беше во кака Ај викам може не сум ја наместила убаво, пробав пак, овојпат бетер, и креветот го имаше укакано И решив не ги менувам Памперсот веќе, крај. Имаат пропуштено само еднаш, ама тоа дека ни беше време за поголемо бројче
Ние сме задоволни од Слипи. 2 вечери сме со нив и не ни пропуштија. Штом издржаа 13 часа значи супер се. Ќе си купиме големо паковање.
Јас па задоволна сум од Бекутанот, но новите Бекутан Сега терам со нив и ни еднаш не ми пропуштило, на 3ка сме, 6м е скоро. Старите беа катастрофа, крути, пропуштаа многу.. Инаку старите Бекутан во Жито маркетите се на распродажба со убава цена, најголемото паковање 300 и нешто денари, ако некој ги користи да си знае
@wannaBeMomma сега увидов разлика кај 4 и 4+, вториве се подебели, ваљда поголема впивачка моќ имаат Ех беее да те послушав башка мањак сум 6 пелени Во големина исти се како Слипи 4ките?? Чим се толку тенки за лето да ги имам предвид
Сплет на околности зедов памперс актив драјв од по европава. Врска нема со тие што ги земав кај нас. Воопшто не се кесести и дебели. Дури и пофини од премиумот ми се чинат.
Јас тие што ги пробав ич не ми беа убави.. Ќе купам и кај нас за споредба. Добри каки задржаа за сега до сега освен премиум, ништо не ги задржа
@kukla21 и моите никогаш не биле кесести и дебели. Баш споредував со Премиум и не сум воочила голема разлика. Тенки се и мекани. Чекам да ми донесат од Бг ќе кажам дали има разлика.
Има, 4+ се подебелки Јас тие интензивно ги користам деновиве, читај само ги менувам за да ги истрошам побрзо