Јас земав ваква кутија само број 3, ама од една аптека мислам дека ги земал маж ми. Има 112 пелени, точно не знам колку пари биле, ама мислам дека сметале оти излегувало пелена по околу 12 денари. Инаку сум задоволна, имаат пропуштено ама само каки, а кога мочка не пропуштиле барем досега.
јас ги користам бекутан и досега сум задоволна не му штети ништо,нема ниту црвенило на газето нику во препоните.а му ги менав еднаш со канбебе и одма се нафрла со мозолчиња на ципината,и од тогаш не му менвам поќе ке ги користиме и даље па ке видиме...поззз
сега сме на дајперс...инаку претходно користевме пуфис ама толку многу ги расипаа,што никогаш повеќе не би купила
А зошто мислиш дека ги расипале Pufies, ние едвај се одлучивме и денес ги купивме Pufies 3-6 kg. 766 ден. е ова пакување од 94 пелени. Јас колку што читав задоволни се од овие пелени, па и затоа се одлучивме за нив.
Може некој да ми каже цена на бекутан и како идат бројчињата, 2 од колку кг до колку е, 3??? И каде се најефтини? Користиме памперс ама сакам да ги смениме!
i jas koristam bekutan 3,tie se od 4 do 9 i se 680 den vo vero so 68 pelebi vnatre.a 2 se po 800 den so 86 peleni vnatre.mn sum zadovolna od ovi peleni,i eve sega nie ke odime na 4 rastime.
ние користиме бекутан сеуште сме на 2ка од 3-6кг.. јас ги купувам од Gold Market се наоѓа во Ченто.. 330ден - 38 пелени и големо пакување 68пелени - 640 ден инаку со малово паковање има и влажни марамици од малите гратис.. исто така и јас сум многу задоволна од Бекутанот.. Гледав и во Дм маркетот - исто цените се како во маркетов голд..
Ние на почетокот ги користевме Памперс Премиум (тие во бело пакување) па ги сменивме во обичните Памперс ама многу пропуштаа, секое сабајле менував повој и пижами, несакав да ги сменам зашто мислев дека ако памперс пропушаат тогаш другите пелени ќе бидат уште полоши. Една пријателка од америка кога беше во Мк, за малата зема памперс и ми кажа дека само пакувањето е исто а пелените немаат врска со тие во америка. На повојница добивме канбебе пелени па моравме да ги потрошиме, ама не сум задоволна ич.Исто добивме и некои Мамиа од австралија ни ги пратија, ни ги испофалија ко демек најдобри пелени биле таму, ама секое какање ни беше во пелената и во ногавиците катастрофа невидена. Па ги земав бекутан (џамбо пакување ) ама тоа лепакот на ластиците ич не лепи, и тие пропуштаат. И сега земав мали пакувања од Дајпер, Пуфис и Babylove (виолета одма ги елиминирав зашто тие ги произведуваат бекутан па така да исто ми се фаќа како да сум ги пробала ) и моментално ги употребуваме дајперс и многу сум задоволна, нема насабајле мокри пижами и какушки по ногавиците уште да ги потрошам и другиве пелени и да видам ако не па ќе си се вратам на дајперс
Многу погрешно размислување за Виолета. Има луѓе кои ги користеле и Бекутан и Виолета, па кажуваат дека ии покрај тоа што се од ист производител воопшто не се слични, туку напротив разликата е огромна. Еве јас ти гарантирам дека Виолета се одлични како пелени. Лепенките се одлични, мочкање никогаш ми немаат пропуштено , а преку ноќ не ја пресоблекувам и по 10ч ни се фаќа некогаш. Нормално, неможеш чуда да очекуваш, сепак е пелена, но јас сум презадоволна.
Мајки јас долго време користев Пафис,па после некако лошо ми мирисаа ,се префрлив на Бејби лав на ДМ,но со нив имав проблем со ширината(мали) ,па сега повторно земав Пафис. Како многу добра домаќинка купив од најголемото пакување,зошто поисплатливо е и така добро се зезав Пелениве толку многу ги смениле ,на полошо се разбира да просто на бебето подобро би му било без нив. Пропуштаат од сите можни страни и што е најтрагично самата пелена воопшто не е водоотпорна,туку на секое мочкање го мокри бодито,не од страните туку од напред Едвај чекам да ги потрошам,а тоа воопшто не е тешко ,зошто на секој саат ја пресоблакам малата и тоа не затоа што сакам,туку затоа што морам и тоа се и хулахопки и боди .Најтопло ви препорачувам кога ќе купувате пелени да ги скокнете ПАФИС !!!
Потпис по катастрофа од Пуфис нема и јас така се зезнав едвај ги потрошив број 5 беа.Сега користам Памперс актив бејби 4+ супер се кога сум уз пат си купувам Бејби лов и тие се топ малку покрути ама пропуштање нема со нив според мене надобри од тој аспект и Кан бебе ги користев ама се случува некој пакет да се помали пеленките и нас ни се тесни.
Ме чудите со Пафис... јас за син ми ги купував и 3 и 4 и 5 - значи година и неколку месеци... и никогаш, ама баш никогаш не ми пропуштиле, беа одлични пелени за парите, ама ги сменив со Дајперс поради цената (и поради тоа што кога требаше да купам ново пакување, немаше никаде бр.5). Како и да е, криво ми е што ги расипале, а баш беа одлични пелени. Инаку, ние повремено користиме и бр.6 пелени - Pampers, морав да земам, поради проливчето, со бр.5 од сите страни течеше. Ама сега е добро, фала Богу, па пак сме на бр.5
јас мислам дека најмногу зависи од детето колку се мочка колку мрда и сл. нас сите пелени ни пропуштаат. и бекутан и дајперс и пафис и памперс сега се вратив пак на памперс.некако ми се најубави ама и тие пропуштаат ај нема врска пери машината
јас ги користам бекутан,и сум задоволна.досега се супер.а за пропуштање пред 2 дена сетив кога го преслеквав сабајлето.е сега тој има 7 кг и затоа му пропуштаат па да ги дотошам и ке му земам поголеми.така напрајв со најмалите.видов дека почна да се кваси,и му ги сменав со големи 3.и до ден денес немав мака.можеби и кај вас е тоа,пробајте со поголеми...од искуство ви кажувам...
А бе јасно, мрда... чекај да видиш допрва кога нема да можеш ко што треба да му ја ставиш пелената Ама за Пафис со двете раце потпишувам - никогаш не пропуштиле!
Ги сменале Бекутан (пошто сега прв пат ги користев, на промоција 3 ми дадоа во Веро) или одсекогаш биле вакви? Гледам пишува дека се помеки и пофлексибилни...тоа значи дека претходно не биле? Иначе се покажаа баш ОК
бекутан беа нај први пелени што ги купив и имаа голема разлика со памперсот втори пелени. ко ги видов памперсот си реков бекутанот што се подебели пропуштат овие нема??? ама се покажаја подобри сега незнам какви се и искрено незнам ни дали да ги пробам уште еднаш ама пред 7 месеци беа многу крути барем според мене.
moira мене ми кажуваа сите дека биле многу крути.. ама исто така ми кажуваа дека ги смениле и сега се многу по убави.. затоа и се одлучив за Бекутан.. еве јас да кажам дека нас досега само 1 ни има пропуштено..
Се покајав што памперс ги сменив за бекутан! Вчера ги купив, 3 пати му ставив и 3 пати беше жива вода. Така да дефинитивно се враќам на памперс и не ги менувам
јас користам Слипи достапни се со цената (една пелена иде некаде околу 7 и пол ден) али многу сум задоволна. Ги пробав и бекутан и памперс и кан бебе и виолета но дефинитивно овие најдобри ни испаднаа... иако не смеам да се позалам и од памперсот но сепак цената некако неми одговара