Мене слипи не ме бендисуваат. Ќе потрошам што купив и после ќе си земам "обичен" памперс. Баш супер ми се виде сега.
Здраво мамички вака бебушот е 4 м и уште од раѓање користиме Papmers baby dry но некако во последно време не сум задоволна од нив пропуштаат и забележав дека им излегува гелот, нз какви други да пробам некако сум скептик,на поклон добив Pufis ама бебчо се нафрли црвенило цело газенце и тоа од 3 пелени само, други немам пробано страв ми е да експериментирам за да не се нафрли пак, ваше мислење!? Благодарам
Дефинитивно се откажувам од Слипи. На 2 часа и менам пелена, пропуштаат. Ноќеска помалку мочка и не ми пропушта сабајле, само 1,2 пати мислам. Ама преку ден повеќе моча и напред пропуштат. Кан бебе 5,6 часа може да ги носе и да не трепнат а не па да пропуштат. Слипи се поевтини, ама денес 6,7 пати ја пресоблечам, а кан бебе кога носе 4 пати. Воопшто не ми се исплаќаат
Мами какви пелени да купам за во болница и за првите денови дома? Колкаво пакување за во болница? Кој број? Ништо незнам се плашам некогаш од мојата неинформираност...
Морам да се пожалам од новите бејби лав пелени. Сменети се само незнам дали дошле кај нас, јас од Германија се вратив и таму цело паковање искористив и не ги бива. Онакви се со три впивачки канали како памперсот кога ги сменија, и тие тогаш ги прекинав, сега незнам што ќе правам со некоја нова пелена. Капацитетот за течност е мал и нон стоп утоп беше детето, посебно ноќе и дење на спиење Ќе купам од старите залиха зашто кај и да е ќе ги наредат новите на полици у дм.
Да не треба поголемо бројче да земете? Напротив е поголем капацитетот на моч со 3 впивачки канали. Разликата со памперсот им е што Бејби лав е поширок модел и подлабоки се ластиците помеѓу бутките и ради тоа е помала веројатноста да пропушти кога е полна. Другарка ми е презадоволна ( во Келн живее ) од Бејби лав пелените малата и е 19мес и само со нив е од старт. Баш ќе ја прашам знам зафчера купуваше и не ми спомна ништо. Еве и мојов е 13мес и сум презадоволна од Бејби лав. Најкомотни и најширок модел ( во струк и бутчиња ) е од сите останати пелени. И Кан бебе, Слипи ( сега ги земав за проба зашто тука ги фалеа, тесни и крути ) , Актив драј ( презадоволна сум од прв ден ги користиме само што навечер почнаа да му пропуштаат од страните ), Премиум памперс ( мн мкрисаа на моч ), Тенера ( крути и како најлон ) и Дајперс ги имав пробано ( како цигла се меѓу нозе кога е полна пелената ). Тесни модели и поактивно дете, движи, лази итн и секоја пропушташе. Тоа е мое искуство. Бејби лав премиум ќе ги тераме до одвикнување здравје.
Незнам, со памперсот ни поголем број тогаш не помогна, а знам дека као таков принцип треба повеќе моч да држи ама моето искуство е спротивно, мислам апла онака не држат. Сега купив 5+ од стариве додека ги има, ќе набавам уште бар за ноќе таква да му ставам па ќе видиме, Пафис и Слипи повеќе ми држат течност од новите Бејби лав
Бев приморана да пробувам други пелени зошто памперс премиум почнаа да ни пропуштаат ноќе, а поголемиот број му клапа, зошто нели манекен со 6,5кг е мојов и решив да ги пробам слипи. Дефинитивно се подебели од премиумот, ама имаат поубаво лепење. Вака мекички се и најбитно не ни пропуштаат ноќе како премиумот што почнаа секоја ноќ. Се случува понекогаш, ама не секоја ноќ. Изгледа сме измеѓу бројче и додека не потпораснеме ќе се држиме за овие, а после (особено за летоска) ќе се вратиме на премиум.
Зар ќе сум толкав баксуз таман најдов соодверни пелени и сега да ги расипат Чим е таква работата и јас ќе земам неколку кутии Бејби лав, па се надевам нема од новите да се разочарам. Памперсот преку ден ги користев последниве 1м-2мес и немаше гајле од 3-4ч носење. Ама навечер секоја вечер беше скоро утоп од што му пропуштаа дур ги користевме ноќе.
Mene mi se predobri.Cudno mi e kako im propustaat.Bebe gi nosi od 8 do 8.12 sati ne i menuvam.Dosega ne propustile.Sega sme na 4+
Мене Памперс бејби драј не ми пропуштаа ноќе затоа што бебушот не мочка многу ноќе, ама затоа па преку ден ги менам преку 2 часа не дека е полн памперсот туки пуштаат од гелот и плус синко доби црвенило и ми е страв да го чувам повеќе време да не си отворам поголем проблем кај бебушот.Земав Канбебе ама некако ми се покрути и подебели од Памперсот сега останува уште да ги пробаме. Верувајте дека од сите искуства напишани овде се ми се чини дека нема саалам памперс за бебчињава наши, ќе бараме се додека не ги пронајдеме најдобрите.
еве 2-3 недели сме на новите бекутан и многу сум пријатно изненадена. ниеднаш не пропуштија а ги тестирав до мах. поважно не се исфрли. засега останувам на нив а и со цена ми се супер.
Јас за големата дури да ги откажеме пелените бев на новите Бекутан и сум препрепрезадоволна. Сега и за бебето си купив пакување од најмалите. (Ова од ќеф за да си бидам спремна кога ќе ни пристигне)
Дали имате купувано Памперс пелени во Кам маркет,и дали се истите што ги има во зегин ? Ми се видоа доста поевтини.
4ка со 90 пелени околу 990 ,ама сега видов дека и во рамстор се толку,дури и нешто поевтини,на акција се.