Јас ги зедов 945 од Кам, би требало секаде да се иста цена... Или не Инаку на темава... Секакви имаме пробано. Од Бекутан се нафрла и веќе не зедов. Од пуфис бев задоволна ама почнаа да му пропуштаат. Дајперс многу дебели и како цигла му стоеја ко ќе беше полна. Кан бебе не му одговараше калапот мали му беа. Ни имаа донесено 2 пакетчиња шо не им памтам име ама ко најлон беа. Последниве неколку месеци сме со памперс актив и задоволна сум, само еднаш му пуштија каки до вратот, ама изгледа до мене беше. Уште слипи не ги пробавме гледам повеќето ги фалите, па следно ќе земам за проба, да не останат непробани и тие.
Да изгледа беа 945,гледав на многу места и ми се измешаа веќе цените Слипи се ок,ама некако ко дебелки ми се,ко да го спуруваат некако. Земав сега пакетче кан бебе ,ама најверојатно на крај пак памперс ќе земам
Прв пат дунде се разбуди мокро од мочки. Прв пат навечер и ставив од македонските памперс актив драј. Може не е очигледна разликата, ама странските не пропуштија ниту еднаш. За преку ден се ок, ама за ноќ јок веќе. Ми ги фалат пуфис, па може и од нив да пробам, ама за ноќе премиум не мењам.
Купив Пуфис Вистина тенки, шаренки, пошироки од досега користените (Памперс Премиум и Слипи), ама некако тешко ги наместив, што знам мака видов, а и бебе ептен преташе. И за неполн саат бебе се искака и лом се стори, протече низ ногавица се тешам и сакам да верувам дека лошо му ја наместив, еве пак ја носи, ќе видиме втор дел
Ние ги пробавме слипи. Прошушти ја еднаш на денско спиење. Си викам ај не сум ја наместила убаво. Ама колки смрдат, лелее...викам сега сменив пелена пак ли се искака. Но само мочки. Си се вратив на кан бебе. И од кеса се подобри од тие од кутија, иако сум презадоволна од нив. Нај ефтини ми се од сите останати, така да вероватно со нив ќе тераме ако остане овој квалитет.
Јас користев од почеток малку памперс премиум, добри беа. Па продолжив со Бекутан. Ми беа многу крути а тогаш и немаа растегливост кај лепенките па сменав на кан бебе. Најзадоволна сум дефинитивно од нив и да , подобри се во кеса отколку во пакетче. Пред месец дена пак на некоја промоција зедовме Бекутан, некое ново пакување и се излажавме со ќебето гратис. Катастрофа жива. Мирис само од мочка неубав. Мм има таков осет за мирис и никогаш не погоди дека е само мочка а не и кака. Се враќаме на канбебе пак.
Незнам, тројка сум земала досега канбебе. Бекутан зедов и тројка и четворка, тројката имаше во кеса 52/56 не сум сигурна а пакетот 4 беше 90 броја. Претпоставувам тука така се некаде и кан бебе по броја. За цена нз.
До сега најдобри Пуфис за преку ден. За навечер пропуштаат и користиме Бејбилов ист број и супер се,ама подебели од Пуфисот и затоа се замо за ноќе. Памперс ми мирисаа,Дајперс и Виолета покрути беа,Бекутан и Џан Бебе воопшто не ми се допаднаа...
Баш сакав некој да сподели дали Пуфис се погодни за ноќе, дека тенки, епа фала на одговор да не направиме потоп во кревет
Јас мислев Премиум да зедам за спиење, дека сепак потенки од Слипи.. што знам мојов некако зареди по 12-13ч да седи во една, па некако тенки ми се за да издржат толку мочки, плус штом стане кења, па многу ќе му дојде на тенкото пампи ^^инаку плус им е на Пуфис што се и поширочки
Дунде за навечер е во премиум. Седи исто по 12/13 ч и си кака. Не сум видела мака. Другите пелени слабо се покажаа за нејзините каки
Јас од Слипи сум позадоволна за навечер, може дека лепенките се подобри или јас подобро ги местам. Премиум знаел да пропушти ако е повеќе од 10ч, ама сакам да му дадам шанса дека потенки, а и 5ка мислев да зедам или 4+ со поголема впивачка моќ нели се тие
Мене премиум ми е таман и не го мењам. Актив драј што купив и котистев во туѓина не пропуштија. Ама затоа тие тука шѕто ги зедов беа крш. Секое сабајле утоп.