До бројчето е. Пробај 3. Не значи дека лепенките не треба да се лепат една до друга за да смениш на поголем број. Не е само во мешето, и во бутчињата може да се мали пелените и да пропуштаат. Кај повеќето бебиња веќе од вториот/третиот месец се почнува со тројка.
Да споделам само во врска со Слипи влажните марамици , задоволна многу , ги користам еве една недела , мекани , без парабени , парфем , алкол , 90% дестилирана вода се - Топ ми се , тестер од пелените земав денес ќе ги пробам и нив , и така сеа фрламе поначесто пелена , можи да експериментираме ..
Мами кој имате веро картичка , памперс се на акција во веро од 1116 на 899 ден до 6 јуни. Во едно ако може да ми кажете. Јас за старт 2 ка треба да купам? Или можеби има 1?
За близнаци не е подобро големо пакетче едно за двајцата? А и помали ќе се родат , не знам двојка од кога се користи?
Кецот е од 2-5кг Двојка 2-6кг Можеш и големо, секако ќе го потрошиш. Плус две се. Ако мислиш дека ќе им бидат мали кецот тогаш почни со 2ка. Иако мислам дека со кец би било таман. Мојот мал се роди и почнав со кец. Потрошив едно мало и едно големо пакување. Па продолжив до двојче.
Значи веро изгор е станато а јас мислев повеќе кркам затоа повеќе пари ни идат . Фала ти идеме во еурофарм.
Земи си картичка еурофарм. Така збираш поени и секои 3 месеци ваучер имаш. Ем двечки ќе имаш, повеќе пари ќе збереш. Можеш што сакаш да си земеш после.
Маж ми од Веро минатата недела ми донесе два пакета Памперс со по еден Ленор Сензитив голем мислам 850ден. Да го прашам ќе кажам точно. Ама мислам Веро беше.
@emkaemka може ли да ми кажеш споредба помеѓу Baby Love и Пуфис? Не сум пробала до сега Пуфис. Актив драј Памперс до оред некој месец користев дур не почнаа да пропуштаат. Сега веќе повеќе од 2 месеци е со Baby Love и задоволна сум ама па некако ми се подебели за летово. Највеќе ми матат ум што нигде на кутијата ниту на гугле нема податок дека се дишечки и за роа се мослам да ги сменам. Дајперс, Канбебе, Слипи, Бекутан, Премиум и слични пробав и фрлив ич не ми се по ќејф ( мое искуство сепак ). Кажи ми само дали Пуфисот се исто широки како Bаby Love? И дали се потенки и дишечки? Колку има во 5ка паковање да не знаеш и цена? Извиниииии те избомбандирав со прашањава
Пуфис се помекани од бејби лав. Ширина слична (бар кога ја ставам). Сум пробала 2-3 пеленки само, може не сум релевантна. Мене бејби лов ич не ми се погодија. Пуфис поарни ми се видоа. Ама па и бебе не кака толку ко порано, па може и до тоа е. Пробај. Не знам дал има мало пакетче, јас добив поклон од снајка
Користиме Кан бебе 6ка (16+кг ) ама протекуваат. Бебе има буцкасти копанчиња и повисока е и покрупна за нејзина возраст , и супер активна.Многу често мениме пелена има "свилено дупе" прцлата моја одма се вцрвува ,и пак протекуваат -значи мали ни се .... Предложете поголеми пелени
Фала кукле најбитно ми е да се потенки. Еве читав Пуфис се со дишечки слој па ќе ги земам за проба и за летово ваљда ќе се погодат.