Не гледам тогаш поента во нив ако се за одвикнување, пак се како пелена. Баш дете и треба да осети дека му е нелагодно кога ќе се помоча и кога ќе биде мокар по нозе. Низ цел стан нема да има мочки кога би бришеле по него. Ние сите сакаме да бидеме практични, знам, ама за некои работи треба да се помачиме
Таман работа да не се бриши по дете, па како и да е секоја од нас верувам дека минимум 2 пати дневно џогира . Јас лично сум забегана педантерија па не би дозволила да му тече моч по нозе нит да моча по мебел. Нит мене ми течело по нозе па да се осеќам нелагодно па сум се одвикнала. Пред 38г кога сум била ја во процес на одвикнување ( оние постарите сигурно ги памтат од муабетите по дома или на слики виделе ) имаше како гаќички мушамка и со нитни беа. Ни ставаа по една тетра свиткана во правоаголник меѓу нозе и овие гаќичките одозгора. И не ни течело по нозе. Но и тек како има поента во наменски гаќички за одвикнување. Ок, ќе изџогираш па и пребришеш и со крпи и средства.....а гарнитура, спална и кревети? Усмрдени ќе останат или ќе мењаме на 1дна недела нова гарнитура? Зашто мочта кога ќе навлезе и упие внатре верувај ниедно средство па ни вакум правосмукалка тоа не го чисти нит ја сузбива миризбата. А, како ќе му забраниш на дете да не се качува по гарнитура, спална и кревети? Или све ќе покриеме со мушами и најлони? Пола стан ми е плочки па и да моча и по нозе да му тече мање више. Но, да дозволам мочки по кревети и гарнитура ни во лудило. И нема потреба да се убедуваме. Пелена е пелена, а гаќички за одвикнување се гаќички за одвикнување. Пелената со својот внатрешен слој ја заштитува кожата да не е изложена на мочта, т.е. кожата е сува. Гаќичките за одвикнување се гаќички и нема заштита од впивачка моќ, ниту пак кожата да е сува. И не да ќе осети дека му е нелагодно туку и ќе си е мокро утоп, но внатрешниот измеѓу слој на мушама не би дозволил да мочта истече. Т.е. нема да купуваме гарнитури и кревети на секоја 1дна недела и да ни мириса на моч по дома. Колку и да си ги сакаме децата сепак хигиената е на прво место. Како и да е ќе си се помачиме овака или онака секоја ќе ја поминеме таа фаза. Нема бегање од одвикнувањето на пелени. Но, среќа на пазаров постојат новитети кој фала Богу ни овозможуваат да поминеме полесно, а најголема помош ни е тоа што кревети, гарнитири и спална не би мирисале на моч. И навистина е така да не се лажеме. Ене ги некој од другаркиве мои купуваа нови гарнитури, ништо не ја вадеше таа миризба и флеки. И да мирисаше страшно. Пелена полна мириса сабајле кога им вадиме, а не па мебелот. Али океј секој како мисли така си практикува.
@sofi2107 мојата не мочаше по мебел, туку кога беше во стоење/одење, значи на паркет и плочки се помочувала па сум бришела. За спиење додека не се осигурав дека не ја полни пелената, не ја тргав. Мене ми раскажуваа дека нѐ учеле исто само по гаќички низ дома. Зашто кога ќе ставиш било каква мушама тоа е пак еден вид изолација како пелена. А еве и јас сум тука од твоите генерации. Не е ни толку комплицирано тренирањето, сепак не го правиш кај бебе туку кај детенце од барем две години кое веќе разбира.
Од кога почна да ја одвикнуваш ќеркичката? Искрено незнам, може индивидуално е кај секое детенце. Еве неколку што ги знам буквално и седејќи на мебел мочкаа. Да знам дека не би на мебел тогаш и само по гаќички би го оставала. Уште е рано за мојов (14+) којзнае како ќе биде . Се надевам лесно ќе поминеме. На нокшир го научив за какање од 6+ ( веќе самостојно и седеше ). Бидејќи сум со него 24/7 кога ќе го видев дека ќе почне да кака одма на нокшир. Еве сега со рака покажува накај нокшир кога му се кака. За мочкање незнам како ќе биде. За секој случај ги имам и гаќичките за одвикнување па ќе покаже времето и самото дете дали ќе ги употребиме. Ако е одвикнувањето после 2г ќе е лесно, таман лето догодина ќе не фати па може и на одмор да го одвикнувам. Сепак фала на мислењата и советот
Почнавме во мај, таман кога затопли, за да биде по гаќи по цел ден. Тогаш имаше две години без месец (во јуни е родена) и цело лето траеше тој процес, по сто пати на ден ја седнувавме во нокшир. Веќе до крајот на август се одвикна. Ноќе не мочкаше во пелената многу порано пред да почнеме со одвикнување, и тоа некако беше знак дека треба да почнеме да ја одвикнуваме. Супер е тоа што кака на нокшир твоето, но мало е на 15 месеци скроз се одвикне. Убаво викаш догодина ова време, најчесто тука околу две-две и пол години се спремни за одвикнување. Свесни се и разбираат.
Јас вакви гаќички купив од дм од Германија, во упатството баш пишуваше дека ја задржуваат мокрачата но дека на детето му е непријатно зошто се осеќа мокро и тоа придонесува да разбере дека не се мочка во гаќи. Би зела и од бисер уште некој пар, нека има, мене дома подот ми е со прореди измеѓу па истурена вода ми бега таму и неможам никако да ја соберам а камоли мочка...незнам што ќе правам
Od ragjanje sme so pampers super se ne propustaat i po cela nokj... samo mnogu mi mirisaat... dali i drug go ima ovoj problem i dajte predlog za drugi izdrzlivi nepropuslivi ...gledam tuka mislenja site si se individualno treba site da gi probame
Ги тестирав пафис за ноќно спиење. Добро издржаа, а сабајле не мирисаа на мочки. Ќе барам сега да купам друг дезен. летно сладоледче
Чим на дунде на пропуштиле , да ги пробам. Оти ного се џиџани. Имам дома 3пакети Памперс. Или сите купуваат или нема.
Вчера за прв пат купив Бекутан од новите. Вечерта му ги облеков на син ми . Добро издржаа со оглед на тоа што пие многу течности навечер Најчесто користам Кан бебе , ако нема тоа зимам Пуфис. Но Кан бебе за нокно спиење се најдобри до сега .
Покомотни се од Памперсот или исти на големина? Оти Памперс зимам 4ка , ако нема уште 8кг. Јас и на гаќичките им удрив меракот. Сакам и нив да ги пробам.
Во однос на премиум се помали, а послични со актив драј. Ко за маже твое има едни со крокодилче 4ка 4ка се од 7кг на пуфис. Гакички кои?
Гаќичките се мн непрактични , доста се испожалиа од нив и овде, пријателка ми даде 2 еднаш и се погоди се искака потечно , сета каша дури соблечам , имаат зад раб за кинење/соблекување ама некако не е тоа тоа , при одвикнување , за слечи-облечи погодни се поеќе мислам .
Јас по грешка имав земено бејби лав. Каките беа во грб цело време и не ми се видоа згодни за облекување
Да , тоа се жалат сите , или лом или на слекување ќе го напраиш лом А дека се фенси , фенси си се , и се наоѓаат во оној период кога неможиш да ги налегниш за слекување ( плачење , вриштење имаат една фаза ) затоа мислам дека едноставно при одвикнување преку ден , може да бркат раб , оти цело време слечи облечи е , па бега