Срц шо ќутиш,шо не кажуваш порано вакви информации На 2мин од дома ми е,позади зграда Ама дали зашто не сум ги користела па ич не сум ни приметила. Но,последниве акции им се претежно на Памперсот актив драј. Ама фал на инфо баш сеа ќе ѕиркам и така секој ден пазарам таму. Па убаво е залиха да се напраи чим се толку ефтини. Нејќе мила да ми ја отвори содржината поима неам зашто, вака и пред некој ден ми праеше и се откажав. Преска пробував, сеа пак и нејќе. Ќе пробам покасно пак. Фала ти Дали овие Пафис ги има кај нас? Овие паковања гледам се со ептен појаки, пошарени дезени. Сеа на гугле ги најдов, ама кај нас не ми паднала во очи црна упаковка на пелени до сеа.
@pandelka кан бебе од ќесињата си приметила ли да мирисаат лошо? Од кутиите не ми мирисаат, а овие од ќесата приметив дека мирисаат. Преска мислев какана е, така мирисаше, а не била.
Да, сум приметила. Исто и квалитетот како да им е полош. Тие од кутијата сум презадоволна, ама кесава не баш. Дали 4 кава се такви само :/ .Следно кутија ќе земам изгледа, 74 броја биле ама нз колку пари се.
750 се. И јас сум задоволна од кутијата. И овие не се лоши, освен мирисот,а и потенки се,ама па сега на топлото не сакам дебели да и ставам.
барам да не има и други 5ки со дезени како 4ка, 3јка итн. Викаш 4ката е со сладоледчиња, 5ка нема тоа. Ама јок 5ката се тие 8дезени не баш забавни
Пафис кога користевме и јас барав различни дезени, ама не бе, низ цел град истиот дезен со месеци, дали така ги набавуваат не знам, ама да најдеш различен дезен од иста бројка во ист маркет не верувам.
нема да го збере, еве и 5кава му е фес за разлика од 5ката Baby love му беше покомотна. Ај може она црното паковање на Пафис ќе го најдам па пофенси се тие дезени.
Како поминавте ноќеска со Пафис @sofi2107 ? Од ќеса или кутија? Јас пишав претходно дека овојпат Пафис ме разочараа. Насабајле газето му е мокро на малово.
Да ти признаам ептен на ризик му ги стаив вечерта и неколку пати станував ноќта. Не мрднаа и кога му ја соблеков за да го туширам беше сува кожата и напред и позади. И исто добро е што ич на моч не мирисаше. Но, мојов како што имам пишувано е скледџија ( спие само на боди на прерамки,покриени сме со тенко чаршавче и прозор на кипање ) и со Baby love позади му беше често мокро кај половината и газето. Да не е и твоето скледџија тогаш од тоа ќе да е мокро. Пробај подвиткувај ги и позади како и напред. Мокро од самиот најлон на пелената ваљда што го спурува. Па јас почнав веќе со недели и позади да му ги подвиткувам пелените, да не го допира тој најлонски дел на кожата. Само ми мати ум едно нешто....Baby love 5ка кога ќе му ја ставам долниот дел е покомотен и така подспуштен ( лабав ) , а Пафисов му се баш фес прилепени. Не му беше сабајле преполна пелената ( не цицаше многу ) па незнам на полна како би била предниот дел зашто е фез. Инаку ќе терам со Пафис ептен ми се допаѓаат. Од ќеса ги земав. Ама ќе земам и кутија ако начекам ( ми вршат работа кутиите за смалените алишта му ги складирам ). А, зар има разлика од ќеса и кутија? Кутијата има повеќе парчиња или исто се 50/5ката ?
Во кутијава што ја зедов има 78 парчиња. Си велам од ќеса да не се подруги. Овие мирисаат ептен уште неставени, не па мочкани. Моево веќе не цица, ама знае ноќе вода да побара и сабајле полни му се пелените. Реков да ги дотрошам, па ќе се вратам на БејбиЛав, подобри се за него. А дека го спуруваат, и тоа како. Цел ми беше нафрлан на половината и од страните пред некој ден со вруќници од пелените. Веќе не му се прави така, ама дефинитивно не ги бива овие Пафис од кутија.
Уффф фала на инфо, тогаш да не се залетувам со кутијата. Види, може зашто се во најлон паковани па директ во кутија препаковани. Па додатен вакум, топлина при пакување, нема ваздух да диат и може затоа мирисаат...шо знам ете така мислам. Така мирисаа лошо Памперс актив драј во кутија ( специфичен мирис ) ги користев до пред некој месец. И последните месеци зашто веќе ми се смачи од миризбата ( а ептен му се погодија ), купив од оние големите шарени кутии од Базаро. Еве и ден денес и со Бејби лав така праам, а сеа и со Пафис ќе е така. Ги вадам и ги распостелувам сите пелени на спална. Отварам ширум прозор и ги оставам пола саат-саат да се излуфтираат. После ги ставам во кутијата. Ептен боље и никад не ми мирисаа. Кутијата секогаш пред да ја наполнам ја бришам со средство за дезинфекција ( па и тоа им сузбива мирисот ). Кажи ми ти мене друго ме занима....колку пелени на ден на малово му мењаш? Грубо бројка. Дали исто тераш како порано на 3-4ч мењање или не?
Зависи. Кога како. Не менувам често цело време. Кога сум дома дневно до 6 пелени менувам. А кога сум на работа, не знам како му менуваат стариве, ама не го држат долго со една, тоа знам. На две недели точно купувам кутија БејбиЛав со 72 парчиња. Можеби има разлика од ќеса и кутија. Лани од ќеса користев за малово, 4ка, мало пакување, арни беа.