Па добро, ќе ги пробам и виолета може и тие ќе ни одговараат, еве моментално пуфис ги користиме и не се лоши и тие.
јас денес зедов бекутан ги фалите некако, па да видам ама не ми се сигурни ај ќе видам вечер како ќе се покажат
Катастрофа се, и јас се залетав да ги купам и како што кажав претходно 3 пати му ставив и 3 пати беше утоп. Памперс си е памперс
во право си ужжжжаааассссс памет за друк пат пампер е памперс поќе менвање нема шанси арно мало паковање што зедов
Еве веќе два дена ги користам и добри ми се гледаат .Инаку актив бејби се и на акција се ,ама само 4ката,другите се 695.
Јас ги пробав Актив бејби и од Памперс , ама земав бр3 па мали и беа , лепенките многу брзо се кинеа И купив пак Baby dry бр4 најдобри ни се сега за сега него пакетот го заборавив кај свекрвата у кола , и гледам дома уште една пелена ...само за вечерта да ја искористам сабајлето и ставив пеленка Pampers new baby најмалите за новороденчиња , ама морам некако да се снаоѓам
Јас пишував дека зедов Pampers бр.6 за малиов кога имаше проблеми со проливот, демек поголеми. И добро, помина тоа, ај да ги дотрошам... леле луѓе мои едно црвенило, едни брунки на газето.... страшно! Сега гледам дека имав право што воопшто не ги зедов Pampers од старт. Како и да е, на Дајперс бр. 5 сме пак... само веќе почнувам да го спремам за одвикнување, односно да го учам на намената на wc шолјата. Како ќе биде, ќе видиме.
Според мене најдобра пелена е онаа која нема да предизвикува иритација на бебешко газе а и ќе биде прилагодена на домачниот буџет. Јас од прв ден користам Кан бебе и си реков ако приметам било каква иритација ке ги сменам за среќа супер ни се погодија не дека не ни пропуштиле се има случено и тоа но мене тоа не ми е проблем ,бидејки пропуштила од што била премногу полна и не сум ја сменила некои си подолг период. Ние користиме 3ка и за 74 пелени плаќам 630 ден искрено ми одговара овааа цена ,Памперсот ми се скапи можеби се подобри незнам не сум ги пробала ама се дур е вака со кан бебе ќе си терам со нив.
Ги нема, тие се прават баш за dm. Кога ќе доаѓате накај Ск, земи си за проба, мислам дека се одлични за секое г'зе.
Ако купуваш сега првпат пуфис затоа не знаеш какви биле претходно.... Малата има сега 2 години и откако е родена до пред неколку месеци ги користев само нив,значи немаше поубави,помеки,поквалитетни од пуфис....стварно беа екстра ама сега се катастрофа,од друг материјал се направени,пропутаат дење а за ноќе да не правиме муабет...жива вода!
Епа тоа е, веќе ги купив, јас читав мислења низ целата тема, ама изгледа пофалбите за овие пелени биле во постари мислења, и откако ги купив истиот ден почнавте да ги напаѓате. Јас уште не сум ги отворила да ги видам какви се, сега ме предомислувате, па не знам дали да ги пробам и да ги потрошам овие или да купувам нови. Само не знам да не се навикне на нив од почеток па после други да не одговараат.
За преку ден ќе ти бркаат работа,а за навечер ќе си земеш други .Овие брзо ќе ги потрошиш ,зошто на 2 најмногу 3 саати ќе менуваш пелени.Ко што кажа предходната феминка ,порано до пред некој месец беа супер ,но одкако се појавија дизајнерските Пафис ,овие ги израсипаа.И јас пред една недела се излажав повторно и ги купив,но купив и Памперс ,па ги комбинирам
Здраво на сите го читам форумот и морам да ви дадам мое мислење.Имам две дечиње Сара ми е 2 годинки, а Марко ми е усте малце 4 , Јас мозам да ви ги препорачам Pretty Baby швајцарски пелени ги користев со марко и стварно сум многу задоволна многу се квалитетни а и не се многу скапи , со сара ги користевме памперс но искрено малце скапички ми беа сега во гјорце во аптека наидов на нови пелени VIP baby во аптеката ми казаа дека биле исти како памперс а доста се поефтини ги пробав и стварно многу се убави ,не пропиваат и плус имаат многу убави растегливи ластици , поздрав до вас
Обавезно треба да видиш дали бројчето одговара со килажата на детенцето, пробај со 3 и мислам дека ќе бидес позадоволна Јас сум презаддоволна од ВИП бејби сега почнав да ги користам , имав проблем со други пелени , ја стегаа ластичињата на препоните и имаше црвенило, со овие пелени пробав и да ви кажам задоволна сум поздрав.
А во која аптека ги има вип пелените ? Инаку ми се случи 2 пати памперсот дење да ми пропушти ... и тоа двојка која нема шанси да е мала . Се зачудив!!! Инаку кога пропушташе беше какана многу кај моево бебче оди вака има 3-4 некакани пелени и потоа наеднаш многу кака ама сме на вештачко дали на други кои сесамо на АД им се случува ова ? И еднаш на сопругот му пушти само мочкана ама има шанси дане јанаместил добро пелената па не знам . Сакав и да парашам ластичињата што се меѓу нозете имаат навнатре како продолжение од пеленката тоа останува внатре или треба да се вади надвор ?
Јас за почеток земав Pampers premium care за новороденчиња од Космо,ми дојдоа гратис со ваучер што сум собрала поени ( многу си се радувам на гратис награди)и најмногу ме бендисаа од целиот избор во Космо, а за во пракса ќе пишам за некоја недела кога ќе почнеме да ги користиме.