Каде ги купувате Памперс премиум кер? На маж ми во Зегин му рекле дека воопшто немаат такви, па земал актив драј НО кога ќе се наполни пеленката со мочки дури преку алишта осеќам влага. Памперс купуваме за замена, кога во моментот ни снемало пелени од нашите (користам Бејби лав). @Novaaa и моја препорака за марамици Виолета 99% вода, Хип, Памперс или Бејбилов (на Дм).
Има и во зегин памперс премиум. Најчесто во еурофарм земам, ама имам земано во зегин, посебно кај мајка ми ако бебе кака повеќе од планирано и немам доволно со мене.
Значи веројатно во нашиов Зегин нешто не им носат. А огромен дуќан е, баш чудно. Тогаш следен пат ќе барам во Еурофарм.
Какви се тие еко пелени?Може слика или линк да ми пратиш?Другарка во Англија користи еко пелени со природни материјали и се многу популарни не знам кај нас каде ги има сакам и јас такви да користам за бебчето.
Во дм на бејбиливе и на памперс сплешерс. Има сите броеви како и пелените. Има на дм, ама многу чуден модел и нас не ни се погодија. А и како да не ги носат, останати по само некое паковање по рафтови има.
Сега бев до ДМ ама не се такви како што мислев еко пелени се за повеќекратна употреба што се перат од еколошки материјали такви во англија другаркава вика мн се популарни и модерни ама кај нааас тешко вајда такви да има..
Зборот еко ептен збунувачки Дали економични или од еколошки материјали Такви какви што бараш гледав едно време ги рекламираа Локо Кроко, да прашаш кај нив. Една пелена беше чинам 500 ден.
Веројатно мислиш на вакви ?!? Гледав и на уште едно место само да ја најдам страната. Тие беа ептен така шарени дизајнирани -џиџе- Едит: За другите беа во Локо Кроко ама веќе си проверила кај нив. Епа само за овие на сликата горе за други не знам .
Ти економични бараш Ти ставиле сличе погоре. Само тие сум ги видела. Инаку тие што користите пуфис, во еурофарм се 535 денари. Стљндарно пакување.